Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шпански серии

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од maja8, 18 јануари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ами не се сите шпански, има и мексикански, колумбијски, аргентински, бразилски, се су тоа теленовели :D
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Абе по правило досега сите што ги давале се латиноамерички,не знам зошто ние си имаме обичај да ги викаме шпански :^) .

    Инаку и да сакам да гледам нема на телевизија.Би било добро кога би репризирале некои постари теленовели.И така овие поновите се малку тапа.
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Сите ги имам гледа,шпанскиот го научив покрај нив :D
     
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Сега и самата си се чудам на паметот како сум можела да ги гледам, ама ете. :D
    Колку што се сеќавам ја имам гледано онаа Перегрина, ако така се викаше.
    Исто така онаа Љубов и Омраза. Всушност и не помнам како се викаа затоа што сите имиња се вртеа окулу тоа Љубов и Страст, Љубов и Казна, Љубов и Омраза. Воглавно Љубов. :lol:
     
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    5.933
    Пол:
    Женски
    Порано многу гледав шпански серии, а и сега не заостанувам многу :lol:
    Морам да ги пофалам сериите на Телемундо, бидејќи имаат одлични приказни. Не се од оние типични шпански серии на кои сме навикнале !
    Eдна од најдобрите серии на Телемундо е La casa de al lado.
    Не е од оние серии на кои сме навикнати, љубовна приказна испреплетена со мистерија и злосторства.
    Има прекрасна приказна
    [​IMG]
    Гонзало се жени за Игнасија, и за неа мисли дека е жената на неговиот живот. Но уште на денот на нивната свадба почнуваат да се откриваат тајните на семејството Конде .
    Гонзало почнува да поставува многу прашања, а одговорите може да ги најде во куќата од спротива.
    http://www.youtube.com/watch?v=LEHqKZdx ... re=related
     
  6. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам,прекрасни се..
    Порано од ко ќе седнев пред тв станував само за спијање :lol:
    И сите актери ги знаев како се викаат :D
    Турскиве ич ги неќам!
    Омилен ми беше Ел ростро де Аналиа..
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      8,9 KB
      Прегледи:
      226
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Сите тие мексикански,колумбиски,венезулески, аргентински, бразилски ние си ги викаме шпански :)
    Инаку прави шпански,од Шпанија беа само неколку на Мтв ги даваа, и исрено мене ми беа далеку подобри :)
    Шпанскиве се познават од километар, подобри глумци и она неизбежното меко с :) , се слуша како тх.

    Серанови на а1 беше мислам, прекрасна серија :) Крајот до ден денес го памтам
    [​IMG]

    Ун пасо аделанте,мислам дека ја даваа на Мтв,серија со играње беше знам, ама Македонска работа, не ја дадоа до крај,изгеда не ја имаа докупено :(
    [​IMG]
    Лола ми беше срцка и сестра и на Пенелопе Круз,мене дури повеќе ми се допаѓа од Пенелопе.

    И мојата омилена, Компањерос
    Мислам дека таа прва ја емитуваа мене ми беше многу симпатична :)
    [​IMG]
    Песничката беше врв, ја обожавав :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=mAcVJalrKek

    Имаше уште многу интересна во Црна Гора ја даваа, соседи беа сите во една зграда живеа,комедии беше :)
    И ја заборави онаа Ла лола, што беше машко, женско, Лало, Лола,смешна беше како и да е :D
    [​IMG]
    типчето беше хот :inlove: мора да признаам
     
    На rhcpfan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Сега не опседнаа со индиски и турски но наоѓам време да погледнам и нешто шпанско.Гледам Клон.А кога ќе се сетам се и сешто сум гледала од Касандра па Есперанса па Росалинда,Руби.... :?:
     
  9. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    50
    Порано имаше една серија со еден човек (сите мислеа дека е вампир) кој шеташе само ноќе бидејќи неможеше да излегува на дневна светлина. Кај него дома ќе дојде жена само што излегла од затвор и тој ќе ја заштитува. Таа има и 2 машки деца близнаци кои имаат посебни моќи. На крајот жената ќе биде со чичкото на децата. Знаете како се викаше оваа серија? Хелп :(
     
  10. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    La viuda de Blanco,имаше и колумбиска и мексиканска верзија.Мене лично многу повеќе ми се допадна колумбиската.
     
