И јас ја барав оваа серија но никаде не можам да ја најдам за да ја гледам дури ни без превод , можеби знаеш некоја страница ?
И мене ме фати некоја носталгија за шпанските серии, многу ги гледав, дури и репризи, ако сум ја гледала епизодата претходниот ден. Сега си ги изгледав Rosalinda и Pobre diabla, си барам некоја наредна
Касандра, Росалинда, Есмералда, Есперанса, Дивиот ангел, Качора, Барајќи го тато, Злобница, Перегрина, Млади бунтовници, Засолниште, Ангели, ФМ04, Љубов и омраза... Многу имам гледано. И шпанскиот јазик го научив до некој степен.
И јас сум љубител на шпанските серии.Ми недостигаат.А каде можам да се обратам за повторно да ги даваат и тоа без сихронизација?
Ангели ми е омилена шпанска серија.А иначе моментално ја гледам и Esperanza Mia,многу е добра,комедија..Ви ја препорачувам
Ја гледа некој Patito feo на Ultra. Се работи за деца во едно музичко училиште . Оваа ми е омилена песна, не можам да престанам да ја слушам.
Јас домаќински си ги изгледав Сјело и Марко Дуран месецов, така маратонски по цел ден. Преубава шпанска серија. Најмногу ми се допаѓа затоа што немаше од оние класични селанчурии што живеат по квартови и оговараат. Се на ниво. И градчето Сан Карлос на гугл мапс го посетив дури почнав после Узурпадора да ја гледам, ама ме примрзи до 8ма епизода дојдов. И се мерачам на таа со трите сестри близначки Лусеро (Барбара Греко) кај што ги глуми, ако има помалце епизоди ќе седнам да ја гледам. Што мислите вие, на крајот, која од сестрите преживеа ?
Ако мислиш на Lazos de amor со Луцеро, обавезно да ја гледаш. Lucero e феноменална во трите улоги. Сега ќе снимале и нова верзија со Аngelique Boyer. А, за тоа која сестра преживеа , мене ми се чини го оставија тоа на гледачите. Тие да решат.
Јас мислам дека Марија Паола умре. Затоа што, мислам дека немаше време толку брзо да се преправи во Марија Гвадалупе, и Марија Гвадалупа да је преправи во себе и да намести се, со коса и шминка. Еднава со фенирани репови, другава виткана коса, во тоа време сигурно немала пегла за коса при рака хаха! Плус и слепата сигурно ќе слушнеше дека нешто се случува. Мислам дека Марија Паола умре, сепак, ама направија така за ете да не збунат и да биде интересно. А која е Аngelique Boyer? Монсерат ?