Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штедење електрична енергија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tazna-solzicka, 10 март 2013.

  1. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Кога пуштате на ефтина штедите пари, не електрична енергија.
     
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    3.822
    Пол:
    Женски
    Така е секаде до дома не можеме да стигнеме навечер по темните улици а уличното осветлување го плаќаме исто како и претходно
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    3.822
    Пол:
    Женски
    Јасно ама не може соодносот да е скоро исто потрошена енергија а ништо да не е вклучено на скапа
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.998
    Допаѓања:
    12.703
    Mислам дека крадат. Пријателка живее сама во голем стан, и не се ни врти дома, по работа, кафиња, и уште пред 2 години плаќаше по 9.000 денари, а сега не знам колку ќе плаќа оваа зима. Оган и пламен. Мора да се плати туѓата струја.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    12.074
    Пол:
    Женски
    Готвење на ефтина, пуштање на бојлер, машина за садови и алишта на ефтина, метење исто на ефтина и максимум искористување на ефтината во недела. Со пазење колку што се можи се добива помала сметка за струја
     
    На NoirSerpentine и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  6. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    8.633
    Пол:
    Женски
    Јас живеам сама и максимум што сум платила е 1800 денари во зима бидејќи се греам на клима. Останатите месеци претходно плаќав по 700, сега 800 до 1000 денари со покачувањата. Ги практикувам следните "трикови".
    - Не сум дома цел ден т.е сум на работа и се враќам накај 17 часот дома. До тогаш нема никој и не се троши. Во меѓувреме гасам се` од штекер што не се користи, чак и рутер и полнач и машина за перење. Се е вклучено кабелски само ако се користи. Само фрижидерот работи 24/7 нормално. Имам прочитано дека се што е приклучено во штекер троши струја, без разлика дали се утилизира.
    - Бојлер пуштам преку една ноќ, навечер после 22 и полни цела ноќ. Автоматски се гаси, а од копче го гасам кога се будам во 7 за на работа.
    - Машина пуштам во недела. Ако се насоберат многу алишта, пуштам и преку неделата ама исклучиво после 22 часот.
    - Ќе почнам да греам тек во јануари. Имам одлична изолација и прозори. Моментално чувствувам топлина од соседите, под мене и до мене имаат градско парно и многу се одразува на температурата кај мене. Ако почувствувам повеќе студ, облекувам топлинки и се покривам со лесно кебенце во дневна. Годинава уште не сум почнала да греам, климата уште е на ладен setting од летото.
    - Често чистење на фрижидер. Фрижидерот троши многу повеќе ако во него има акумулиран мраз. Одмрзнување и чистење барем 1 месечно.
    - Кога готвам тоа е секогаш после 22 часот колку и да ми се спие.:(
    - Чај, кафе, варење јајца и сл. секогаш на плинско. Не уклучувам индукциска рингла за ова никогаш.
    - Сите светилки ми се лед. Но, јас како човек воопшто не сум љубител на светли места. Уживам во темнина. Кај мене дома единствено што свети е светилката од аспираторот (лед) и телевизорот. Ова е чисто до мојот карактер, не можам да поднесам светло, го користам само ако морам и во просторијата што морам. Во меѓувреме се е исклучено.
    - Генерално сите уреди дома ми се се A++ штедлива категорија.
    - Немам машина за садови, мијам на рака ама со ладна вода. Не користам болјерче, освен ако има мрсни садови (ретко).
    - Полнење на апарати (лаптоп, телефон) секогаш навечер после 22h.
    - Сушам алишта на сушара, не користам машина за сушење.
    - Пеглам по потреба на евтина струја, не го пеглам купот алишта после сушење. Исто и со усисавање, гледам да е најчесто што можам во недела.
     
