1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шпански јазик

Дискусија во 'Образование' започната од problems94, 25 септември 2012.

  1. Leona88

    Leona88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    51
    Морам да бидам искрена и да кажам дека не го студирам шпанскиот, туку друг јазик, но имам колеги во групата за шпански јазик. Бидејќи е нова група, од оваа година почна да биде прв јазик со 4 годишни студии, малку беше несредено, но полека се средува. Има професорка за граматика од Бугарија, лекторка од Шпанија и наша лекторка која веќе со години предава на Филолошкиот Факултет. Студентите се задоволни, како што веќе напоменав имаат театарска група и слични активности. Можеби повеќе се работи за мала несреденост на целиот факултет, но ако човек е решен да го изучува овој јазик сите тие недостатоци се занемарливи.
     
    На antonina05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    многу го сакам Шпанскиот јазик и не се согласувам со тоа дека не вреди бидејќи ако не вредел немало да го воведат во Филолошкиот факултет за да се изучува,многу ми се смешни коментарите од типот SE UCI OD SPANSKITE SERII да сигурно ако се учеше така јазик сега сите ќе бевме професори по истиот,јас го имам учено шпанскиот 1 година и многу научив а граматиката не е лесна,сега сакам да го усовршам бидејќи многу добро ми оди и сакам да земам диплома или сертификат било што,па ако има некој што ќе сака преводи или часови ќе има од мене оглас ако сака некој ќе може да ме најде...
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Може да ми даде некој линк за онлајн шпански учење? :)
     
  4. iva85

    iva85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    27
    Hola chicas :D como estamos hoy? (не дека нешо ми иде шпанскиот,али малце да се напраам :D )
     
  5. Leona88

    Leona88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    51
    http://www.duolingo.com/


    Има и други јазици :)
     
  6. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Шпански ми е омилен јазик. Многу е убав и лесен. :inlove: Минатата година почнав да одам на курс, ама беше многу бебешки, ништо не запишувавме, туку само усно учевме,а несмеев да се одјавам. Сега од кога ќе го завршам турскиот(учам онлјан), сакам шпанскиов да го научам, а во Скопје кога ќе се вратам и на курс ќе се запишам.
     
  7. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    дечки темава не е отворена од 2013... се запиша некој на шпански? како е со граматиката,професорите, часовите? сакам да се запишам ама се двоумам меѓу шпански и италијански..ако има некој од италијански нека ми пише
     
  8. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Катедрата за шпански јазик и книжевност е затворена на Филолошки за жал :)
     
  9. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    off..zosto
     
  10. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Па реално нема веќе професори , повеќето што предаваат се од други катедри, еден професор по неколку предмети предава. Тие што не се дипломирани сеуште имаат предавања ама катедрата е затворена за нови уписи.
     
  11. Hermione85

    Hermione85 Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Дали постои на филолошки, шпански јазик како изборен од УКИМ? Бидејќи сум на друг факултет, а би сакала да запишам тоа.
     
  12. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Не е активна темава, но ме интересира нешто (без рекламирање на јазични центри и сл). Дали вие што го знаете јазикот самостојно сте го научиле до кај В2 ниво? Предлог серии, филмови (било каква тематика)..? Колку време ви било потребно? Дали тука во Македонија постои нешто како меѓународно признат сертификат..?
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Ќе ти одговорам на последното прашање прво, затоа што и јас се интересирав пред неколку години. Instituto Cervantes е официјалното тестирачко тело создадено од самата држава Шпанија и тие се одговорни за организирање и правење на интернационалните испити DELE (Diploma de Español como Lengua Extranjera), кои важат цел живот.

    Испитен центар/претставништво на Instituto Cervantes каде можеш да се тестираш кај нас е студиото за странски јазици Casta Diva. Тестовите (би требало да) се проверуваат во Шпанија и оттаму и би ти ја пуштиле дипломата. Тоа би било нешто како што Гете Институтот е официјално испитно тело за германски јазик. Напоменувам дека не го рекламирам студиото, немам никакво искуство, само кажувам дека кога би полагала за степен, веројатно би полагала таму.

    Што се однесува до самостојно учење, не би знаела кои учебници се најдобри, еве нешто што изгуглав, има за секое ниво. Можеби ќе успееш да ги најдеш некои учебници на piratebay, zlibrary или со гуглање на името на книгата + free download/pdf и слични варијации. Што се однесува до серии и филмови, најлесно е само да напишеш best spanish series/movies и ќе добиеш листа. Сигурно некои ќе ти се познати, затоа што сега има доста популарни шпански серии на Нетфликс, па и филмови.

