Шоуто на Труман (The Truman Show) [1998]

Дискусија во 'Филмови' започната од annii, 26 октомври 2014.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    5.173
    Режија: Питер Веир
    Улоги: Џим Кери, Лаура Линеј, Ноа Емерих, Ед Харис, Наташа МекЕлхон.
    Година: 1998 год.

    [​IMG]

    Филм кој е инсприран од епизода од Зона на Самракот, а локацијата е Флорида.

    За содржината би сакала само накратко да ве воведам.

    Станува збор за Трумен, главната улога, кој е дел од телевизиско шоу. Всушност, Трумен е голема ѕвезда и е сниман од илјадници камери секој ден, сите негови активности, без притоа некакво сомневање од негова страна за истото. Истото шоу се емитува секојдневно и илјадници луѓе го следат.

    Во библиотеката ќе запознае девојка, во која всушност ќе се заљуби и ќе се обидува да му отркие дека станува збор за шоу и дека сите околу него се актери кои беспрекорно ја вршат својата работа, но безуспешно.

    Ќе се најде сред отворено море, со бура. Сите стискаат палци да успее, преживее, да се спаси и да излезе од актерската сцена.

    Дали после 30 години живеење во лага, ќе успее?

    Ваши критики за филмот? Ги заслужил ли 3те номинации оскар ?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.789
    Сум го гледала многу пати и секој пат си наоѓам по нешто ново што ми избегало претходниот пат.
    Феноменален е филмот, а за неверојатно добрата и оригинална глума на Џим Кери нема ни потреба да коментирам.
    Моментот на бабичката со перничето :D :D :D
    [​IMG]
     
  3. ivanablazheska

    ivanablazheska Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Mene mue super o sto pati go imam gledano