порано се утепав од гледање шпански серии а сега турски клон онааа лани на сите што играше не ми текнува на името главна машка улога беше вилијам леви... моментално на овие ми текна.... драга непријателке...
Абе братче Шпанските серии едно време цело маало ги гледавме. Особено `Ангели`. Ауу јас Мар, другарками Сијело, па дургата Јасмин. Абе филмови..
Дај бе нека дадат некоја шпанска,да ја разбијат монотонијава од турскиве,и недај господ да е синхронизирана,сакам да учам шпански,тамам ми тргна они ги прекинаа серииве
Сум гледала премногу, можам да набројувам до утре. До душа не се шпански туку јужно амерички. Ретки беја оние кои имаа малку поразлична тема од останатите. Многу се повторуваа во содржината, љубовна приказна меѓу сиромашни и богати, препреки во љубовта и љубовен триаголник. Потоа лажни родители, богато потекло и наследство. Но како што реков имаше исклучоци. А за јазикот и јас си го научив благодарение на нив
Ау не да ги гледав,дури не памтам кој ги имам гледано.Со ред сите.Опседната бев со нив.А и јазик бре научив Ај да видам на кои наслови ќе се сетам:El rostro de Аналиа,La tormenta,Tormenta en el Paraiso-Рајска бура ли беше(србски како Олуја е гледав),и една многу гледав убава со Хуан Кристобал и Паулина.Ама да ме утепаш името не ми текнува.Heridas de Amor-Љубовни Рани. Еј замислете Алехандро ми беше симпатија(сега си му се чудам на мозоков) La tormenta, Amarte asii - Барајќи го тато. со детенцето Фрихолито,а Игнасио љубов платонска ми беше хахахаха Клон сега последно што беше емитуван,Перегрина...е на другите наслови не се сеќавам а гледав многу.Ги гледав и Серанови,Ангели,некоја епизода од Млади Бунотвници... Сакам пак да гледам вакви серии навистина,јас пораснав со нив и ми фалат. Инаку омилени ми беа Amarte asi и оваа Heridas de Amor,ама оваа Амарте аси не заменлива ми беше. еве ми го убавиот душичка слатка
Спојлер Јао Игнасио, сум се отепала од барање дури го најдам актеров по толку години хаха, љубов платонска богами...Маурисио Очман Го имаше во повеќе серии.
Лелеле колку ми фалат тие серии на Пинк од 3 до 8 пред телевозор секој ден од распустот нема мрдање сите треба да се изгледаат ги памтам само Ружна Лети,Анали,Триумфална љубов,Ајмар,таа со трите сестри и трите браќа,Ангели...незнам многу ги има не ги памтам.А сега турскивее не утепаа
Млади бунтовници,Руби,Ангели,Ружна Лети,таа со трите браќа и сестри,Серанови,Касандра и уште десеттина други минимум. Со овие пораснав, баба ми ме навлече, пратевме се-од прва до последна со се реприза повремено. Немав омилени, сите ги сакав подеднакво, па јазик со нив научив. Сега веќе и сум подзаборавила-ми треба потсетување за да зборувам,ама сеуште разбирам се.
Навистина некогаш ми недостигат овие серии сите на ред ги гледав и на пинк и на нашиве телевизии ниедна не испуштав. За овие турскиве немам мерак да ги гледам многу
леле бе ке кажете досадни беа една по друга како сега турскиве и индискиве али да дадат по некоја спанска серија пак уххуууу сто убаво ке е...инаЧе сум гледала многу..касандра..есмералда..близнаЧки...млади бунтовници....ангели....сјело...љубов и одмазда.........................................................има устееееееееее
ехее многу се..Amarte asi , Tormenta en el Paraiso, La tormenta, La Madrastra , Rubi, Muneca Brava со мили, Peregrina, Mundo de Fieras со двајца близнаци што беше и љубовта на паулина и хуан кристобал ,Mar de Amor со естрела и виктор мануел, Еl rostro de analia , Mi pecado , Cuidado con el agel ,Angeli, Mana es para siempre со фернанда и едуардо, Triunfo del Amor , La fea mas bella со лети ,Sortilegio , уште многу се ама не ми текнува на имињата,баш бисакала и сега да даваaт шпански серии!!!
Имате две нови шпански серии на МТМ телевизија. Едната се вика Аурора, другата Слатка тајна. Првите епизоди се.
Лееллее.. на времето кога имав околу 10 години .. кога ќе седнев пред телевизорот .. Од сабајле до вечер .. само ПИНК .. репризи, нови епизоди .. се тоа се следеше .. А и многу бев заљубена во шпанските серии .. Сите ги гледав..прекрасни ми беа.. После неколку години ја сменивме кабелската мислам и немавме едно време пинк и така не можев повеќе да ги следам и си ја прекинав врската .. . Сега веќе не гледам ниедна, но кога ќе видам некоја реклама, сега кога имаме Пинк не можам да останам рамнодушна.. Би сакала повторно да си загледам некоја онака од почеток ..
Има една шпанска серија си ја гледам на ХРТ1-Наследницата од Вендавал Ја даваат од понеделник до петок во 12:35 часот... Само турски серии застапеност на телевизиите наши,дајте малце шпанско
Ллелел понекогаш ме фаќа носталгија за шпанскиве серии. Ме потсеќаат на старте добри времиња, на убави моменти. Одамна немам гледано некоја шпанска серија, а би сакала да гледам.