Да ги имам гледано сликиве, биле дојдени во Скопје и во Охрид https://ohridpress.com.mk/?p=58009 Имам читано дека и ден денес Касандра држи гинисов рекорд, емитувана во 182 земји. За Росалинда не се сеќавам бев мала, но пред неколку години сакав да ја гледам на јутјуб ама ми беше досадна, по неколку епизоди и ја прекинав.
Темава за шпански серии ме потсетува кога бев дете. Обожавав шпански серии, цел распуст дома гледав серии и навечер новите епизоди, а попладне репризите. Првата серија што ја гледав беше Касандра, ама толку бев мала, што воопшто не ни знам за што се работеше во серијата. Мојата омилена серија Злобничка, како и мојата омилена глумица Габриела Спаниќ, потоа имаше една серија Por tu amor исто со нејзе. Есмералда, Руби серијата беше врв. Многу серии шпански имам гледано, не знам да воопшто имам пропуштено некоја .
Јас сум од поновата генерација, не ги имам гледано овие што ги спомна, а за ружната лети се сеќавам беше на пинк добра беше за тепање време. Мислам дека руби ми беше прва шпанска серија мене. Баш треба дадат некоја шпанска серија, да ја разбијат монотонијава од турскиве. Да ги имат на јутјуб и без и со превод. Ах Ангели, серијата од моето детство, многу ја сакав и јас и уште им ги слушам песните. Јас ги гледав сите 4 сезони на а1 и сител. Ги имат сите епизоди на јутјуб, ама незнам дали ти гледаш без превод.
Забранета љубов , многу ја сакав иако не сум сигурна дали ја разбирав зашто бев мала. Овие шпански серии што ги спомнувате сите ми се непознати, од шпански само Ангели гледав.Сигурно се сеќавате на тоа, нели?
Каква тема сте почнале, ме вративте во детството Ех Касандра кој не ја знае, од најмал до најстар сите ја гледавме Тоа беше доживување. Се сеќавам и на Росалинда, Руби, инспирација за никот Ја обожавав Габриела Спаниќ и Наталија Ореиро, само филмот со неа нз како се викаше. Клон исто, па Млади Бунтовници врв. Имаше и еден со дебелата Валентина Имав касети за на радио од Росалинда и од Наталија Уште ги чувам Ми текнува и на Ангели и мене не ми се допадна таа серија. Немаше кој не го знае шпанскиот, секогаш имаше среќен крај, ах времиња
Дивиот Ангел и Качора беа со Наталија Ореиро Сега ми текна и на Пустински Љубовници со Барбара со коњот и тој затвореникот. Ја памти некој?
Аааа па малечка си ти . Овие беа пред Ангели. Јас кога бев 6-7 години. Се сеќавам на Ангели, ги гледав и тие. Ама мене лично повеќе ми се допаѓаа претходно Млади Бунтовници. Не беа исти, ама и двете серии беа такви тинејџерски. И така како наметнати ми беа Ангели .
Како падобранец да ви се убацам во темата шпански серии и да ги прикачам моите 2 најомилени Се надевам некој од вас ќе се сети за кои серии зборувам.
На тема шпански серии морам да се надоврзам, Касандра кога се емитуваше бев многу мала и не се сеќавам баш на дејството. Една од првите што ги гледав - Клон, сите дома ја гледавме, со баба ми играв на тие песните се сеќавам Млади бунтовници ми беше омилена исто така, преубава серија Ангели ретко ги гледав, не беа лоши ама јас не ги загледав тогаш и затоа, исто да ве потсетам на Серанови, таа ми беше исто преубава и омилена. Забранета љубов, и исто тој период сите хрватски ги изгледав, Љубав у залеџу, Обични људи, Понос Раткајевих. А моја all time favorite шпанска серија - Pasión de Gavilanes 5 пати ја имам изгледано, 4 ко бев помала а 5тиот пат беше пред 2-3 год хахах. Потоа ги гледав Грдата Лети и Cuidado con en angel мислам се викаше, со Маричуи. Тие последни шпански ми беа, потоа 1001 ноќ гледав и Кога лисјата паѓаат од турските и веќе ниедна турска од тогаш немам гледано, не ни планирам хахах
Дали некој се сеќава на оваа серија? Јас бев многу мала и магловито ми е, ама знам дека беше подобра од Дивиот ангел и дека освен парот во главните улоги, останатите ликови беа негативци што ја праеше многу интересна . Била инспирирана од вистинска приказна за животот на некој мафијаш од Аргентина и неговото семејство. Инаку, од шпанското говорно подрачје севкупно мислам дека најдобра беше Руби. Дури два пати го имам изгледано филмот од 1969, а мини-серијата од 1968 ја барам со години и никој да ја прикачи. Бразилските беа се на се подобри, а најдобра беше Клон. Од хрватските многу ја сакав Гордоста на Раткаеви, а од турските најомилена ми е Татко и синови (или во оригинален наслов Црни планини/Семејството Карадаг/Карадагови), навистина од неа подобра турска немам сретнато.
Сум ги гледала повеќето од сериите кои ги спомнавте. Мене повеќе внимание ми привлекоа Ел Интернадо и Ел Барко.Тогаш беа право освежување. Ангели ја гледав,ама ич не ми се допаѓаше глумата на повеќето актери(мада дел од тие беа ок во други серии).
Руби ми е најомилената шпанска серија. Мислам од таа серија толку многу засакав црвена боја да носам. Тие другите и јас ги немам гледано пошо сум била мала кога ги давале. Ама таа со Лети ја имам гледано исто. И некои други што идеа на телевизија од 2004-5та натака. Шпански знаев подобро и од македонски на времето. И ја сум за да ги вратат нив по телевизиите, некако беа многу помодерни за разлика од турскиве серии сега шо се емитуваат, иако чат пат има и по некоја добра турска серија.
Многу ги сакав, баш пред некое време мислев да се потсетам на некоја Мајка ми ги гледаше и мене ме зарази и јас со неа ги гледав Zoro, Peregrina, Cuidado con el angel, Tormenta en el paraiso, Heridas de amor, Ninos ricos pobres padres, La madrista, Marina Од нив научив шпански јазик и најубав јазик ми е Време е да го подновам со некоја изгледана епизода
Ова ко јас да сум го пишела . Уште би ги вметнала La Tormenta, Anali, Rubi и Pasion de gavilanes( mi favorita)