Здраво девојки Мајка ми ми кажа дека на телевиија слушнала кажувале дек од оваа година во Македонија е отворен факултет за шпански јазик. Колку сте информирани околу тоа ? Дали знаете нешто повеќе во врска со факултетов или пак можеби имаме некоја форумџика која што е запишана таму? Баш ме интересира да слушнам што и како ,па доколку некој сака може да продикутираме околу тоа. Ве поздравувам.
И мене ме интересира тоа, нешто повеќе околу шпанскиот каде се наоѓа тој факлутет дали некој е запознаен нешто повеке
Од оваја година е отворена катедрата за шпански јазик и книжевност во Скопје, на филолошкиот факултет. Јас лани учев шпански , ама како изборен јазик, и многу убаво си поминав. Многу го сакам јазикот, ама реално и да завршиш проф, по шпански кај ќе се вработиш ? нигде
Сакав да ве прашам што мислете вие за јазиков,навидум ни е лесен зошто го слушаме во сериите но ако продлабочиме баш и не е лесна граматиката ,има ли многу феминки што сметат дека преовладуваат со јазикот и што мислете добро ли е да се одбере за 2 јазик на факултет зошто сепак во нашето општество освен преведувач нема што да се прави со него...сакам одговори **
знам доста добро да зборувам и да разберам,али последно време малце се меса со италјанскиов сто го уЧам
јазиков е многу добар..едно време одев на курс научив доста работи ама повеќето знам литература од филмови едно друго...повеќе знам превод отколку да се изразам ама нешто од нешто се разбирам.Иначе многу добар акцент ми има лесен ми е и интересен.
Многу убав јазик, најубав ми е (после италијанскиот) Ми изгледа лесен, барем јас од сериите многу научив
Па не го знам баш најдобро, но сестра ми добро го знае.. Como estas, chikas? Спојлер Не знам како да го направам обрнатиот прашалник напред
богами некоја корист и од шпанскиве серии,баш ми фалат За зборење знам најосновни работи,е сега граматика? мислам дека се пишува така како што се изговара Иначе многу убав јазик барем според мене,привлечен слаткоречив.
ако ги подаваа уште малку шпанските серии ќе го научевме ПЕРФЕКТ убав и лесен јазик, мило звучи некако
Втора година средно сум.Имам голема желба и интерес да го изучувам шпанскиот јазик.Но не можам точно да се информирам дали на филолошки факулет се изучува овој јазик како прв и како оди учењето.Ако некој студира шпански многу би ми помогнала доколку ми каже нешто повеќе за факулетот.
како не заебаа со овие турски серии ( срање ) се извинувам на зборот сега ке бевме декани на факлутет за шпански
Италијански има.За шпански не сум сигурна,ама се мислам дека има.Можеш да го избереш како втор-трет јазик.Не ме фаќај за збор.
Можеш слободно да се запишеш на филолошки, шпанскиот го има од учебната 2012/13 како прв јазик, имаме македонски и шпански лектори, се организираат драмски работилници и слично. Професорите се многу комуникативни, а и групите не се преголеми.
Ти благодарам за информацијата А дали студентите се задоволни од овој факултет и дали имаат некои поголеми потешкотии ?
Многу го сакам шпанскиот јазик, омилен ми барем сега за сега, половина од него знам а сакам и целосно да го научамм