Ги обожавам шпанските филмови (ама оние од Шпанија). Па би можеле во оваа тема да оставаме предлози за добри шпански филмови и нивна кратка содржина. Еве јас ќе почнам со последниот што го изгледав. La cara oculta Одличен трилер. Се работи за љубоморна девојка која ќе мисли дека нејзиниот дечко ја изневерува. Се заклучува во една тајна соба, но го заборава клучот внатре. Времето поминува и тој наоѓа друга...
Еве го последниот шшански филм што го гледав. Комедија е, многу смешен филм. Primos Се работи за тројца братучеди. Едниот ќе го остави девојка му ден пред венчавката. Паѓа во депресија и во обид да му помогнат братучедите решаваат да го посетат селото каде што оделе на одмор кога биле мали. Присригнуваат таму и ја сретнуваат Мартина... Еве го и трејлерот за филмот. http://www.youtube.com/watch?v=rWkb8k_vHS0
7 días en la habana Има седум различни приказни, секој ден по една, по 20 минути од прилика траат. Понеделник ми е омилен, кој го гледал веројатно знае и зошто.
Поим за Шпанска кинематографија ми е Педро Алмодовар! Брилијантен, генијелен, добро по малку чукнат но се издвојува од сите автори и режисери. Муза му е Пенелопата Круз, ја обожава, во секој некој трет филм она ја носи главната улога. Јас пример ич не ја сакам Пенелопа, ама не е толку лоша актерка, и подобро и стои да глуми во шпански него во американски филм(одвратен англиски има, одвратен) Од него го препорачувам Talk to Her (2002) -Hable con ella. Најголем впечаток ми остави The Skin I Live In, ме раздрма за век и векова тој филм, и уште неможам да поверувам дека некој може да има таква бујна имагинација.
http://www.youtube.com/watch?v=V6dN3WjLhEY Филмов го гледавме со друштво по големо инсистирање од другар ми и ќе кажам дека на никој филм не сум се наежила толку!! Не ни можев да го доглеам до крај .. на некој сцени мислев ќе повратам
http://www.imdb.com/title/tt1085862/?ref_=nm_knf_t4 El rey de la montaña (2007) трилер Ким вози ве непознато село во Шпанија. Застанува на бензиска пумпа каде го ограбува Беа (María Valverde). Ја следи со колата но по патот го застрелуваат. Колата му застанува и ја сретнува Беа на која колата исто така не и работи. Двајцата се обидуваат да избегаат од шумата каде што некој се обидува да ги убие. "Mientras duermes" (2011) трилер http://www.imdb.com/title/tt1437358/?ref_=tt_rec_tt Секој ден се будите во својот дом. Дали знаете колку ви е безбедно дома? Цезар работи како домар во една зграда каде што живее младата и убава Клара. Тој е заљубен во неа и почнува секоја вечер да ја успива за да спие со неа. Дечкото на Клара забележува дека нешто не е во ред во нивната зграда.
Tres metros sobre el cielo http://www.youtube.com/watch?v=TVBIQrg0dJc Tengo ganas de ti http://www.youtube.com/watch?v=xZ6Htdk1sq0
El cuerpo 2012 Во филмов се работи за еден човек на кого жена му е убиена и му се јавуваат од полиција дека телото од форензичарницата го нема. Го бараат телото но и убиецот. Трилер мистерија со изврзан крај.
COMBUSTION Mikel треба да се ожени со Julia, сопственичка на голема продавница за накит која ја наследила од родителите. За време на забавата по повод веридбата, Mikael ја запознава Ari, една од келнерките на рецепција. Тој се заљубува во неа и решава да ја напушти Julia, без да знае што се плановите на Ари со него. Интересна акција, далеку е од типична шпанска сапуница и би го гледала пак.
La piel que habito Роберт е одличен пластичен хирург кој се обидува да ја создаде совршената кожа. Своите експерименти ги прави на Вера, девојка која ја има киднапирано. Вера се обидува да дознае зошто она е жртвата, на неколку пати се обидува да избега, дури и пробува самоубиство. Роберт и ја раскажува својата животна приказна и како Вера му наштетила.
http://www.imdb.com/title/tt0185125/?ref_=nm_flmg_wr_9 http://www.imdb.com/title/tt1396226/?ref_=nv_sr_1 El cuerpo, La cara oculta i Talk to her веќе се спомнати.
Love, Pain & Vice Versa, оригиналниот наслов му е Violanchelo, со фамозната Барбара Мори. http://www.imdb.com/title/tt1032764/ Мене филмов ми е предобар, гледан ми е неколку пати. Чело неколку пати сонува ист сон со непознат човек, а како и дали ќе го пронајде дознајте откако ќе го погледнете филмот, не сакам да почнам да раскажувам затоа што се` ќе ви откријам.
1. Contratiempo: Додека часовникот отчукува, со помош на експерт за подготовка на сведоци, успешен претприемач обвинет за убиство има помалку од три часа да излезе со непробојна одбрана. 2. Palmeras en la nieve: По смртта на нејзиниот татко, една млада Шпанка открива делумно писмо. Додека ги бара одговорите, таа тргнува на патување што ја враќа во Африка, каде што ги разоткрива тајните на нејзиното семејство. 3. El Clan: Вистинската приказна за кланот Puccio, семејство кое ги киднапира и убива луѓето во 80-тите години. 4. Abzurdah: Сиело (Марија Еугенија Суарез) е тинејџерка од Ла Плата, која се вљубува во Алехо (Естебан Ламот), маж од Авеланеда, девет години постара од неа. Тие се сретнаа на онлајн дејт услуга, каде Сиело го користеше корисничкото име "Abzurdah". Таа се вљуби во него, но тој само e со неа за да има сексуални односи. На крајот ја отфрли поради растојанието меѓу нивните градови, и поради неа ја разви анорексијата. Таа се обиде повторно да ја отвори својата врска, но тој само сака сексуални односи со неа и ги продолжи своите односи со своите нови девојки. Сиело започна со блесок на анорексијата како начин на живот, кој беше затворен од страна на серверот по неколку месеци. Анорексијата на крајот ја возела на неуспешен обид за самоубиство.
Кој обожава мистерии и трилер филмови, во секој случај мора да ги изгледа Contratiempo & El Cuerpo. Како што сфатив од ист режисер се (сличен е и форматот на филмот). Сум го препорачала на 10тина луѓе и сите едноставно по 3 пати ми се заблагодарија. Иначе филмовите се шпански(иако не сум љубител на шпански филмови) , но во овој случај не можам да се пожалам на тоа. Проверете и thank me later.