    На oceangirl и Ale.Ambrosio4 им се допаѓа ова.
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Да Да, вдовицата на Бланко,со Освалдо Риос,многу беше интересна серијата
     
    На kathy es, aaaaa, oceangirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    70
    Ја има на youtube.Мариа Хелена Доеринг и Освалдо Риос the best,one and only:)
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  13. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Изгубија популарност веќе, барем на овие простори. Не ги сакам многу, но мора да признае човек, колку и да се работеше за глупава сплетка се се одвиваше логично и хронолошки добро-обработено, за разлика од турските серии каде битно е само нешто да се дешава, а очигледно не е битно што и како.
    Шпанскиот е башка, усовршен како втор мајчин.
    Денешните деца со синхронизацијата можат да научат само како поизвештачено се говори македонски. А очигледната 'разлика' помеѓу 'доброто' и 'злото' во турските серии да не ја ни споменувам ЛоЛ
     
    На mims-89 и sanjalica им се допаѓа ова.
  14. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    ох колку ми недостигаат, да можам би ги гледала пак сите до една од почеток, најмногу ја сакам lasoz de amor (со 3те близначки марија гвадалипе, марија фернанда, и д бест марија пола :D ). еее колку убави времинја беа тоа, сеа со турските кај цело време облачно е, па и јазикот неможе да го научиме, кога ке ми текне од шпанските какви плажи сме гледале (посебно на серијата акапилко ако се секавате, и сијело со габриела спаниќ)има многу ако почнам да си тагувам за шпански серии ќе пишувам до утре :D.
     
  15. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Ayyyy. Многу ги има. :lol: почнувајќи од Касандра,потоа Руби, па Перегрина, па Поштенски Код, па Анастасија.....многу ги има на некои не се сеќавам ни на имињата. :lol: ноо... многу ги има и закон беа сите. :* со тие и пораснав. :)
     
  16. selly.gomez

    selly.gomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    42
    Порано ја гледав Росалинда, ама сега сите ми се многу досадни и ме иритираат, во сите е истото, и главното: слугинката секогаш испаѓа дека и е мајка на некоја шмизла :@
     
  17. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    Леле сите ги гледав, неможев да достигнам :D , од таму мене ми е љубовта кон шпанскиот јазик кој доста добро го усовршив, сега си ја учам граматиката, за да знам и да пишувам, иначе баш би сакала да дадат сега и шпанска серија некоја нова, мака ми е да ги барам на нет веќе :$ ... преку глава ми се турскиве ни една не гледам веќе :puke:
     
  18. minimax

    minimax Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    22
    Последниве неколку години излегоја баш интересни шпански серии во кои содржината не е од типот слугинката е мајка на главниот лик но нашите телевизии се многу оптеретени со турските сапуници па ги подзаборавија шпанските серии најдобро само американски серии нека емитуваат најдобри се
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    еееех Руби Руби.. колку научивме од тебе :P
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    КАКО ИЗГЛЕДА СЕКОЈА ШПАНСКА СЕРИЈА?!

    Во почетокот Габриела живее во штала, нема една нога, слепа е, глува, неписмена сиромашна. Нема ниту за храна па мора да jaде песок.

    По 100 епизоди Габриела и гледа и слуша.

    Во 120-тата епизода и израснува нога.

    Во 150-тата епизода станува директор во банка.

    Во 250-тата епизода добива напад на слепо црево, и сите мажи во серијата плачат.

    Во 300-тотата епизода дознава дека има татко, брат, мајка, очув, јатрва и свекрва и тоа сите се могу богати, а со самото тоа таа е богата наследничка. Сите мажи во серијата плачат.

    Во 312-тата епизода се дознава дека мајка и умрела кога таа се родила сите плачат, особено машките ликови.

    Две епизоди подоцна банката која ја води банкротирала, сите ја мразат, таа плаче, сите во серијата плачат. Плачат и сценаристот и режисерот.

    Оваа епопеја трае скоро 20 епизоди.

    Во 340-тата епизода се враќа во шталата во која се родила и таму гатачката и вели дека ќе има среќа во животот. Плаче Габриела, плаче гатачката, плачат сите мажи во серијата, плаче баба ми дека ја прати серијата, плачам и јас зошто на Габриела конечно и тргна.

    На крајот, после 500 епизоди пророштвото се исполнува, мојата баба почнува да следи нова шпанска или турска серија во која, на почетокот Лусинда живее во штала, нема една нога, слепа е и глува…