1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг со тато

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cveke123, 26 мај 2012.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Одев ко помала, сега не, ич не е трпелив и само да не се шетало многу, во првата продавница нешто шо ќе бендисам ако е скапо ми вика земи го ако те бендисва само за да не шета :D
     
  2. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Не, тој не сака да шета од продавница во продавница, првото што ќе го пробам одма ми вика ајде земи го, и затоа не сакам да одам на шопинг со него :)
     
  3. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    694
    АУУУУ најубаво ми е со тато во шопинг ;)
    иако сум мажена се усте сака да ми купува како што ми купуваше кога бев мала.
    Било кај да сме дали заедно или сам е на пат обавезно се врака со полни ќеси ;)
     
  4. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Бидејќи сме ист тип на луѓе, важи правилото да се купи првото што ќе ни се допадне.
    Кога одам со татко на шопинг(тоа е за тренерки,јакни,патики и најчесто нешто спортско и секојдневно) тој го предложува најдоброто и не гледа на цена, за разлика од мајка ми која по дифолт ќе ми понуди нешто од поефтиното(но за тоа друг пат), и јас пробувам. Ако ми се допадне како изгледа на мене, автоматски го купувам без размислување и двајцата сме задоволни. Јас сум се подновила, а тој поминал брзо и ефикасно.
    Во последно време забележувам дека и тој ме вика со него да видам нешто што му се допаднало и планира да го купи, па бара мое мислење. :angel:
    Со тато се согласуваме подобро во се, па и во шопинг, независно што сум девојче. Иста сорта бе. :lol:
     
  5. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Со татко ми мн ретко сум била во шопинг и тоа се било на брзање затоа што тој немал време и живци да ме чека да пробувам ама пак затоа со мајка ми кога одиме во шопинг е права уживанција, имаме сличен вкус и веднаш си наоѓаме се што ни е потребно.
     
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Има предобар вкус и за шопинг е супер ама ретко кога доаѓа со мене досадна сум била тој сака во една продавница и толку :D А што сум купила во негово присуство со години го носам :)
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имам одено како помала, ама сите заедно туто комплето. Некогаш има добар вкус и знае на двајцата да ни се свиѓа некое парче облека. А, некогаш е критичен(што многу ме нервира посебно ако јас се бендисувам) знае да ми рече: "Е ова не ти е малку тесно?" или "Не ти е мало ова".
    Ама како и да е, да го земам под рака и со него да шетам од продавница по продавница не би сакала.
    Многу време ќе ни треба да се спогодиме, најчесто тој не чека со мајка ми пред излогот ако одиме во друг град на шопинг или си шета тој сам си разгледува за него.
    Тој вика за вас за облека пари не жалам, сте заслужиле, така да во тој поглед не сум ограничена, дава парички, ако сака тоа што ќе си го купам да го износам. А, не како последно, купив едни пантолони од 990 денари и сега не ги носам, мака ми е што ги купив. Или ќе ги носам понатака или ќе си стојат во плакарот за некои подобри денови. А, ништо не им фали, сум зацртала дека многу им е низок кутелот и дека ми се гледа задникот кога ќе седнам и сега не сакам да ги видам. :tmi: :P
     
  8. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас не би отишла на шопинг со татко ми од причина што тој нема трепение да оди со мене од продавница во продавница, додека да го најдам тоа што ми одговара и што го сакам.
    Никогаш не ми се меша во мојот избор или пак да ми прорече нешто во врска со тоа што сум го купила.
    Обично тој ќе ми даде пари и додека пазаруваме со сестра ми, ќе не причека во некоја кладилница или некој кафич, бидејќи одиме да пазаруваме во Кочани, а тој не носи со колата. Кај нас има многу мал број на бутици, а и во нив нема ништо посебно, а и тоа што го има е поскапо во однос од бутиците во Кочани.
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Со татко ми ретко одам на шопинг.Најчесто со сестра ми или другарка.
    Тој некако мисли дека уште сме мали и се некои такви работи зема.На пр. тренерки јас му велам тесни црни,а тој ми носи широки кафеави :tmi:
    А и различен вкус имаме,неќам да го нервирам човекот.
    Дај ми пари и чао :wasntme:
     
  10. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    уф обожавам да одам со тато на шопинг.Како помала одев,кога не можеше мајками.Убаво ми е со него бидејќи не ме предомислува за ништо тој само плаќа.А мајками само се мисли ова вака ,ова така, види ова она.Сега најчесто одиме заедно кога ќе купуваме во друг град.
     