    Е сега, како кај англискиот што имаш разлики меѓу британски, американски, канаѓански, австралиски, така имаш разлики и меѓу шпански од Шпанија и латиноамерикански од Америка, и тоа и меѓу латиноамериканските имаш доста разлики. Кај чистиот шпански имаш доста звуци како th на англиски што се изговара, во аргентински има доста ж звуци, порторикански/доминикански - кај едниот од нив (а можеби и двата) мислам имаш слаб изговор/испуштање на буквите од крајот на зборот итн. Гледано според теленовелите што сме ги гледале како мали, би рекла дека најлесно разбирлив, со најчист изговор е мексиканскиот, а можеби тука негде се и колумбиски и венецуелски.

    Сепак, разликите не се однесуваат само на изговор, туку се разбира има разлики и во вокабуларот, а дури и во граматиката. На пример, ако во Шпанија за вие се користи vosotros, а за учтиво Вие во множина се користи Ustedes; во Мексико воопшто не се користи vosotros, туку и во двата случаи се користи ustedes. Или за ти ако во многу земји велат tú, a во Аргентина велат vos. Ова се вака некои основни работи што ги знам или сум ги забележала низ годините.

    Јас лично кога би учела шпански (а имам желба да продолжам, затоа што имам уште многу за учење), особено ако сум со план да го полагам DELE, би се фокусирала на „чист“ шпански јазик, односно како што зборуваат во Шпанија. Ем DELE испитите се водат по него, ем мене лично ми значи да го знам „оригиналниот“ шпански јазик, нешто слично како британски англиски што е оригинал. Тоа не значи дека другите верзии не се валидни и сето тоа, ама како што кажав, мене тоа ми значи; би ги согледувала во иднина разликите на другите варијанти.

    Ако се водиш и ти по таа логика, тогаш труди се да гледаш шпански серии/филмови (од Шпанија). Се разбира, можеш и од другите, само да не ти е потешко така да мешаш дијалекти и вокабулар. Исто, имам забележано дека шпанските филмови/серии имаат повеќе вокабулар од на пример, мексиканските теленовели што ги гледавме порано. Не дека не можеш ништо од нив да научиш, само барем за мене, потешки ми се чисто шпанските заради вокабуларот. Друго што можеш да правиш е да пробаш да читаш весници онлајн, блогови, да слушаш песни, за зголемување на вокабуларот, покрај граматиката што би ја учела.

    Што се однесува до времето на учење, не мислам дека некој би можел да ти одговори. Сè зависи од тоа колку време ти ќе посветуваш на учењето, како и твоето лично темпо на совладување на материјата. Единствено што би ти рекла е да не избрзуваш со учењето и да си оставаш простор да ти „легне“ материјалот, за да ти остане долготрајно во меморијата.

    Така, имав другар што учеше интензивно германски во Гете институтот - по околу 4-5 часа секој ден, и за година или година и пол заврши B1 ниво, но сега смета дека има многу дупки во знаењето и кажува дека не се сеќава на многу работи, односно реално нема B1 ниво.. Еве и кога ќе размислиш, англиски си учела во текот на повеќе години, не си научила сè за 2-3 години. Ако запнеш, не дека не можеш, само како што кажав, подобро учиме со побавно темпо.

    И за крај, баш би ми било мило доколку некој пише за искуство со официјално постигнување на В2 ниво по шпански јазик, но мислам дека тие луѓе се ретки кај нас :). Многумина сметаат дека имаат В2 ниво и премногу знаат шпански затоа што разбираат теленовели, но кога ќе почнеш да го учиш јазикот сфаќаш всушност колку многу работи ти се непознати.

    Ќе сфатиш дека не знаеш основен вокабулар, како овошје, зеленчук, многу типови на храна, животни, природа, не знаеш да се изразиш на повисоко ниво или да составуваш покомплицирани реченици, правилно да именуваш глаголи по други лица освен прво (јас) и второ (ти) еднина, да користиш други времиња, кога да ги користиш многу важните форми на subjuntivo, како да правиш пасив, како да правиш индиректен говор и сите оние работи што ги учиш по англиски или друг јазик.

    Тоа што звучно е јасен и лесен за изговор, за разлика од пример француски, можеби значи дека полесно ќе можеш да ја поминеш почетната бариера за зборување и ќе можеш полесно да се снајдеш да те разберат, но далеку од тоа дека си течен (fluent) говорител, на ниво на англиски јазик на пример. Не е како да учиш кинески или јапонски нели, ама па не е ни толку просто и едноставно, си има своја тежина јазикот :wasntme:.
     
    Последна измена: 1 мај 2022
    На yyyeslame1, Bezimenka90, Hija.de.la.luna и 2 други им се допаѓа ова.
  14. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    @pdb123 премногу фала за опширниот одговор. :hug::hug::hug:
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    8.030
    Пол:
    Женски
    Колку пари е курсот во Каста Дива?