    Последна измена: 7 ноември 2022
    На NoirSerpentine, Ani45 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    14.262
    Пол:
    Женски
    Јас лично сакам светлина и каде и да седам а е малце стемнето пуштам светло.
    Единствено е што почнав од штекер да ги вадам полначите да не стојат така без везе. Болјер полниме два пати еднаш навечер еднаш на пладне дека и јас и брат ми сакаме врела вода и бањање секој ден по цел саат:whew:
    Машина на ефтина пуштаме ама ептен дека преку ден се нема време за тоа.
    И машина за садови исто навечер пуштаме.
    Готвиме на шпорет електричен не пазам колку е саат.
    Климата исто работи 24/7.
    нема многу разлика и да пазиш и да не разликата е околу 2-3илјади што кога ќе ја поделиш на членовите во семејството испаѓа дека џабе ќе се замараш и ќе се припазуваш.
     
    На cresa-jagoda и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  8. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.301
    Допаѓања:
    12.400
    Пол:
    Машки
    Гледам да искористам евтина струја, но ако се раководам исклучиво по тоа, се ќе треба да правам по 22 часот, ко вампир… :rofl:

    Готвење ручек, често оди на скапа, ретко готвам на евтина однапред за наредниот ден. Метење тоа, освен во недела, исто на скапа.

    А бојлер, машини за перење најчесто на евтина.
     
    На Anie93 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    3.822
    Пол:
    Женски
    energy-save.jpg
    за почеток заменете си ги сите светилки со лед, навистина многу менува
     
    На Памела77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Ми требаат пари за да си купам лед светилки. И вака и така у минус сум.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sweet&girl

    sweet&girl Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    214
    Во сметката онлајн гледам нешто за субвенционирање на струјата, ама во пресметката не гледам дека е тоа вкалкулирано.

    Capture.jpg
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Вкалкулирано е :D Тој износ е со субвенција, инаку поголема ќе ти била сметката.
     
  13. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    Колку што се може користење на уредите на евтина струја. Тоа е единствениот совет затоа што останатите ги има низ темата.
    Единственото нешто што никогаш нема да го направам е замена на обините сијалици за ЛЕД. Секако нема да направи некоја посебна разлика ама и те како ќе направи за мене и моето здравје, а се состои од тоа дека ЛЕД сијалиците се штетни за очите и придонесуваат пореметување на спиењето (има многу студии за ова). Дополнително е што ми пречи таа бела светлина. Знам дека има и жолти ама тие пак се премногу жолти па ќе мора две со една или две и на крај пак е иста потрошувачката. Ова е за собите во кои најмногу престојувам, а за останатите па и не ги вклучувам толку многу за да може да направи некоја посебна разлика.

    Останатото е внимавање колку се може да се вклучуваат уреди на евтина струја, полна машина за перење наместо полупразна, вадење полначи од штек...

    А тоа што се штеди на улично ми е крајно дрско однесување ама не од ЕВН туку од општините зошто тие мислам дека се одговорни за гасење на светлата. Барем нека направат да има светло преку една бандера или преку две, а не вака има луѓе што стануваат рано за работа или се враќаат доцна и ај тоа па треба да се плашат кучиња да не ги изедат во тие темници.
     
    На see.emily.play и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  14. sweet&girl

    sweet&girl Активен член

    Се зачлени на:
    5 август 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    214
    Е па не е. Киловати се помножени со регуларна цена за производство. А и сметката е колку што очекував да биде отприлика.
    Да била субвенцијата вкалкулирана или ќе множеле по друга цена или ќе пресметале попуст некаде. Ама бројките се регуларни.

    Овака излегува ги лажат луѓето дека повеќе потрошиле, а субвенција никаде нема пресметано.
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Регуларната цена што ти ја гледаш е со вкалкулирана субвенција инаку ќе беше многу повисока таа цена.
     
