1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штеден план

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Anacid, 2 мај 2017.

?

Дали имате штеден план

  1. да

    12 глас(а)
    52,2%
  2. не

    11 глас(а)
    47,8%
  1. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите неможев да барам дали има ваква тема но ако има се извинувам слободно бриши .. Ме интересира дали народот наш штеде дали и вие штедете каде ги штедете вашите пари колкава е каматата , каде има најголема камата , на колку време ги орочувате , во евра ,денари или слично .. Па добро ке ни дојде некој совет за штедење еве јас на пример имам од Стопанска банка мој план договор, но сепак би сакала да знам како оде и по другите банки а и како штедите и вие . Па мислам добродојдени му се на секој информации од ова поле ..Поздрав!
     
    На Dimaja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Немам навика да штедам поз
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :)
    Јас деновиве се заинтересирав и сакам да прочитам некои стратегии за градење на таков план, на пинтерест само ми излегуваат некои cheat sheet, али не ме фаќа око за таков вид на план.
    Ќе почнам да работам и моите очекуваат дел од заработувачката да ја оставам дома и не знам како остатокот да го распределам, што за штедење, што за секојдневен трошок.
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  4. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    jas od juli pocnav da stedam na toj nacin sto cesto stavam metalni paricki vo sise od 1 den do 50 den.Najcesto stavam 5ki.Vo januari koga izbrojav imav 1560 den sea vtoroto sise vo juli ke go otvoram :D
     
    На Anacid и Dimaja им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    48.040
    Пол:
    Женски
    Штедам и јас и моите дома, јас лично од свои 18 години, што сум работела сезонски или пак од родендени и други поводи што ми подарувале, убава и корисна работа е, каматата си ја искористувам за патување, каматите на депозитите за жал се многу ниски, горе долу во сите банки се тука некаде, најнеисплатлива варијанта но сигурна.

    Штедам во Охридска банка, орочени на три месеци, а каматата е 0,25%
    Крајов на месецов ми истекува договорот па ме советуваа да го обновам бидејќи имале повисоки растечки камати.

    Сум била по банкиве и од тоа што забележав нашиот народ има навика на штедење, имаше голем број на родители кои им отвараа штедни книшки на своите мали деца, дури им купуваат поклони, играчки и други глупости најпаметно според мене е пари кои покорисни ќе им бидат на децата кога ќе пораснат
     
    На SummerGirl, Снегулк@23, Mr. Right и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    7.252
    Poslednive godini shtedam namenski, znaci otvoriv stedna denarska knishka I mesechno odvojuvam odredena suma na pari koi ke bidat namenski potroseni(pr. renoviranje, kola ili patuvanje).
    Pred da kupam nesto si gi postavuvam slednite prasanja:
    1. Dali imam isto ili slichno takvo ?
    2. Dali mi e neophodno da go poseduvam, dali ke mi go olesni sekojdnevieto ?
    3. Dali vredi za parite?
    Na vakov nachin zasteduvam pari koi bi bile potroseni za raboti koi ne GI koristam.
    Mozebi kratkorochno ne izgledaat golema suma no kontinuirano vo podolg period se sobira.
    Stedam I na hrana koja e nezdrava I visoko kalorichna.
     
    На P.S.love, cresa-jagoda и worrieddd им се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Немам некој посебен план за штедење, но колку можам внимавам да не фрлам пари на глупости, зашто безброј пати се купени ствари, кои никогаш не се употребени, а непотребно зафаќаат место во домот, тоа ме нервира и затоа кога купувам добро размислувам дали навистина е потребно.
     
    На Снегулк@23, Lovelybaby<3, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. hunter26

    hunter26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Машки
    Одвојување на пари од нормални плати кај нас, со цел да ги ставите во банка за да земате камати е мн малку исплатливо, речиси ич. За поголема сум на пари може да се надевате на камата која би ја искориситле за нешто.

    Инаку воопшто за да се стекне некоја навика за штедење имам јас сопствена стратегија која ми функционира. Чим земам плата 15-20 % веднаш ги тргам и ги ставам кај заштедените и со останатите располагам до следниот месец. Едноставно тоа го правам при земањето плата, затоа што ако оставам да тргнам за заштеда од тоа што ќе ми остане, нема да ми остане ништо, а и на таков начин штедењето би ми била најнебитната работа, затоа и давам приоритет при земањето плата.
     
    На mira.mira и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Нова година и нови планови и цели за штедење...
     
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Не правам план. Ако ми остане нешто вишок, го тргам на страна. Посекако не сум човек што троши мн пари на непотребни работи.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.295
    Допаѓања:
    77.384
    Пол:
    Женски
    Штедам, но без план. :D
    Гледам да не купувам баш непотребни работи.
    Парите ми стојат на сметка и вадам по потреба, кај што може со картичка, со картичка плаќам. Според некои истражувања, кога сме користеле картичка повеќе сме трошеле, но имам контрола, знам до каде да одам и колку да потрошам. И за што.
    Секој месец гледам да ми остане дел од платата, да не ја трошам цела и така ми се множи заштедата. :D
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Уште подобро ќе ти биде да орочиш пари и константно таму да си ставаш
    Не дека којзнае колкави камати има ама барем нема да се излажеш да ги вадиш
    И мене ми е попрегледно пари на картичка и баш помалце трошам така
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    7.252
    Od site tipiovi na shtedenje najprakticen mi e traen nalog za uplata na knishka sekoj mesec po dobivanje na plata. Tie pari se isplanirani isto kako sto se plakaat komunalii I se stedat so namena na kupuvanje nesto prioritetno(kola, stan,shkoluvanje, renoviranje).Zavisno od celta I od moznostite tolkava e I sumata.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    3.451
    Пол:
    Женски
    Доста добра идеја, баш како режиски трошоци и не ги осекаш многу
    Дури и мала сума да е се собира
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IvvaNeo

    IvvaNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2022
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Штедам, имам сметка која не е поврзана со картичка и таму само префрлувам, а не вадам. Немам план на што би потрошила ама млада сум сигурно ќе испадне нешто важно
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeMyFriend

    BeMyFriend Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2023
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Машки
    Јас па само вадам и ставам во девизната, среќа што имам солидна плата па можам да ги вратам и да ги надополнам за тој месец.
     
  17. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    3.275
    Пол:
    Женски
    Имам отворено 2 детски фондови кои парите за роденден одат таму на децава, и секој месец со траен налог ми се префрлаат таму. Наменети се за на 18 год да прават со нив што сакаат патување ли, кола ли што било.
    Од плата оставам колку можам ама па цела година што оставам секое лето дома правиме нешто.
    Морам да признаам дека во добра финансиска состојба сме последниве 4-5 год. Пред тоа плата одеше цела освен за детските фондови ми беше штедење.
    Бонусот што го зимам од работа секогаш оди за зимување и летен одмор,
    Но секогаш велам тешко на тој што не може да заштеди, оти јас ако немам пари на страна не функцонирам.
     
    На SummerGirl и Снегулк@23 им се допаѓа ова.