Да, Касандра беше незаменлива прва серија. Оф само кога ќе ми текне, се убивам од смеење. Сега за сега не гледам навистина ништо. Последно сериско што сум го гледала беше Забранета љубов и после неа ништо. Али ме нервираат ова серииве како лисјата и не знам бандини, малата невеста , долини молини .... Али кога ги слушам колешките на работа како си трачарат, што како и каде ќе се случи ми е смрт и стално им викам дека претеруваат и им се смеам и стално ми се лутат
Леле колку гледав серии порано кога бев помала. Сега веќе 4-5 години не сум гледала некоја шпанска Кога ќе ми текне сега си викам како сум можела да гледам такви глупости. Ама мораме да признаеме дека латиносите се ахххххххх.... А овие индиските, турските ми се Ама затоа Фернандо Колунга никогаш нема да го заборавам (како насловот на една негова серија хахаха), се заљубив многу во човекот, ептен ми е по вкус, посебно неговата насмевка ахххх.... Сите негови серии со него прикажувани до пред 4-5 години ги имам изгледано а најомилена ми беше La Usurpadora (Злобницата) таму ми беше ептен хот со брадичка Абе многу го сакам хихихи и не се срамам да признаам. Сега немам време да гледам серии баш, а слушнав дека на Пинк ја имало неговата најнова серија, уф што се нервирам што не можам да ја гледам. Не знам жениве што гледаат во Вилијам Леви, мене па ич не ми е убав. А инаку и Освалдо Риос ми е многу секси, и тој типот Еду од бразилската „Семејни интриги“ и оној главниот од бразилската Terra Nostra, не знам како му беше името на ликот, ама на глумецот името му е Тијаго Ласерда. Аххх Освалдо Рејналдо Гианечини Еве го Тијаго Нели се најубави? Барем од шпанскиве серии освен што го научивме шпанскиот, видовме и убави мажи што се стварно мажи а не овие американските педерчиња На Љубовни врски ви текнува ли? Аххххх мемории, закон беше!! Па во школо сите го имитиравме штосот на Марија Паула со веѓата http://www.youtube.com/watch?v=IVJqBicHjGk
Пуууу нема серија што ја неам гледано адиктед сум на шпански теленовели неможам ако не глеам некоја серија, моментално ги гледам Диабло и Тереза а.к.а Руби Од нив начув шпански брее, интересни се за тепање време, еве во последно време пак малце забегуваат од шаблонот и подобри се, најсмешни ми се оние на ранчови шо се одвиваат највеќе ме иритира кога некој збори дека переле мозок дека биле прости или незнам што, пополнувам време бе луѓе, има на шо да се насмеам, да се изнаглеам убави мажи жени гледам чисто од забава, не ќе да ми го исперат мозокот па ќе мислам дека сум посвоена или ќе влезам у филм да трчам по пари да бидам лоша и да си играм со сите хахахаххаха ај важи негоо... знаете што е врв во шпанска серија? Кога Федерико ќе дознае дека сам на себе си е мајка
Бијорселф да да знам дека е стара 41 година има ама како се држи братко Се вика Лусеро типката! и Фернандо Колунга 44 години има, ама и типчево се држи! а Габриела 35 има.... за серијата soy ty duena станува збор
абе типчето поминува, ама Лусеро?? Спојлер некако и не ми се допаѓа баш ама и кога стално ти ја зборат, нормално.. една другарка е лудо опседната со неа
Aбе, за 41 е топ па какви ги има со стомаци, со брк неиздепилиран итн.... не личат на 41 на 61 личат а FERNANDO да да....44 ! Jас 30 би му дала еј
Даваат на PinkPlus една многу убава шпанска серија, слична на ``Руби`` ако сте ја гледале која се разликува од `типичните` шпански серии. Инаку серијата `Тереса` се вика...
^Да и главната т.е. ликот на Тереса го глуми Вико од млади бунтовници.. ама каква е у филмов лудница, таму тапа ми беше и силикони опнала малата
лудото.. Спојлер лусеро не да не ми е убава (убава е за нејзините 41), ама одвратна ми е.. секој ден да ти брмчат на глава со песни и слики.. како 1одд.
Фернандо не ми го чепкајте, он е моја платонска љубов веќе 7-8 години И јас многу ја сакам Лусеро, не дека сум опседната со неа, ама убава ми е. Во шпанскиве серии навистина можеш да се изнагледаш убави мажи и жени еден куп А не по турските
Од Касандра па натаму нема серија која несум ја следела. Купував ЦД-ња, собирав сликички, статии триста глупости. Омилена серија ми беше РУБИ. Омилен шпански актер mario cimarro омилена актерка секако Барбара Мори П.С. Сега не гледам ни една...
Па моментално ја загледав на Пинк, Тереза се вика серијата шпанска е, мислам дека е иста како Руби. Дејството е слично и таа со Лусеро понекогаш ја гледам други не.
Моментално не гледам шпански серии, но порано ... Ух,секоја ја следев Од поомилените ќе ги издвојам : - Скриени страсти ( Pasion De Gavilanes ) - Ружна Лети ( La fea más bella ) - Издаја ( La traición ) - До џавола са лепотанима ( Al diablo con los guapos ) Ете тие - незаборавни
Site spanski serii sto se emituvale kaj nas gi imam gledano ali definitivno najubava mi e Sin tetas no hay paraiso so najsovrseniot glumec EL DUQUE [mod-kirilica:1xhtw8h1][/mod-kirilica:1xhtw8h1]
Ја гледам и јас , јас не можев да поверувам дека е Вико . Не ми се свиѓаше тогаш , а сега ств е лудница
Не знам дали има шпанска серија која не сум ја гледала. Последнава година дена само оваа турската Лисјата ја гледам. Сега на распустов ја загледав Тереза на Пинк 15-. Чисто колку да поминува времето.
Добро дај ставате сликиче некое од Тереза, Вико што ја глуми, баш да видам Не ни знам која серија е ова, ама ја гледав Млади бунтовници, па баш ме интересира.
^^ Никако неможам да се убедам дека оваа е Вико... Вико беше некако погруба во лицето,оваа ептен измазнета..Што знам