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    За шопинг само со тато сакам да одам.
    Порано он ми ги „одбираше“ потпетиците. Даваше коментари како машко. - ова не ти стои, овие се многу високи за тебе, овие се..
    Никогаш не згрешив.
    По последно време забушаваме , и кога бев со него до Шутка, се раскаравме за една маица. Ја викам ќе ја купам, он не.
    И на крај ја купив. И многу е убава :D
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Лоша идеја ми е шопингот со татко ми. За се друго одлично се согласуваме и сме многу блиски. Ама секогаш паѓа кавга кога јас сакам да шетам по продавници,а тој сака да пуши цигара пред продавницата. :D Освен тоа имаме многу различен вкус, па за се што ќе предложи обично негодувам. Ми одбира преголеми броеви, со девизата пошироко-поудобно, некој машки ,спортски крој и секогаш предолги јакни и капути. :D Единственото добро е што кога ќе ми се допадне нешто без разлика што е поскапо го купуваме со цел да заштеди време и побрзо да се одмори од тортурата што сум му ја приредила.

    Затоа најпаметно ми е сама да одам на купување. А,ако сме на пример во Солун ,си имаме зборно место , купувам јас ,купува тој за себе и се наоѓаме на договореното место. И секогаш е побрз од мене. И го начекувам како јаде и си пие кафе. :)
     
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас досега имам еднаш со татко ми на шопинг отидено и тоа незнам дали беше шопинг :D
    Бевме во Куманово со роднини и тој многу не ме загледува јас само тато дај пари и иди купувај абе најубаво си поминав се што сакам си купив а со мајка ми само ќе кажува ова вака ова онака :D
     
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.737
    Пфффф .... Ова ми е најлесна работа! :D

    Еве баш денес бев со него и со мајка ми. И искрено, кога сум си дома, со нив највеќе ми се оди, знаат и што ми одговара, посебно мајка ми, и не се ни замарам толку многу. :D

    Инаку, со татко ми ми е супер, тој ме вози до продавници, не ми кажува што нему му се допаѓа, гледа јас што сакам, ми кажува како ми стои, битно мене ако ми прави ќејф купуваме и за најбрзо време си идеме дома. Како што и јас не сакам влечкања по продавници многу, најпогоден ми е за шопинг. :lol:
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Не сум била со него на шопинг, не е тај тип, ама ако ми треба пари нешто да купам он ми е најлесен за убедување. :)
     
  16. x.bella.x

    x.bella.x Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    10
    Го обожавам бре!
    Тато го почитува мојот стил и знае што сакам. Да сум со мама ке поцркам додека да купам нешто. ’’За ова си возрасна, ова ти стои широко, ти треба нешто посвечено, ова она, вака така’’ ко на рипит ги врти мама зборовиве додека ја се гушам во соблекувална и се обидувам да најдам нешто.
    Сакам спортска, лежерна облека во која ќе се чуствувам удобно. Сум направила неколку жрвти за облека ама катастрофа е ако не се чуствуваш удобно во тоа што го носиш. Можеби ми е полесно со тато зошто имаме сличен стил а и му се допаѓа кога ќе заглавам во некој подетински лук, не ми дава човекот да пораснам :lol:
    Тато не ми е критичар за да не ме разочара кога ептен ме бендисува нешто, ама му ја познавам фацата кога нема да му се свиѓам во нешто.
    Сепак, зависи од приликата.
    Сакам да купувам секојдневна облека со тато ама непријатно ми е кога купувам мини фустанче за вечерно излегување. Не се осеќам убаво кога ме гледа во ептен мини, а што е право баш си е современ тип и никогаш не замерил нешто ни мене а ни на мајка ми. Сака да се дотеруваме :)
     
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Со тато никогаш не пазарувам.А и премногу ретко се случува да ми купи нешто,тоа обично мама го прави.
    Последното нешто што ми го купи тато е белата бунда во која бев заљубена.Му реков дека е последна и нема по таа цена никаде дека е најефтина. :lol: Се излажа некако и ми ја купи. :)
    Мојот вкус одсекогаш му се допаѓал,па кога и да пробувам нешто ако мама ме критикува он ми вели дека е одлично и ми кажува кога нешто ми стои убаво. :)
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Сакам кога купуват да слушнам и машки коментар понекогаш....
     
  19. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Кога одам со татко ми, мора да одберам продавница во која има и гардероба и обувки затоа што тој несака да шета. Ако види нешто што и нему му се допаѓа, ќе ми го купи па и да не го сакам. Секогаш гледа нешто поквалитетно, па макар и повеќе пари да е. Уживанции :)
    Со мајка ми кога сум, мора да ги прошетаме сите продавници, и пак нема да си купам нешто бидејќи или е многу скапо или нејзе не и се допаѓа. :|
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    ах шопинк со татко ми убавини јас одам од продавница во продавница купувам а он плаќа и ми ги носи ќесите
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.