1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шопинг со тато

Дискусија во 'Мода и стил' започната од cveke123, 26 мај 2012.

  1. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Леле ме изнасмеа за капутите :D :D И тато е таков, но за патики. Мора да се зема едно бројче поголемо, бидејќи "уште малку ќе залади и ќе носам подебели чорапи". И да не бидам офф топик. Сакам да купувам со него. Од него (за разлика од мама која не сака да се шлае по бутици) ја добивам најискрената критика или пофалба. Како и да е, срцка е го обожавам. :inlove:
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Нема шанси, никогаш не сум била, ни па сакам да одам, не е тој тип, воопшто не се согласуваме, одма кавга некоја ќе настане. :)
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Шопингот со татко ми,беше вистинско задоволство.Нему што и да одберев се му се допаѓаше :lol: Само не даваше да купуваме кратки маички-заради половината :lol: Секогаш настојуваше на квалитет,кој за разлика од сега навистина го имаше,па секое парче купено со него беше скапо ама и квалиттено.
    Со него ги купив моите први штикли,од 10цм.Во втора средно.Мајка ми кога виде,скрена.Го тераше татко ми нареден пат кога ќе оди во Скопје да ги врати и да ги замени со ниски ,ама тој рече дека моја била одлуката и не се меша.Неуспешни и беа обидите на мама :lol:
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Обожавав кога ќе одевме на шопинг заедно и секогаш одевме во Битола сите четворица заедно - ние трите и тато :). Многу беше интересно, опуштено и откачено да се пазарува со него :) . Прво шетевме, купувавме, а потоа седнувавме некаде да јадеме.
    Скоро никогаш не не' брзаше или да се купи првото и да се бега, иако знам дека понекогаш му беше мака да се мафта низ цел град за пак на крајот да се вратиме во првата продавница. Знам дека понекогаш се нервираше за тоа, па премолчуваше, но некогаш знаеше и малку да се побуни.
    Тој секогаш гледаше на квалитетот пред се друго. Не беше тип што купува прескапи работи, но кога се работеше за квалитетни работи не се двоумеше. Од него секогаш го добивав најиксрениот коментар за тоа како ми стои нештото
    (како и за се друго)
    и знаев дека секоја критика или пофалба е на место. Секогаш ме тераше да пробам повеќе работи за да го изберам вистинското, дури и ми смислуваше комбинации со што би ми одговарало новото :) .
    Кога потпораснав, тој ме натера да ги купам првите повисоки чевли (сандали на плута) во втора година средно.
    Секогаш ми беше задоволство кога купував со него. Имаше навистина добар вкус и за тој да се облече, а и нас трите не советува. Ми фали тој и неговото мислење кога купувам сега.
    Понекогаш кога пробувам нешто и не сум баш сигурна како ми стои или дали да го земам, а другиве ми велат како сум сакала и мислела јас, си велам да беше тука тој да ме посоветува, сега ќе бевме седнати да јадеме :lol:
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Обожавам шопинг со тато :)
    Тој е како мене,јас не сакам многу да шетам,влегувам на едно место си земам она што ми одговара и ми се допаѓа,и за пари не го прашувам :D Имаме ист вкус.
    А мама е невозможна,никогаш она што ќе го купам не и се допаѓа,и само ме шета од бутик на бутик за да заштеди некој денар :lol:
    И недај боже да го види истото парче на друго место и + 100 ден. поефтино,тогаш ќе почни да вика,аа ете кога ти реков дека има поефтино ти се запна од таму,и неможам да ја смислам за шопинг :D
     
  6. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Одев како помала и ми купуваше се што ми се допаѓа а за критики ништо...тој само кога влегуваме ми кажуваше „избери тоа што ти е најубаво не гледај пари“. И после ми го купуваше. :lol: Срце :inlove:
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Јас го обожавам шопингот со тато, најозбилно. Не се случува често тоа, најчесто кога треба и тој нешто да си купува и да бира (претежно сака да му се купи, отколку да се "мкне" по продавници). Што сакам - тоа добивам, ама под услов убаво да ми стои, иначе нема шанси, за две секунди ме убедува - ова не е за тебе, не ти стои... Некогаш знае и самиот ако е испаднат да ни купи нешто мене и на сестра ми, никогаш не купува само за мене или само за неа, секогаш за двете. Баш пред две недели ни купи дуксери, ние не ни знаевме дека е испаднат нешто да си купи, ама купувал за себе дуксер, па ајде и за нас. :D


    Таткото кој го носи синот на риболов е за восхит, но таткото кој ја носи ќерката на шопинг има специјално место во рајот!!!
     
