Порано ги гледав, но никогаш не сум била некој манијак по шпански серии. Онака чисто од разонода ги гледав. Меѓу омилените ми беа Руби, Росалинда и Млади бунтовници. Во секој случај, повеќе ми се допаѓаат шпанските отколку турските серии.
Не гледам веќе де, само по една годишно . Оваа година Mi corazon insiste. http://www.youtube.com/watch?v=HhCr58EARD0 Случајно ја пронајдов на интернет, видов дека е на почеток и продолжив да ја гледам во живо. Ме привлекоа трејлерите и кога почнав да ја гледам ми беше доста интересна бидејќи не е како другите традиционални шпански серии со плачење и лигавење на главната актерка. Не дека другото не е исто де, веќе крајот се знае отприлика каков ќе биде, ама да ти помине еден саат време на ден, не е лоша. Лола е претставена како многу силна и храбра девојка, која не знае да плаче и тоа е добар пример за девојчињата кои "сечат" вени после првото (не) љубовно разочарување. Андрес, типичен романтичен и авантуристичен тип, вљубен до уши во Лола. Реалноста и фантазијата се испреплетени на интересен начин (барем до сега, за понатаму не знам што како ќе биде), иако она што главно мене ме привлекува во серијата е убавата, вистинска и забавна љубов која е претставена помеѓу младите. А, судбините на другите ликови не ми се нешто посебно. О том, по том.
моментално гледам Emperatriz интересен филм , во главна улога е Габриела Спаниќ, и скоро сите нејзини филмови ги имам гледано. http://www.youtube.com/watch?v=RRSjDEwC6hc
ја обожавам серијава...баш сега гледав некоја епизода на нет ...добро кажала The.Crab нема потреба да дополнувам....иако има што
Порано ги гледав од почеток до крај,на сите програми.Руби,Росалинда,Тормента ен ел Параисо, и ред други.На сите им ги знаев имињата и немаше ниту една епизода да пропуштам.Сега некако замреа,на мода се индиските и турските серии.Некако почна да ми се гледаат шпански серии,но иако на Сител тв ја даваат Клон не можам да ја гледам бидејки е римејк на Бразилската верзија,и некако не ми се допадна.Штета што ја укинаа Пинк плус инаку имаше добри филмчиња.
Ме иритираат овие турскиве и индискиве серии, не ги можам, па уште и титлувани удав невиден. Имам гледано мноооогу шпански серии, од Касандра па до сега повеќето што се емитувале на нашиве и спрските телевизии, а од поомилените ми се: *Por tu amor *La usurpadora *Rubi *Marina има уште еден куп други ама овие онака нај нај
Порано значи се утепував од гледање ама не шпански оригинални серии туку оние мексички,колумбиски и агрентински кои немаат врска со оригиналните шпански! у последно време почнав на нет да си барам оригинални шпански од типот на Серанови,ун пасо аделанте итн.. На антена 3 страната има прекрасни..ги препорачувам El Internado,El Barco,Fisica o quimica,Aqui no hay quen viva(Оваа моментално се дава на телевизија Hayat босанска телевизија секој ден од 14 и 30,не смее никој да ја пропушти комедијава!!!)
Порано немаше серија која што не ја следев...и плус тоа порано беа по интересни...сега се тоа па тоа не се интересни веќе...гледам само некои да отепам време и толку
Кога бев мала ги следев сите латино теленовели што одеа на нашите телевизии! Меѓутоа сега ми се многу одбивни, посебно мексиканските! Кога ќе го видам лотото на Телевиса веднаш менувам канал! Но морам да признаам дека сум голем фан на сериите од Шпанија, од типот на Los Serrano, Un Paso Adelante, Sin miedo a sonar итн. Моментално ги гледам El Internado и El Barco(тука глуми Mario Casas од Tres metros sobre el cielo! ), и голема препорака до сите!
Уште од времето си бев фан на шпанските серии... Во последно време не гледам, затоа што содржината на сите им е иста... Се едно исто се врти во круг... На почеток она е чистачка, после некој богаташ ќе се зањуби во неа, по можност сопственикот на куќата во која што таа работи, ќе се сакаат ама нема да можат да бидат заедно заради лошите околности и секако - злобните луѓе Но нивната љубов е толку голема што на крај остануваат заедно и сите се среќни и весели
Баш на почетокот од летото ги броев, се сетив на 58 само..Уште од 4 години гледам шпански серии ,што знам интересни ми се иако скоро се сите исти, ама барем јазик научив
мене шпанскиот јазик ми е како мајчин јазик... незнам зошто но многу се приврзав за него и гледајќи шпански филмовиго научив целиот шпански јазик и морам да ви признаам дека голема желба ми е да одам во шпанија кога ќе наполнам 18 год...хммм и незнам зошто ама во шпанија машките се најубави барем мене
Охоооо, пола детство ми помина во гледање шпански серии Росалинда, Милагрос, Соледад, Химена, Касандра, сите ги памтам. Штета што сега многу се проретчија, ако ништо друго барем разбирам шпански благодарение на серииве.
Еее почнаа да ми недостигаат од овие турските серии аман веке од шпанските барем јазик научивме, од турските скфјсдфхнд гфннв џанам инаку сум ги гледала Маријана, Циганки, Марина, Акапулко, Руби и мн другиии
МИ ја вратија на кабловска овн босанскава! освен тоа што има 7874563865 турски серии што не се емитувале кај нас до сега , а за кои глава сечам дека и кај нас ќе ги даваат за некој месец, случајно го испукав сеирот кога наидов на серијава http://www.youtube.com/watch?v=OgHepAOturc маријана де ла ноче лејдис енд џентлмент ви текнува ли на серијава? http://www.youtube.com/watch?v=TmFbQsEP ... re=related инаку мојата најомилена заедно со Pуби ми е http://www.youtube.com/watch?v=KL4luooxNtQ http://www.youtube.com/watch?v=zGzbccnx ... re=related Jа обожавам Tересита бонита Mучачита