Шопинг со тато.....просто несфатливо ми е ова. Многу ретко доаѓа со мене и мајка ми на шопинг. Едноставно, нема трпение да не' чека со саати мене и мајка ми пред една продавница Но затоа, има вкус, и за разлика од мајка ми, секогаш дава искрени коментари и забелешки во врска со она што сум го купила Не дека не би ме дружел ако го викнам на шопинг, никогаш за ништо не би ме одбил, но знам дека тоа за него ќе биде измачување, не сакам да го малтретирам.
I'm pleased. Нема подобар шопинг. Или сама или со тато. И ми се чудат, и ич не ми е гајле Секогаш искрен. Не вели не, макар и милион парчиња да побарам. Не го злоупотреувам тоа никогаш, само што ми е многу поопуштен шопингот. Стручното жири ако одобри, тогаш на сите им е убаво. Daddy rules
Обично кога одиме на одмор заедно, или на викенд негде, одам на шопинг и со него и со мајка ми. Не се сеќавам дека сами сме биле некогаш. Ама секогаш кога е и тој со нас, завршувам со облека што нема шанси да ми ја купи мајка ми ако сум само со неа
На шопинг со тато одевме кога бевме мали. Е тогаш и не бевме пребирливи, па ќе земевме што и да ни одбираше тој. Чудно е навистина, кога бил млад каков стиил ееј.. Џон Траволта бе И евентуално се освестивме и се решивме за мама. А сега на шопинг одам сама. Таман работа со мајка ми, за сешто ќе мрчи.
татко ми кога треба да си купи нешто обично одам со него. кога јас си купувам,тогаш татко ми само плаќа и чека ред на каса ) а кога треба да купуваме нешто за дома (сеедно дали сме во маркет, дали бираме мебел или лустери) е тогаш и двајцата уживаме
Не е невозможна мисија, ама реткост е шопингот во последниве години со него. Освен ако не не носи во Солуна града нас жените, ама тој со весникот си пие кафенце и јаде гиро. Ако го прашаш за совет дали да се купи нешто секогаш одговара ДА, за да те откачи и не го замараш. Ко мала многу сакав да одам со него да купувам бидејки мајками секогаш гледа поефтино да се земе, за тато нема проблем ако ми се свиѓа, зимај и да си одиме и да јадеме Последно беше лани дојде да види како ми стои капутот да не ја чекам мама. И ми даде да пробам 2 броја поголем, па еден број поголем и не можевме да се спогодиме кој ми е точен Требало неколку броја поголем ради џемперите. Неколку Само знам дека што и да му покажам дека сум купила го смета за безвредно парталче, а за штикли се чуди како ќе се движам Како и да е не се срамам да го викнам за совет, ама да го малтретирам него на шопинг за нешто и да се мрцвари саат два три со мене не не не, немам срце тоа да му го правам
Ретко шопингувам со него од проста причина што тој е како повеќето машки, многу нетрпелив да шета по бутици. А, кога излезам со него, `не питај за цену`, не знае како одат цените, па фрла пари, не прашува. А, знае и да ме изненади, ако купам фармерки, да ми рече: сега не бараш маица за на фармерките? Иако е чиста реткост..... И секогаш ми досадува дека `не знам што имам во гардеробот`.
Ретко шопингувам со него од проста причина што тој е како повеќето машки, многу нетрпелив да шета по бутици. А, кога излезам со него, `не питај за цену`, не знае како одат цените, па фрла пари, не прашува. А, знае и да ме изненади, ако купам фармерки, да ми рече: сега не бараш маица за на фармерките? Иако е чиста реткост..... И секогаш ми досадува дека `не знам што имам во гардеробот.
До мои 15години тато беше мојата главна придружба за шопинг. Потоа тоа се смени, почнав сама, а тато беше против голите половини, па не наоќавме заеднички јазик Сега ужасно се нервира кога ме гледа во хеланки, за него тоа е неприфатлива мода А секогаш кога ќе купам нешто, или пак ако имам можност да го земам дома да го пробам, он е главниот член на жири комисијата. Гледам малку се смениле работите во последно време, некако тато ме вика со него кога он треба нешто да купи, нормално младината има главен збор за новата мода
Јехеее татоо..го обожавам Сака да бидам убаво облечена и секогаш најубавите совети ми ги дава во врска со облекувањето. И повеќе пари ми дава кога одам со него,а и јас самата многу убаво и слободно си се чувствувам кога шопингувам со тато
Со тато можам да купам СЕ шо сакам ... Да НЕ ГЛЕАМ НА ЦЕНА и и да не ми стои убаво ќе каже дека ми стои ... Си го сакам татичко и сакам шопинг со него
кога одам на шопинг со тато сееее ми дозволува да си купам и анко неќам сам ме нуди.....тато ај купи си ова еееј види ова колку убаво би ти стоело...го обожавам шефот мој
нема поубаво, ти купува се што сакаш и нема маани за никое парче кога сум со татко ми имам повеќе самодоверба бидејчи секогаш знае да извлечи најубави комплименти за секое пробано парче облека
Никогаш! Одма ќе му биде досадно, ќе почне да шешта нервозно навака-натака и едвај ќе чека да си замине.
Со татко ми одам само кога купувам чевли. Незнам како би било тој да оди со мене кога купувам облека. Постојано ке ми вели како тоа не било добро, неквалитетно, скапо, многу пари сум трошела, бла бла бла...
Не одам од причина што е нетрпелив. Единствено може за патики кога купувам. Понекогаш кога оди на пат знае да ми купи нешто и ми погодува
Најубаво нешто! Толку смеење, глупирање и зафрканции.. Купувам што сакам, колку сакам и без ограничување во цена. Тоа ми е скоро најубавиот дел! Знае да даде совет, што ми стои а што не, го почитува мојот стил и моделите повеќе ми ги избира тој. И кога оди во странство ми носи многу убави парчина, дури поубави од тие што сама би си ги одбррала Едит. Заборавив да кажам, секогаш кога оди по нешто мене ме вика. Заедно купуваме. Вчера на 40 степени доклавтавме низ град, купуваше фармерки.. Најубав ни е шопонгот заедно! Во главно ист стил фураме а ги слуша моите модни совети. Пред излегување секогаш ме вика да му направам една убава комбинација Цар е бе, си го обожавам!