  8. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    и јас сакам шопинг со тато....ми кажува дали тоа што сакам да го купам ми стои или не, ми помага во изборот....а и цената не е важна, ако ми се свиѓа го земаме :) многу пати ми се има случено да ми купи нешто без да знам и без да побарам, само затоа што мислел дека ќе ми се свиѓа и дека убаво ќе ми стои...прво се лутам, не било убаво, вакво е, такво е; ама после тоа постојано си го носам :)
     
  9. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    Шопингот со тато го обожавам, дефинитивно ми е поубав отколку шопингот со пријателка (бидејќи ретко кога се искрени да кажат што навистина ти одговара), со мајками (која цело време приговара за цените) со сестрами (која има сосема поинаков вкус од мене) И ден денеска се случува да одиме заедно на шопинг, бидејќи никогаш не ми приговара за цените, ниту дали е кратко или долго, секогаш ме подржува во мојот избор и во тие малку мигови кога е тука гледа да ми удоволи на секој можен начин
     
  10. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.176
    Кога бев многу мала и тој сеуште беше жив,се сеќавам заедно купувавме се :)
     
  11. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Нееее.. |( :envy: едноставно не тој не има мој вкус не прати модаа....уффф со мамичка по би се сложила.. :)
     
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Па јас кога треба да одам на шопиг повеќе сакам со тато.Со мајка ми немам исти вкус,а со тато имаме исти вкус.Што и да ми се свиѓа на мене,мајка ми не го свиѓа и се наоѓа некои мани.Така да најубаво ми е кога одам на шопинг со тато...
     
  13. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    625
    И покрај тоа што имаме различни размислувања за шопингот,пак би одела со него.
    Подобро со него,одколку со мајками :) Изгледа единствена сум што сакам со таткоми да одам на шопинг... :lol: :lol:
     
  14. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Со тато единствено одам на шопинг кога тој треба нешто да си купи, па може да се случи да си ќарам нешто за мене :D
    Многу ми е забавно на шопинг со него, си има две три продавници од каде што редовно пазари, се знае со продавачите и продавачките и секогаш кога ќе одиме супер си поминувам. Ако случајно нешто мене ми се допадне никогаш не ми прави проблем за цена (што не е случај со мама) и често знае да ме посоветува ако мисли дека нешто не ми стои убаво.
    А да излезам специјално за мене да купувам не би дошол зошто (како и најголем дел од машките) мрази да шета со часови по продавници.
     
  15. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Јас обожавам шопинг со тато! Ми се допаѓа неговиот вкус.
     
  16. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    повеке пати сме биле заедно али се поретко и поретко одиме бидејки умира од досада |-)
    само превртува очи ништо не си коментира ако ми се допага мене на каса кеш одма :lol:
    абе лепота :D
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Кој амерички филм е темава, или јас имам деди ишјус или некој си го живее американскиот сон во Македонија... :?:
    Мојот конечен одговор на темава е не, не одам со татичко <3 на шопинг, му се превртуваат цревата кога барам пари за нешто па би сакала да го избегнам тој прекрасен татко-ќерка момент и во јавност.
    Не оти не би ми го правел ќејфот, доволно сум свесна дека ја немаме таа врска, тој го нема џебот и јас не сакам да форсирам. А и премногу тензични моменти и ради-реда муабети би имало, евентуално делење на непотребни експертизи од негова страна.
    Шопинг општо како екскурзија ми ствара нервоза, а не пак со татко ми.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    вака единствено нешто шо сакам да одам со тато на шопинг е шо не ми преречува за тоа колку трошам за разлика од мајка ми а кога одам со мајка ми одма лелее за оваа блуза не ми се даваат 1000 ден. или сл. кај тато е јас ке седам ти земи си шо сакаш :)
     
  19. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Ау не, никако! Јас сакам да гледам, бирам, пробувам со часови а татко би за 5 минути сето тоа ..
    Кога купувам се релаксирам, несакам некој да ми врши притисок :)
    На шопинг само со жена се оди, мажите не се за тоа ;)
     
  20. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    јас со папи мој неможам да замислам да излезам да шетам,па тој ке застане со милион луѓе додека да стигниме до некоја продавница ... ама ко ке појдам со него ќе ми купи се што сакам,без разлика колку е пари..додека мајка ми секогаш ја гледа и цената .. се сеќавам дека еднаш бев со папи на шопинг и ми купи едни чизми,уствари ја ги сакав :lol: ..бев седмо одд и ги плати околу 3000/4000 ден и дома мајка ми во топ го стаи..кутриот.. оти ми купил толку скапи чизми