Темата е дали штедите електрична енергија, познато е дека штедејки струја не само што штедите средства кои можње да ги употребите за други работи туку и придонесувате за зачувување на животната средина. Покрај тоа дали, би сакал да ни кажете на кој начин штедите струја. Дали имате штедливи сијалици исклучувате ли тв, компјутер, сијалица кога не сте во собата. Водите ли ред околу тоа да оние работи кои може да ги одложите да ги направите во период на ефтина тарифа како што е пуштање машина за садови, за перење, болјер. Па со нашето кажување можеби ќе влијаеме на младите членови на форумов за да навреме се едуцираат као да заштедат а во едно да ја зачуваат животната средина и во што подобра форма да ја оставиме на идните поколенија.
Дали штедите електрична енергија. Па се обидувам да штедам. Кога не ми треба нешто секако го искучувам нема потреба да стои цело време
Штедам струја колку што можам кога седам пред компјутер го исклучувам тв затоа што и онака не му обрнувам внимание, порано имав гледано во една од емисиите на Опра дека најмногу се заштедува електрична енергија кога ги исклучуваме апаратите од штекер, значи ако некој од апаратите дома ги користите поретко исклучете ги... штета што ја укинаа денската ефтина тарифа..
Се обидувам да штедам колку што можам. Машина за перење уклучувам на ефтина струја. Готвам најчесто на скапа струја, за кога ќе си дојде маж ми од работа ручекот да биде тазе. Бојлерот ни е постојано уклучен. Заради малиот мора постојано да има топла вода.
Штедиме колку што си е границата во нормала, исклучување на непотребно светло, пуштање машини и бојлер на евтина, (освен кога нормално се мора да се пушти бојлерот), штедливи сијалици, гаснење на компјутер при некористење и слично...
Штедам само со пуштање бојлер на ефтина струја. Компјутерот стално го оставам уклучен, системот исто. А со тоа штедам на сијалицата во соба, комјутерот ми свети И да не работам на него седи упален за музика да си пуштам. За другите работи сега мајка ми му ја мисли. Здравје кога ќе треба јас да се грижам за цел дом се надевам дека ќе можам да бидам поштедлива
Дали ако постојано е бојлерот уклучен и само ја догрева водата што се троши и го подесиш на некоја средна температура што сега за летно време е таман, помалку или повеќе ќе троши отколку да го пушташ секој ден, навечер пример на евтина и го гасиш сабајле? Читам на нет и секој различно кажува, па дали некој од вас знае од искуство?
Кого почнав да го вклучувам бојлерчето во кујна само по потреба, пред да замијам нешто, сметката за струја ми се намали 200 -300 денари. Обично садови на рака перам преку викенд, во Недела кога секако е евтина струја и тоа само работи кои не идат во машина (земјани тави, пластики за фриз... ) Перам и машина за садови пуштам по 22:00 часот или во Недела (во недела една обавезно). Бојлерот во купатило го исклучувам сабајлечки пред да влезам да се туширам а термостатот ми е наместен на економик (некаде околу средина) што е сосема доволно вода и за туширање, перење коса, бричење.... Повторно го вклучувам после работа ако планирам вечерта да излагам (мада за брз туш има доволно топла вода) или пред легнување на евтина. Новите струјомери ги регистрираат и апаратите што се на стенд бај како ТВ, ресивер и слично. Обично го ислучувам телевизорот на дугме пред да излезам но не секогаш. На сијалици не штедам. Сакам да ми е светло. С*х ислкучиво со упалена лампа, свеќи, вотевер Тука не штедам
^ Јас се обидувам да ја убедам мајка ми дека нема врска што е уклучен цело време кога секако си е подесен да се исклучува сам кога ќе се згрее на одрендена температура, и не се троши енергија, ама џабе. Мој другар ова со години го практикува,бојлерот му е цело време уклучен а се колне дека не плаќаат повеќе од 3000 месечно за струја(во куќа живее). И ме уверува дека е така, зашто кога и да одам кај него свети бојлерот. Пробај еден месец ќе видиш какви резултати ќе даде, нема друго чаре. Мене што не ми даваат не ми даваат и некако не можам да ја убедам дека е така. Посебно ако има понова и помодерна инсталација и бојлер пробај еден месец не го гаси. Ние се имаме исклучено од ефитна и скапа цело време ние е средна, така да не ми прави разлика кога го пуштам, ама има ситуации кога ми треба итно, а нема вода.
Го пуштив од 1 Јуни да пробам така ама 2 дена гледав како сијаличката стално свети и срцето почна да ме боцка па го исклучив Туку пребарувам низ нет овие денови ама изгледа треба да пробам па да видам.
^ Ако си економист по професија јасно ми е се шалам. Не знам стварно и јас имам многу размислувано на темава, имам убедувано дома и џабе. Вајда ако знаеш некој електричар прашај го може поискусно да те посоветува и да ти кажа него да си праиме експерименти на наш трошок. Јас мислам дека има логика, зашто се троши енергија додека да се стпли, кога ќе се стопли се гаси термостатот и не работи и не троши енергија. Е сега водата и од стоење се лади нели, па така ќе се укчучва секој втор ден сам и ќе троши. Ама пошто секој втор ден и некој се бања, шлапка или незнам што исто ќе му дојде. Ова е мое мислење, можда е грешно не знам, ама јас кога ќе иам мој стан ова го пробувам па што сака нека е
Потврдувам и јас за бојлерот - цело време ни е уклучен, и самиот си се вклучува само кога треба да догрее вода, што е многу многу помалце отколку да го чекам да се наполни од 0. Сметка повеќе од 1500 (без греење) до сега не ни дошла, а имаме и сушара (тие што имаат знаат за што зборам )
Ок, значи одам да го вклучам пак па ако издржам до крај на месец ќе ве информирам како е со сметката.
А бе ти можеш и инаку да се грееш братче, ама касно палиш, она сменала постелнина, а ти бившата ја ставаш тема на муабет Добро е, еве уште една потврда за бојлерот, значи нема да викате само по мене ако заебе нешто ЕВН
На ова заборавив. Бојлерот може да е цело време вклучен и да работи економично само ако нема каменец (или е од тие модели кои не фаќаат). И најважно што не е поврзано со штедење, гасете бојлер додека се бањате. Еве го и советот на баба Зора: Драга Баба Зора, дали е ризично да се бањам со укључен бојлер? Одговор Ма јок! Тури и једна грејалица унатре, као и појачало неко и некојси вентилатор да је таласа сва та вода. Плус и један тостер, вокмен, раутер, принтер, миксер, шредер, мало решо за кафе (турско), затим два-три вибратора, па и нека столна лампа лајк шоу подводен да ти прави. Па баш да видимо што прво ќе те убије
скорпионка и јас потврдувам за уклучениот болјер. маж ми е инжинер па по негови пресметки поекономично е да биде цело време уклучен. и сметката за струја воопшто не ни е висока за разлика од кај мајка ми е која е сама и го уклучува болјерот по потреба и пак сметките за струја и се високи. пробај овој месец немој да се замараш многу и ќе видиш дали има разлика.