Мислам дека нема поштедлив човек од супер бабичката на маж ми. Таа откако ќе си ги изгледа сериите, не само што го гаси телевизорот и ресиверот туку и го гаси продужниот кабел, за да не и светат црвените сијалички на тв и ресиверот, трошело струја тоа.
дедо ми е електричар,работел во дистрибуција сега е во пензија ,длабоко фрижидер строго навечер работи од 22 часот до сабајле до 7 ,болјер никако штета и што се расипа,само компјутер и телевизор преку ден чат пат некоа неонка ке светне ,а да не заборавам и перална навечер ,ептен нешто вонредно преку ден ахаххахахахаххаха
Мајка ми најмногу штеди Бољер само во недела.. обичен ден има изнаредено шишиња во двор и со нив се тушираме перална навечер после 22 часот, компјутеров ако некој не седи се гаси обавезно, без потребно сијалица да гори.. нема шанси , полначите за телефони ги вадиме откако телефонот е полн. Имаме плин од оние големите и на него се готви, елекричен шпорет се користи само ако треба да се пече нешто.
Moira, ова неверојатно, ама вистинито? Ние се грееме на парно, си плаќаме зиме-лете и тоа чудо, ама струјава не скапа... под 3000 не сме, а ко божем внимаваме... Не можам никако да разберам како. И јас имам сушара, ама дури и тоа многу ретко вклучувам (ова мн. ретко=еднаш месечно) парното е мн. јако, па брзо ми се сушат работите. Единствено што готвењето си е на скапа струја, ама не ми се верува од тоа да е. И сакав да прашам, имате скапа-евтина или еднотарифно броило? Јас и мм сакаме еднотарифно, ама се води на име на свекорот, а тој не сака да ни дозволи зашто мисли дека така ќе било поскапо.
Спомнувате сметка од 1500 денари?Па како бе луѓе?Мојата никогаш не е помала од 2200 денари. Бојлерот го вклучувам ноќе после 22 часот ,и нормално преку ден доколку има за тоа потреба.Бољерчето во кујна го исклучив,и навистина сметката е помала за 200-300 денари.Машина за перење секогаш навечер или во недела.Последен пат ја вклучував кога имаше ефтина тарифа.Готвам на плин,рерна кога мора нели.Машината за сушење не сум ја вклучила од март месец. Гасам тв,компјутер кога нема никој,не палам сијалици непотребно,и пак е висока сметката. Не се грееме на струја. Имам комшии кои се бањаат со шишиња пластични на сонце,мене ме нервира тоа.Иако можеби заштедува. И така...крати ваму,крати таму и пак големи сметки.
Јас како неженет (читајте нештедаџија ) не ми преставуваше проблем околу сметките :geek: .Но сепак сите оние уреди почнувајки од компјутери 3 ,телефони ,мах тв ,тв итн и тоа како ми ја загреваа собата па дополнителен трошак почувствував кога климата мора да работи подолго време поради тоа :geek: ..Е сега почнувам да шетедам и јас се живо гасам кога не сум дома
Штедиме ел.енергија така што имаме проточни бојлери во кујна и бања, осветлувањето ни е со неонки и штедливи сијалици (24W a светат како да се 120W) и тоа оние со ознака warm white - попријатни се за очите. Исклучок ни се сијалиците за столните ламби - обични 75W, бидејќи штедливите сијалици не чинат да се во близина на очите (емитуваат UV зрачење во радиус од околу 30cm). Готвиме претежно на плин, а рерната (ако има потреба) и машината за перење ја пуштаме по 22ч. односно во недела цел ден (зависно колку има потреба). Значително ни се намалија сметките откако почнавме вака да правиме.
Спојлер Скапа-ефтина струја имаме, ама сушарата НИКОГАШ не е пуштена после 22, зошто малата спие и да не и` бучи. Мајка ми ја пушта секогаш преку ден, тогаш и се готви и се пери, тогаш се` се прави. Бојлерот никогаш не е исклучен освен кога сме на одмор, имаме штедливи сијалици и не готвиме на плин. Неверојатно не знам, ама вистинито - да
Oваа бабава ништо не држи во штеќер во кујната. 3начи, микро печката ја вклучува по потреба итн.. Hавечер сите штеќери во собата ги гаси, ништо не е вклучено,ни нет ни тв . баш ме интересира дали и колку енергија би можело да се заштеди .
Сум заборавила отчет да дадам. Откако е постојано вклучен плаќаме 300 ден. повеќе секој месец, за тие што ги интересира дали троши исто или повеќе...
Јас сум невиден штедаџија, поголем нема од мене, јас дома сите ги ставав во ред за помалку да се троши струја НО како бре a.c.k.a фрижидерот за длабоко само навечер, а преку ден И ај ако не го отвараш нема да се одмрзнува, но сигурно неколку пати ќе го отвориш. И што ако една ноќ заборавиш да го уклучиш, оде све у пропас.
штедам така што внимавам кога што вклучувам, лап топот си го вклучувам преку ноќ да ми се наполни батеријата и преку ден ги трошам 4 часа колку што ми држи батеријата, машината за перење на алишта ја вклуцувам исто така преку ноќ...
Od ovoj mesec novi smetki za struja ... dali imate namaluvanje na smetkite otkako vovedoa dnevna eftina struja po 2 casa ? Jas se trudam da stedam sk toa sto masina za perenje bojler gledam da gi pustam samo na eftina struja toa e preku den od 14 do 16 h i navecer od 22 do 7 sabajle ... se greeme na struja pa so toa imame malce problem klima panelki ... me interesira dali nekoj znae dalimnogu trosat panelite ? Da ja aktivirame temava bidejki so stedenje doprinesuvame i za zastita na zivotnata sredina
Сите сјалици дома ни се по 60W, имам навика цело време да гасам светло по дома и кога треба и кога не треба.
Се обидувам и јас колку толку да штедам. Перална вклучувам после 10. Бољер исто така, или преку ден од 14h до 16h. Готвам на плин а плус купивме фурна на плин. Е за клима и за сијалици не пазам