Како што почна ерата на шпањелосите кај нас со Касандра, си ги заредив и тие после неа - Другата во мене, Есмералда, Есперанса, Росалинда... се додека еден ден изгубив желба да ги гледам. Го научив јазикот од нив, а омилена ми беше Млади Бунтовници, па не ретко си гледам клипчиња од нив на YouTube. Се сеќавам колкава гледаност имаше серијата, па излегуваа постери, наградни прашања, цедиња, се пуштија муабети дека ќе дошле кај нас на концерт, ехеее... Ама баш ми беа интересни, да ги пуштат пак - пак би ги гледала! Ги следам на twitter сите четворица, Мануел има ќеркичка, Пабло идеше со една манекенка, ама ислам дека сега е сингл, исто и Марица, а Миа ќе се мажи во април
Претпоставувам разбираш шпански http://twitter.com/lulopilato http://twitter.com/rojasbenjamin http://twitter.com/FelipeColombo http://twitter.com/bordonabacami Повели
Да ама оваа Вико е од Ребелде Веј-Аргентинска верзија. Rebelde Victoria "Vico" Paz 2004–2006. Ова е мексиканската верзија кај што глумат Anahi Alfonso Herrera, Dulce Maria а воедно и Angelique Boyer(Вико)
Јас сепак неможам да се убедам дека оваа е Вико Добро колку операции има направено Јаболкниците и се огромни! Мене и во погледот ми е поинаква Боже каква трансформација... Инаку пак да ги даваат Млади Бунтовници,пак ќе ги гледам.Ми се допаѓаа многу,за разлика од овие што ги даваат сега Ангели и ова новото Иза
viki44e не е истата девојка. Оваа се вика Angelique Boyer и ја игра Вико во мексиканската верзија на Млади бунтовници - Rebelde
Вико во аргентинската ја глуми Victoria Maurette, а истиот лик во мексиканската верзија ја игра Angelique Boyer. Си личат, ама не е истата девојка.
ИИИИ да многу си личат, се извинувам за дезинформациите Не го знаев вистинското име на Тереса а некој спомна дека била Вико
Леле дај да расчистиме со ова Виковците многу ги мешате. Значи Вико (Victoria Maurette) е од Млади бунтовници (Rebelde way). Rebelde way (Млади бунтовници) нели се давеше пред 5/6 години кај нас на А1 и серијата беше многу популарна. Е Rebelde way е Аргентинската (оригиналната) верзија и во неа глумеше Вико (вистинско име и е Victoria Mauratte). Вико од Rebelde way (Аргентина) Али ние сега правиме муабет за другата Вико што глумеше во римејкот,Мексичката верзија Rebelde (Бунтовници). Ова Rebelde е римејкот од Rebelde way и се даваше пред 2 години кај нас на К-15 телевизија,али не достигна толкава популарност како оригиналната аргентинска верзија Rebelde way. Е во римејкот исто имаше лик по име Вико (вистинско име и е Angelique Boyer). Вико од римејкот Rebelde (Мексико) Е сега оваа Вико (Angelique Boyer) од римејкот Rebelde глуми во нова серија по име Тереса (инаку Тереса е како Руби иста е содржината) И за крај една слика со Вико од Rebelde way (лево) и Вико од Rebelde (десно).
Оваа серија Анали на Пинк ја гледав едно време и многу глупа ми беше. Не дека другите шпански серии се едукативни или сл. ама не можам да ја смислам
Се слагам со тебе,и мене омилена шпанска серија ми е Аналиа (El rostro de Analia). 2 пати ја имам гледано Аналиа еднаш на Сител кога премиерно ја даваа и еднаш на Пинк. А гледам и сега Анали ја репризираат пак на Сител3 Еве ќе поставам еден клип со една убава песничка и со сцени од серијата http://www.youtube.com/watch?v=pXJXz46sljY А дали знаевте дека Анали (Elizabeth Gutierez) му е сопруга на William Levy (глумеше во Напуштен ангел,Сортилехио) и имаат 2 дечиња? А јас ја имам гледано најновата серија со Анали (Elizabeth Gutierez) а тоа е серијата El Fantasma de Elena (Духот на Елена) Многу ми се допадна оваа серија а Анали не изгледа како да родила 2 деца,супер и е телото. http://www.youtube.com/watch?v=8MaPQBllXT4