Наш заеднички шопинг ќе заврши за 5 минути, па после на хамбургери. Двајцата знаеме што бараме и веднаш штом најдеме купуваме нешто, а обично ја имаме таа среќа во првата продавница да најдеме што ни треба.
хехе..многоо ретко и тоа за патики или пак чизми кои по него треба да се за вакво ладно време, да се квалитетни и сл. а не за мода хех ..
Шетам, шетам, шетам... го наоѓам тоа што ми треба, го викам татко ми на готово и купувам. Може ова да се нарече шопинг со тато?
Татко ми е многу дарежлив се што ќе посакам тоа ми го купува и не гледа цена важно ми се допаднало и мајка ми е таква ако ми се допадне го купува но што да прават јас сум единица и можеби затоа толку ме мазат Иначе често одам со тато на шопинг и не ми замерува ни на пари ни на време
Само со тато,со мама никако,посебно со тато во шутка. Одиме,разгледуваме и секогаш ми го купува тоа што го сакам.Денес бевме и супер си поминав,затоа со мама никогаш.
Неее не , нема шанси Се се брза , се му е скапо , ем неможам на раат да си разгледам , така да најубаво сама Ист е и мм Кај со мажи се оди на шопинг
Хахахаах, не можам да замислам вакво нешто. Еднаш како помала купував со него тренерки, не дочека ни да се соблечам, плати и ајде брзо брзо одиме И јас кога купувам гледам брзо да завршам, не се мислам многу, ако ми се допаѓа го купувам. Ама татко ми кога оди, од првата продавница гледа, купува и толку. Нема време човекот многу многу за шетање и мислење А дечко ми пак е некоја друга спротивност, тој додека не види нешто саглам не купува. И јас кога купувам нешто, сака да види, да анализира да види како ми стои и тн. Сака да сум му убава Срце
Оваа корелација кај нас не е можна! Татко ми ти е типче што несака да шета повеќе од 30 минути, а камоли да се доближи до гондолите и да ѕирне што има на закачалки.. Боже сачувај.. Кога одиме во Солун заедно, чим стигнеме, нормално ќе сврти по еден круг низ продавниците, ако му фати око некое машко парче ќе го загледа чиво производство е, ако не мониторинг мисијата иде даље и за 30 минути го гледаш виси пред продавниците и не чека Едно 100 пати ќе оди до паркинг и ќе ја провери колата, и се останато помеѓу не чека нас, врти со очи и дува, и секако ги држи кесите Еднаш се поделивме, јас и мајками со локален автобус отидовме до центарот, а он и сестрами кружеа низ Космос и Икеа, и за 3ипол часа ниту сестрами избрала едно единствено парче, ниту татко ми, ама шта чеш- ист табиет сељ, ама затоа дури 4 тури направиле Икеа-Космос Неговиот вкус за машки работи е хај, ама ако го прашаш за нас, штикли никако, а ниска кондура- е права кондура, а ако те види пред излегување во фустанче- ти ќерко на плажа си тргнала, оди стави нешто од горе Не е од оние кои ќе ти посочи штосно парче, не па модерно или секси, нема живци за тегачење по продавници а не па да ти бара или да ти копа по облеката. Таков си е он, срцкасто мангупско човече
Со татко ми баш е забавно, ама по некое време ќе почне с'клет да го фаќа и ќе почне да ми вика што глупости купуваш, бла бла бла.... Сепак си сакам сама, дефинитивно!
Никогаш не одам на шопинг со тато. немат трпение воопшто да се замарат со такви работи, за пари давајње секогаш ми дават и сама си ода со другарка или со мама.
Одам!Можда е малку чудно,ама секогаш ми купува повеќе од што очекувам,па колку и скапо да е А и за него па кога ке најдеме нешто ептен се радувам,зашто е висок,крупен и тешко му се наоѓаат алишта.
Тато едноставно нема жифци за да дојде со мене. Поточно кажано никој нема жифци да оди со мене Оти сите продавници ги поминувам по 2 пати и во една продавница се задрзувам 30 мин. Понекогош ни јас немам жифци да одам со мене на шопинг
Тато ретко искача од дома,а не па да дојде на шопинг со мене! Само со мама и другарки,и понекогаш со тета бидејќи она има убав вкус.А и да можел татко ми не би дошол.
Јас во принцип одам сама во шопинг, мајка ми ми досаѓа да пробувам се и сешто, а јас обично си купувам што прво ми фати око. Со тато не сум била никогаш во шопинг, ама ако тоа би се случило мислам дека се што ќе помислам ќе ми купи без размислување. Одсекогаш сум била татина
Јас сум татина маза Многу му се прави мерак кога ќе го викнам да одиме заедно некаде, многу ме сака и пази и затоа сака да поминува време со мене. Кога ми се допаѓа нешто, ми вика да го земам и да не гледам цена. А мене пак незгодно ми е кога треба да плати нешто поскапо, но ќе успее да ме убеди некако. Само што проблемот е што тој никако не знае да ми го погоди вкусот Јас сум за него сеуште малечка и се мурти кога сакам да носам нешто што му изгледа за повозрасни. Знае да ми мрчи доста кога нешто одбирам и се меша, ама ќе му викнам малце: "Тато ај не се мешај, не ме разбираш" и ќе се повлече Тој не прати женска мода, сака да ми одбира парчиња и обувки што топлат, што се практични итн. а не се модерни. Колку сум се смеела, претходното лето се спремавме за на одмор и ми требаше шешир за на плажа, отидовме да бараме... Се врткаме во продавницата и јас си пробувам, сум се загледала. А он ми се избацува и ми вика: Еј види го ова како ќе ти стои. Се вртам очекувајќи некој убав шешир, а тој ми избрал капче со Хана Монтана Е ќе си умрев Се вадеше демек шеширите му изгледале за постари жени
поубаво ми е со тато него со мама се има време ако треба ќе пробам 10 пара фармерки он ќе ме чека ќе ме гледа ќе ми кажува што му се допаѓа,што би ми стоело....никогаш не ми рекол за олку пари да купиш ако ми се допаѓа ми го купува