  16. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    3.822
    Пол:
    Женски
    Цело време на тв само слушам штедете, штедете... користете ефтина тарифа. Колку помалку трошиш,помалку плаќаш.
    Како да штедиме кога е зима, како да се грееме, или треба да мрзнеме
     
    На NoirSerpentine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.312
    Пол:
    Женски
    Секако дека не, ама луѓето веќе изгубија осет. Оние со парно се жалат дека не им било топло (кога беа температурите до 20, пред 3 недели). Седеле (пази) облечени :|... Мене ми е нормално да се седи и со џемпер во зима ако е студено и се гледа ТВ, на пример. Ненормално ми е седење по куси ракави. Сфаќам дека се работи за комоција ама зима е, а во лето тие се истите кои ги ставаат климите на 18 па ако се погоди да работиш на место со такви луѓе има да си шмркаш цело лето, а ако се работи за институција или нешто слично - огромната температурна разлика за клиентите е страшна за сите, а особено за повозрасните или хронично болните.
    Таквите при најмала неудобност почнуваат со плачки. И сето ова е влијание од САД (и нивни филмови). Пред некое време ми се мерна еден цитат што ќе го парафразирам, а беше изјавен од европјанин: вие американците не дозволувате да ги почувствувате годишните времиња, не уживате во разликите и не ја прифаќате природата. Така некако звучеше. И навистина е така, а истото почна да се појавува и кај нас.
    Јас не можам да завршувам работи зошто често возам точак и летно време од 40+ влегувам во простории климатизирани со температори на половина. Едно време и работев со текви што носеа сакоа ама за инает ставаа да лади на 18 степени целзиусови. Зимно време поретко возам ама носам дебела облека и кога ќе влезам, некои од /продавниците се претопли, ама ова не го толку оспорувам затоа што и тие вработени мора да имаат услови за работа.

    Малку се изнервирав, let me digress :D патем не за тебе, на други луѓе и нивни муабети ми текна (евидентно :D)

    Џемперче, термо чорапки и калчини/калчуни/топлинки (кој како и да ги нарекува) и за седење пред ТВ ќебенце :) Во зависност од тоа кој на што се грее, доколку е во можност нека ги исклучи од греење дел од просториите (ходникот и спалните пример или да се стави преграда или перде ако нема врата), па ако е неопходно, нека ги загрее за спиење (иако е препорачливо да се спие на студено, ама јасно ми е дека секој не може....јас прва, ама не се давам, уште не сакам да загреам, а нема ни врска со штедење туку со мојот инает :rofl:).

    Ова се препораките од владата. Добро е што се сетиле после 6 месеци конечно да присоберат мерки за штедење ама дека нели, според нив, све било под контрола па така..си доцнат...
    Бектеши и Ковачевски: Донесени мерки за заштеда на струја за безбедна зима, производството на електрична енергија на АД ЕСМ зголемено за 15% | Влада на Република Северна Македонија (vlada.mk)

    Ми кажуваат пријатели во различни држави дека имале доста стриктни препораки, а и во нивна корист е да штедат зошто им удира по џеб. Туширање само 3 мин, избегнување на полнење кади, туш само со млака вода и сл. А имаат и многу бизарни мерки што дури мислев дека се саркастични...
    Може да си видите кои се препораките и во другите држави па ако видите некоја интересна препорака ќе може да ја примените или препорачате.
    Кај нас, го разбирам гневот на луѓето што не сакат да штедат затоа што штеделе - не штеделе, секако удира по нивен џеб особено затоа што е познато дека сите плаќаме за одредени општини кои не плаќаат.

    Едит зошто се сетив на препорака за штедење: термофорчиња на вода. Тие што ги имаше порано, олд скул сега на големо се распропстранети и популарни низ Европа. Ако немате такви, пластични шишиња исто завршуваат работа (пластиката е препорачливо да биде некоја подебела и внимателно со затворањето :) ).
     
    Последна измена: 23 декември 2022
  18. Памела77

    Памела77 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас знам прецизно секогаш да израчунам колку ќе ми е наредната сметка.
    Баш ќе видам дали ќе е намалена
     
  19. Памела77

    Памела77 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Како тоа ти го запримети?
     
  20. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Со новите блокови на ЕВН како е можно да се заштеди ако се грееме на клима од 5 кв?