На ништо не штедам во поглед на електричната енергија, освен што најчесто ми се фаќа да пуштам машина за перење навечер, пошо тогаш сум најслободна и фактички работи на евтина тарифа.
Ги сменат сите пијалоци, спирални или лед. Машини за садови и за алишта само на евтина тарифа. И пак идеа сметки и над 3000 денари. Старите имаат греалка, момилево и то, пак секој ден капење со целосно трошење на топлата вода. Ова година ги забраниме греалките и капењето ко ќе ни текне. Објектот се укличуца само на евтина струја и нема секој ден и по 2 пати да се душираме. Кубам на плин, и се трудам рернава да не ја користам толку често. Сметките ги намаливме до 1700-1900. Сега Бојлерлето го исклучив, купив пророчка чешма, ќе видиме сметката уште колку ке се намали.
Вие што користите инвентер клима уреди за затоплување, ме интересира дали навистина поефтино ви е греењето со нив ? Да немав уплав од плин, би купила и јас ваква, со оглед дека рерната е голем потрошувач на струја.
Штедам на греење. Се грееме со клима. Машина пуштам секој ден. Шпорет исто така. Бојлерот ми е 24/7 уклучен. @g8lQQk поисплатливо е со клима. Јас имам инвертер. 24/7 е уклучена.
Инвертерот од 2000денари месецно неможе да изтроши повеке а тоа тие кога е -10 надвор за 2000денари ако згрееш 60квадрати со нешто друго поефтино пиши
не е проблем да ти одговорам јас нели? толку колку шо плакаш секој месец и тури си +1500-2000ден сега последната ми е 2700 со се сушара ,готвам на струја ,перални фрчат по 5-6 исто и сушари неделно и плус се греам на струја
Бојлер уклучувам секогаш на евтина, исто и машина за алишта. Машина за садови и за сушење алишта немам. Ручек обично правам од 2-4. Телевизор немам. Кога сум сама некојпат и сијалица не уклучувам, освен во вц. Е само климата кога сум дома скоро цело време е уклучена, ама иначе ладно ќе е.
Со промена на старите електрични уреди со нови се заштедува мноху на долг рок, пример нова машина за перење алишта со инвертер мотор
Да ја оживееме темава. Посебни сега кога се очекува енормно зголемување на сметките за струја Начини како штедите, како пазите, што финти имате, оти набрзо ќе биде лудо.
Цело време на евтина струја пуштам перални, бојлер. Најдобри се соларните, луѓе што ги имаат многу повеќе штедат отколку ние со пазење..
1000 ЕУ е соларно. За колку време ќе имам поврат на средства? Ја сметам со метла секој ден, еднаш неделно правосмукалка. Машина за викенд на евтина, сијалици гасам иако не трошат многу.
Уфф.. Повторно ли се очекува ново поскапување? За колку ќе се поскапи ? Значи, се е поскапено и тоа наеднаш....... Леб, масло, плин, нафта, струја, други основни потребштини во земјоделието (препарати, материјали за работа, ѓубрива... се енормно покачени, некои со дури над 50%), што е ова што ни се случува? До каде ќе тераме вака?? Немаштија, безпарица! Само давај ни Боже здравје!!
@Cka Ние откако наместивме соларно, осетивме разлика на сметката и тоа уште во првиот месец. Го работиме преку цела година. Имаме и изолација на главната цевка, но ако ептен стегне зима, тогаш не го работиме максимум 2-3 недели. Инаку, преку цееела година имаме нон-стоп жешка вода и дење и ноќе. Поврзано ни е и во кујната и надвор на чешмата. Се преродивме. Вреди секој денар. Воопшто не жалам за оваа многу разумна инвестиција. И плус, ако потаму ви се намноже фамилијата, можеш комотно да си додадеш уште едно буре. Во зима ако не затоплува, си има грејач. Грејачот е на струја, да. Но, само малку зраци сонце да види (иако е надвор ладно), водата сепак ќе се стопли. Презадоволна сум. Мислам и дека не е ни важно од која фирма ќе земеш. Поздрав
Јас за во соба си користам аспиратор, ништо страшно, и ламинатот го метам со голема четка. Си вклучуваат домашните правосмукалка, не дека не, ама па мене ниту ми е тешко, ниту ми е страшно 2-3 трошки и влакна од коса да ги соберам со аспиратор. Читав вчера дека храната ќе поскапува до Нова година. Кај мене на работа пред два месеци дадоа покачување, ама кога се ќе поскапе, нема ни да осетам дека сум добила покачување.