Еве малце да се подсетиме на некои шпански серии..Мада јас сите ги гледав, немаше серија што не сум ја гледала или обожавала да кажам. Сите ми беа убави и омилени До ден денеска ги гледам морам да признам. Баш ми фалат.
Јас многу и не гледав серии, дури и тие што ги имам гледано ми било онака бидејќи мајка ми гледаше. Ги памтам само Клон, Руби, Ружната Лети и Флоресита. Кога била Касандра или не сум била родена или сум била бебе, ама знам дека тоа било феномен во Македонија, мајка ми ми кажуваше исто имало некоја серија порано исто популарна многу била Марина Сандохан (мислам дека вака беше), па ако веќе даваат стари серии на тв овие би ги изгледала чисто да видам што е толку фамозно. Лети и Флоресита ги гледав редовно секоја вечер, а со шпанска серија што бев опседната беше Ангели, дури кога бев втора смена на училиште се случувало некогаш да задоцнам само да ја изгледам до крај. Шпанскиве беа ту мач драма бар за мене, ама може да се направи мало освежување од турскиве. Без разлика какви и да се, ни треба повеќе комични серии, веќе доста е со овие само што плачат и пиштат, среќа од индиските се спасивме. Многу ми е криво што ја прекинаа оваа руската серија што беше Иванови и Иванови, ми беше многу интересна.
Дали му текнува на некој ако ја гледал на шпанската серија, мислам Акапулко се викаше, беше снимена во Акапулко, ја барам веќе подолго време не можам да ја најдам никако
Јас ја гледав Cuidado con el angel колку сум плачела кога ослепе Маричју, За Касандра не сум била ни родена кога ја емитувале,но зимата велам ај ке оклучам да видам која е таа Касандра мислев дека е некој лепотица.Има една серија доколку некој се сети да ми ја пише ја барам не можам да ја најдам како низ магла се секавам бев многу мала,имаше една глумица со плава коса долга витката што имаше љубовник беше тој малку црноманест,и се криеја од мажот на таа глумица мислам Елизабет се викаше појма немам тој пак мажот и на некој каубоец ми личаше со еден кафен шешир лош човек,љубовникот дали Леонардо се викаше не знам не се сеќавам, само се сеќавам на една сцена кога тие љубовниците беа во една штала и водеа љубов
И јас прво помислив на неа кога спомна Леонардо и штала, ама тогаш тој ја силуваше на Маура, па не верувам дека е таа. Штом била мала кога била серијата значи е некоја серија емитувана пред Напуштен ангел, пред 2009/10 година.
Не гледав кузнај колку серии ама Tormenta en el paraiso ми беше омилена , многу ја сакав Ајмар хаха, бев 11 - 12 години тогаш...исто гледав Al diablo con los guapos мислам се викаше со една девојка сиромашна и згоден дечко, Марина со една убава глумица, Маричуи и мислам толку дека се ...
Ne,ne e taa nesto znam koga pocnuvase pisuvase dali deka se vika ljubovnici dali vljubenici ne znam tocno.
@cool дали ги имаш изгледано сите сезони? Јас сум до средина на sin senos si hay paraiso 3 и ме интересира дали и како ќе се прекине магијата врз девојките?
Нема ништо официјално, мислам после септември ќе е. Едвај чекам. Барав линкови сега, се е од 2020, ретко нешто ново да има напишано. Никаков апдејт, гледам Телемундо ја форсира новата Гавиота. До тогаш ќе мора нешто друго да се гледа