руби 3 пати ја иам гледано еднаш на а1 еднаш на скајнет и еднаш на пинк и пак би ја гледала без да ми стане досадна
Не гледам Шпански серии. Пред 2 години не ги пропуштав сеа не ми се интересни оти сите се ист шаблон правени
Lani letoto koga bev na dieta i nemav sto da praam,zemav i se fokusirav na spanski serii i hrvatski isto taka.I na den gledav po 8-10 saati TV [mod-kirilica:3kumeua4][/mod-kirilica:3kumeua4]
Јас секој ден си викам ај да почнам да го гледам оти така интересен ми е по овие рекламите, а и глумецот е , ама еве и сега е на Сител па јас пак тука си седам ....
Го гледа ли некој Mar de amor на Пинк плус. Ако има таков нека пише што се случи во вчерашната епизода бидејки не можев да го гледам
Леле неможам да ги смислам тие шпанските серии, а сеа у поново време и турските... неможам да ги сварам!! едино шпанско што сум гледала е млади бунтовници и дивиот ангел, и тоа како мала..4 одд.. неколку пати имам седнато да зеам демек да пратам абе неможам и неможам..и фала му на Бога поради тоа..
Повеќето имаат релативно иста содржина затоа и не ми се допаѓаат. Девојката е секогаш слугинка , вонбрачна ќерка на богатиот газда кој се заминава од страна со дилање и сива економија. Едно од децата е украдено , има некој во болница и во затвор неизбежно.Многу швалерај и класични заплети. Завршува среќно откриваат дека не се близнаци као што мислеле се земаат и живеат нормално. Исклучоци ..во моментов само на Руби можам да се сетам , единствено таа обработуваше нешто по различна тематика
Шпанските серии не можам да ги смислам а па да ги гледам.... не можам да ги сфатам тие што гледаат Ангели(Casi Angeles)толку ми е дебилска серијата
Леле тоа Ангели уште ли го има? Море немам време иначе како би си гледала шпански серии... Незнам некако мерак ми е да ги гледам и да не читам превод, затоа што од нив сум научила шпански 90% хахха
Многу ги сакам „шпанските„ серии.Нарочно напишав „шпанските„ во наводници бидејќи најчесто тоа се серии од Колумбија,Мексико,Венецуела,Аргентина...Единствено заедничко им е шпанскиот јазик. Многу шпански серии досега имам изгледано и 2 ќе одвојам како најдобри до сега што сум ги гледала,а тоа се Анали(El rostro de Analia) и Руби(Rubi). Но Анали ми е во душа,прекрасна серија и 2 пати ја гледав.Првиот пат ја гледав премиерно на Сител,а потоа ја гледав и репризно на Сител3 и баш пред 3 недели заврши на Сител3.Да ја даваат и трет пат пак би ја гледала,едноставно прекрасна серија и никогаш нема да ми се здосади од неа. Во Анали има многу необична и невидена приказна досега и не е воопшто како другите шпански серии. Еве ќе оставам 2 клипа од ју туб со серијата Анали,интересно се направени клиповите,и ја раскажуваат приказната во серијата. Кој ја гледал Анали нека прокоментира нешто за неа. http://www.youtube.com/watch?v=pXJXz46sljY http://www.youtube.com/watch?v=_TtsyR4xYig
Шпанските серии се да ти го перат мозокот,затоа и младинава сега е таква станата,па се се учи од сериите,интриги,местенки,оговарања,богатите секогаш успеваат... Затоа оние поНЕистакнати деца(да ги наречам) или по не финансиски способни немаат другари,се е тоа прифатено од сериите. Иако не велам дека нема поучни работи,сепак преовладува романтиката
Порано многу ги гледав,сега досадни ми станаа ептен.Се едно исто-па исто.Цело време дејствието се состои што има некоја тајна,па после се открива, и цело време се караат,смируваат,а на крај сите среќно омажени и заедно до крајот на животот.Абе смешки..
Драги мои да ве почестам со една песничка и да ви вратам спомени <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/rQ9xArFbDzY?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/rQ9xArFbDzY?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>
Леле овие со пинк 15 што ни направија, не не оставија сериите да си ги догледаме . Многу си ја сакав и си ја гледав диабло серијана, срце ќе ме трефнеше ко видов дека нема да ја даваат на пинк 15.
Axx...Колку имам изгледано.... Сега баш немам време за нив а и со овие турските... Македонија ги занемарува шпанскиве *** Моментално ја гледам Иза,и кога можам Акапулко x2 пат и Спонзоруши x2 (епа интересни ми се ) *** Турските се убави,не велам не...но шапските ми се во срцето..