Да не знае некој освен на јутуб кај можам да ја глеам Las chicas del cable или Cable girls како повеќе преферирате Таман ги изгледав 4 епизоди и на 5тата укочи видеото. По можност и со превод да се, српски, англиски, шпански нешо да читам
Ако можеш, направи си нетфликс акаунт за 1 месец бесплатно (го деактивираш профилот 1 ден пред да заврши месецот). Или пиши на google : las chicas del cable (или cable girls) sa prevodom / online with subtitles. Ја памти ли некој FM 04 (Frecuencia 04) ? Мислам ја даваа на сител пред 10 години негде. Не можам нигде да ја најдам а мерак ме фаќа, имав цд и на песните си играв постојано ко мала.
Нова серија на Сител. Семејствата Кастањеда и Монтиел имаат фабрика за производство на вино. Нивното пријатлество се прекинува кога во сообраќајна несреќа ќе загине најстариот син на семејството Кастањеда. За тоа е обвинет Хуанхо, постариот син на семејтвото Монтиел. Серијава е прекрасна. Ја изгледав цела на YouTube. Кратко трае. Само 59 епизоди. Вреди да се погледне.
Има бе шпанска на Сител или дали ќе даваат некоја? Ми изгоре душата за шпанско нешо на ТВ да гледам Озбилно прашвам
Прашањево не е за Шпанска серија, но е за Бразилска/Португалска... Ја даваат на Телма ТВ околу 17:30-18:00ч секој ден, од понеделник до петок...? Ја знаете како се вика?
https://www.tvpaket.com.mk/gorcliva-odmazda-nova-portugalska-novela-na-telma-vo-17-30-casot/ Горчлива одмазда
Zdravo Da mi preporacate nekoja dobra strana za gledanje na shpanski serii so prevod.. Ili nekoja od vas konkretno ako znae kaj mozam da ja gledam ovaa serija LA ESPADA Y LA ROSAA el zorro.. Fala mn
Овде сум нашла неколку серии што сум ги барала, со англиски превод, но ја нема Zorro: La espada y la rosa. Се обидов да ја најдам и јас со превод, но ја нема, само без превод ја има...
Ахх Зоро... една од моите омилени шпански серии, баш ја обожавав дури се емитуваше на Сител. Пред неколку години ја изгледав пак на јутуб, ама без превод, можам да речам дека го научив шпанскиот само со гледање серии и слушање песни.Еве неколку страни за гледање шпански серии со српски превод ама незнам точно дали ја има Зоро со превод. https://emotivci.com/category/serije/latino/ https://balkanje.com/browse-spanske-latino-serije-videos-1-date.html https://www.saprevodom.net/category/serije/latino-serije/
Јас ви ги препорачувам La casa de papel и Elite. Elite р повеќето тинејџерска со доста убиства и мистерии. Додека пак La casa de papel е со најдобрите крадци од светот кој што ограбуваат банка во Шпанија.
Kратка содржина? Се токмев да ја гледам, ја избрав новата верзија на Руби ама веќе видено ми беше па сакам нешто свежо шпанско.
Римејк е на Lazos de amor пред многу години што ја даваа. 3 сестри близначки ќе имаат сообраќајка и едната ке се изгуби и ќе ја бараат. Едната е злобната сестра, другата ќе биде слепа и третава е изгубената.