ееее колку шпански серии гледав на времето. мислам дека немаше серија што ја даваа на а1 или на сител а да не ја гледам сепак најомилени ми беа руби,анастасија (ако ви текнува на таа серија, со трите близначки ), љубов и омраза и сега пред некое време фатив на пинк некоја серија тереса, некако ми е ептен имитација на руби, дури и таа типката тереса некако ко да ми ја имитира руби.. ама сепак руби е One and only еве линкче и од анастасија да ве потсетам тие што заборавиле на која серија мислам http://www.youtube.com/watch?v=dQlXs6QTPAk
Пред неколку години гледав многу шпански серии, сега веќе не. Последнава што редовно ја гледав беше "Mas sabe el diablo" на ТВ Пинк Плус. Една од поубавите серии кои некогаш ги имам гледано. Сега понекогаш, кога ми е досадно ја гледам "Teresa", исто на Пинк Плус.
Како мала ги гледав како луда. Росалинда, Руби, Фиорела, абе заљубена бев. Со другарка ми секој ден после школо, ќе идевме кај неа дома и во соба ќе тргневме маси се што има, и јас ќе бев добрата Фиорела, а она ќе беше лошата Ребека, и си корневме коси се тепавме како луди за АЛЕХАНДРО. Баш пред некој ден зборевме за тоа и се прснавме од смеење. Само што почнав да ги имитирам, еднаш татко ме виде како се крстам, и си ја бацив раката како што прават католиците па ми забрани да ги гледам. Крај на светот ми беше тоа, во тешки депресии бев. Морав да ги извадам сите постери од Млади Бунтовници што ми беа во соба Инаку, никако да ми текне како се викаше една серија, девојката се викаше Анастасија, и нешто се вртеше приказната околу еден гердан, ви текнува ли? Сакам да ја најдам на ЈуТуб да се потсетам, многу ја сакав а не ми текнува што како се дешаваше
Mи се чини дека нема шпанска серија што ја немам гледано озбилно сите ги гледав и убави ми беа...ама денес и да сакаш ретко даначекаш бидејќи има навалица од турски серии...може се поблиску до нашиот менталитет ама имаше и врв шпански серии у кој ќе се изнасмееш ќе се изначудиш,и пак ќе ја гледаш...овие турските се премногу депресивни и ретко која со хепи енд моменталн ја следам тереса Ви текиња на овие http://www.youtube.com/watch?v=6m8PsN3T ... detailpage
Гледав кога бев помала, не ги пратев активно меѓутоа кога немав што да пуштам друго на нив останував. Млади бунтовници и останатите од тој калибар, Касандра, Росалинда, Руби и Мојата слатка дебела Валентина мислам се викаше, фаворити ми беа. Ау и една од А1, Барајќи го тато, така нешто. Сега не гледам ништо такво. Ни турски, ни шпански, ни индиски.
Веќе подолго време немав гледано латино серија и конечно од четврток ќе почнам да гледам. Знам дека повеќето љубители на латино серии (а.к.а. Шпански серии) ќе се израдувате на оваа вест Од овој четврток (21 април) на Сител започнува новата латино серија El Clon (римејк на мега популарната бразилска серија O Clone) во 17 часот. Јас едвај чекам да почне бидејќи имам прочитано многу позитивни критики за оваа серија и заинтересираноста во МК за оваа серија е многу голема што се очекува да направи вистински БУМ, а доказ за тоа е што серијата првично требаше да се емитува во 09 часот сабајле, но поради големиот број на апели кон Сител да го променат терминот бидејќи е рано 09 часот, Сител го промениа терминот и ќе се емитува од четврток во 17 часот. Еве го и промото, и не ја пропуштајте бидејќи е навистина одлична http://www.youtube.com/watch?v=IKCQ9OmZ ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=1a9y1kRTicw&feature
Дали некој знае како се вика новата шпанска серија на Скај нет и од колку е часот? Мислам дека во понеделникот беше 1вата епизода.
Јас можам да се пофалам дека до пред некое време 90% од шпанските серии со се даваа по телевизииве ми беа гледани( Касанра, Росалинда, Есмералда, тие близначките трите, потоа сите со Габриела Спанич, Гавиота, Руби итн итн инт е оваа со дијаблово ја немам гледано што ја спомнувате додуша имам доста пропуштено но ако дадат некоја добра нема да ја пропуштам
А гледаш јас па баш не ја гледав Касандра, Клон и Млади Бунтовници. Сите ми се чудат зашто скоро 95% од Македонија - зборам женското население (па и некои мажи мора да се признае) ги гледаа... Дали тогаш сум била незаинтересирана или... ама не ми привлекуваа некое внимание изгледа дека ги немав гледано од прва епизода. Инаку обожавав кога ќе седнам од прва па до последна сите да ги изгледам, иако многу често ми се случуваше баш последната епизода кога ќе се случат 234823489234298492834732 пресврти да не ја изгледам. А бев активен гледач на сите шпански серии, кога ќе се заредеа од 4 до 8 пред телевизор... Од постарите впечаток ми оставиле Перла - Дивиот Англел мислам дека правилно се викаше, Руби, Ружната Лети - како неа се маскирав еден 1ви Април , имаше една Маричуи, Марина, Ла Тормента, Акапулко, Серанови, Аналија, Маќеа, Алисија, Анастасија - онаа што имаше уште една сестра или уште 2 сестри како неа, нешто имаше со некој Монах што ги гонеше - не го гледав крајот, Мојата слатка дебела Валентина... Ги гледав Ангели ама само првата сезона ми беше интересна, другите две ми беа како туку-така направени, колку да има уште нешто, многу нереално, патување низ времето бла-бла... Одвреме на време ја гледам и онаа Иса сега што игра...
Им помина модата готовоооо Инаку од почеток до крај ги изгледав Млади бунтовници и Грдата Лети ако така се викаше
Иако знам дека во секоја шпанска серија се случува едно исто обожавам да ги гледам.Милион пати се подобри од овие турските и арно што се сетија да даваат повеќе шпански серии на тв.Моментално ги гледам Руби(по не знам кој пат) и Магична привлечност понекогаш го гледам и оној Мексичка верзија на Клон но не е ни приближно добра како оригиналот.А како мала бев луда за шпански серии па меѓу најомилените ми беа Прегрни ме цврсто,Никогаш нема да те заборавам,Помеѓу љубовта и омразата,Руби и др.А од поновите најомилена дафинитивно Анали.