Сум била неколку пати на шопинг, али не би идела повторно. Ај добро е што се ќе ми купи што ќе ми се засвиѓа, али ме брза човеков со 300 на саат да одберам нешто. Така да некогаш се случува и да купам нешто што не ми се свиѓа, туку онака ради реда што се вели.
Ако одев со него во шопинк, уште ќе ја носев одвратната ми розева боја со барбики и срциња. Така да не идам со него, туку со мама. Додуша јас и немам татко, во вистинска смисла на зборот, имам еден човек што ми се прави дека е татко, ама не му успева, боље да сум на комшијата дете отколку на овој..
Дефинитивно е најдобриот. Кога ќе влеземе во продавница тој ќе си седне , а јас ќе си пробувам и ако нешто ми се допадне ќе ми рече : Го скааш? Земи го! А кога сум со некој друг се нешто маани наоѓаат ,а тоа ме неривра и така да со тато шопингот е најдобар!!!
Никогаш, никогаш, никогаш!! Освен како помала кога излегов со него да ми купува патики. Ме тераше да земам два броја поголеми за да ми дишела ногата и да сум ги носела подолго зошто биле скапи -.- Едит Да си го прославам 1000то мислење
дааааа.си седи тој,јас си пробувам тоа што ми се допаѓа го земам а тој плаќа без да коментира дека било скапо или не ми стоело.
кога бев малечка све што сакав беше мое таткоми беше најдобриот татко на светот и сеуште е само што повеќе не се согласувам со него добро...
сум била и све нешто бира мене што не ми се свиѓа и после мора да коментира зошто па убаво е вака така бегај
Уживанција е со татко ми. Нема да ме предомисли сто пати како мајка ми, тоа е еден плус. И воопшто не ги жали парите, иако јас сум сосема спротивно од тоа, внимавам на цени. Ама не би го носела по цел ден со мене на шопинг. Греотка е да го влечам во секоја продавница, кога знам дека му е здодевно (иако не го покажува тоа). А за погодување сам да ми погоди, баш и не знае. Сум го забележала неколкупати се обидел да ми покаже нешто "дали ќе ми се допадне", ама ретко погодува. Инаку го сака она што ќе го одберам. Ми го почитува вкусот. Обично јас сум таа што нему му погодува работи за облекување. Со него ми е најголемо задоволство кога треба да се купуваат намирници. Тој памети се што треба да се земе, а јас само внимавам на цени, рок на траење и ставам во количка.
Јас го земам татко ми да ми купува тој ништо не вели колку и да е скапо нема да ми рече ништо ама ретко да дојде работа имал таму бил ваму.... а иначе сакам да биде со мене.А и со мајка ми скоро секогаш...
Темава ме потсети на детството, едвај чекав да се одобороволи тато да дојде со мене во шопинг, секогаш сум си ги добивала нај убавите патики, јакни, ролери ... се согласувавме потполно за разлика од мајками со која уште во првиот дукан почнувавме со вриштење ... утка со него немам направено никогаш се што сум купувала било нај фраерско, и кога ке ми го видел фацичето ( а знаев да се упикам) го добивав и најскапото што било нај убаво (и нај слаткото беше кога се криевме дома дека не сме потрошиле много ) ... е времињаааа
Ова е невозможна мисија. Пробавме еднаш, кога требаше да купувам за матура, сите фамилијарно и после пола саат продолживме јас, сестра ми и мајка ми. Татко ми си отиде на гости и само дојде да не собере после. Нема нерви да шета по продавници. Кога треба нешто за него или му купува мајка ми онака на среќа(ова многу го мразам ), или првото што ќе му се бендиса, а воедно и ќе му биде таман одма го купува независно колку е пари.
Јас подобро би отишла со тато на шопинг отколку со мама. Уживанција е со тато. Земам се што посакам додека мајка ми само вели скапо е, не е убаво.
Терсене ми е татичко за многу работи, и искрено ама најискрено не можам да го замислам човекот да доаѓа во шопинг со менe, да ме чека пред гардероба и да кажува што и како ми стои, не знам едноставно ми е многу awkward. Можеби ко помала сме купувале заедно патики и чевли, за друго не се сеќавам. И порано групно пазаревме во Орка цела фамилија 1-2 годишно, и ете тоа бил заедничкиот шопинг со него. Нема против ништо што ќе купам, му се допаѓа мојот стил, и знае честопати да ме пофали како: `Кукла на тато, леле леле девојка моја кога порасна, од кај ти е па сега ова, што убаво ти стои ...` Абе татина маза сум јас.
Тоа е тој вистински шопинг кој увек се крунисува со пивце и мезе!!! Влагаме,скенираме,излагаме,нема цепидлачење,објективна оценка,све се завршува у рок саат и пол и чаааааао!
Шопинг? Само ако се однесува на пазар! Да да. Тате е љубител на земјата ем плодовите нејзини. Ко мала ме возеше на задно седиште на точак, и буткајќи го по пазари, мирисавме борании, еднаш ме измеша со друго дете, па ме бараше низ зелки и бостани. Не, тато не е шопингохоличар. Си ја иам мама за таа намена
СО ЗАДОВОЛСТВО би идела со тато на шопинг ке појдам по една раб а ке земам уште 9 и ке добиам и некој поклон некое парталче или чевлички али недај боже со мама одма тука тоа не ти стое има замерки за се живо