1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штикли на 14 години? Да или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од CrazyCrazy09, 8 јуни 2014.

  1. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    имам 14 год. и досега никогаш немам штикли облечено за некаде. Но немам ништо против тоа. Секој има право на свој живот :geek:
    Минатата година на полуматурата 50 % носеа штикли..(кај нас) :talk: ... Стварно се заинтересирав за оваа тема кога прочитав еден пост: "Кај нас во школо имнаше родителска, и решија дека нкој нема да носи штикли" |( Баш се зачудив...ама биле строги овие :tmi: :tmi:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.910
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Мислам дека немораше да отвораш нова тема за ова можеше да пишеш во темата за Полуматура

    Јас мислам дека рано ви е за носење штикли,сега кој како си сака , ама телото уште не ви е добро развиено а пред се сте се уште ДЕЦА. И цел живот ќе носите штикли тој преиод нема да го прескокнете , мојата генерација за полуматура пред точно 11 години зборувам , никој не носеше штикли туку сандала на полна пета и не толку висока. Штикли тогаш никој не носеше,сега овие генерации се збеснати повекето се како теткици на 14 години :x
     
    На candy.cane, DimovskaSandra, Dreams.678 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Убаво ти кажаа можеше во темата за полуматура да прашаш, нема потреба од нови теми. :)
    Инаку мое мислење е дека на 14 години си мала за штикли, имаш време за штикли. Најубаво земи си некои балетанки. :)
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Јас само мислам дека треба да се преименува темата во „Соодветна возраст за да се почне со носење штикли“ да ги поучиме тинејџерките дека животот е пред нив и имаат време за носење штикли, како и кои се штетните страни на истите при носење во тинејџерските години кога телото е се уште во развој.
     
    На candy.cane и teressa им се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Покрај такви обувки денес, секакви разно-разни чевлички и сандалки, патичиња, чизмичиња, од толку многу избор, не знам зошто уште толку мали со штиклите? Уште сте деца во лицето, млади, убави, допрва да созреваат, цел живот пред нив, пуштете нога во нешто поудобно, знам дека во ташничката за полуматура си носите чевличиња.
     
    На BojanaLegija, Elena69221 и babyblond им се допаѓа ова.
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Штикли на 14 години :^)
    Премногу брзате за да пораснете.Се уште сте деца и потрудете се да изгледате соодветно за возраста.Стилот се гради низ годините,а не одеднаш.
    Јас имам повеќе од 30 год. па облекувам штикли само во посебни прилики.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Мислам дека штикла со висина 10 см и повеќе е идеална за вашата возраст, под услов да се носат и на училиште, комбинирани со колку може подебел слој на црвен или розев дреч кармин, слична боја на лак за нокти и по две-три алки на секоја рака, пирс на нос и веѓа задолжително, а може и тетоважа која ќе ѕирка на грбот, рамото, под пупето или кај глуждот на ногата.
    Деколтето да не го ни спомнувам, тоа е разбирливо за со штикла, фармерка тесна и тесна маичка со голо стомаче, сега бидејќи е топло може и кратки фармерски панталончиња троа напикани во газот (многу добро одат со штикла десетка+), ташничка некоја лакована било каква, може и плик ташна, и онака нема потреба од книги за на училиште, се си знаете вие, само ајфонот никако во ташна туку стриктно во рака да го држите, инаку што ќе ви е во ташна кога никој нема да го види.
     
    На 420, lonelyheartsclub, Kimora и 17 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    договорено... сигурно ти така си праела сега нас што не советуваш. инаку ајфонот и така врака секош го носам.
     
  9. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Јас имам 16 години и никогаш не сум облекла штикли :lol:
     
    На BojanaLegija и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Штикла на таа возраст не, за да не изгледате како прекршени роботи кој едвај се движат...
    Ке си ги барате годините некогаш :) :) :) :) Бидете тоа што сте-деца.
     
    На DimovskaSandra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Мислам,имам 18,а сеуште носам штикли четири-пет пати најмногу во годината.
    Прво,неудобно.
    Второ,ќе се искривите уште од мала возраст.
    И трето,џабе толку прчење и правење големи.
    На крајот и здравјето и детството ќе се бараат.
    [​IMG]
     
    На candy.cane и DimovskaSandra им се допаѓа ова.
  12. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Сама ќе си одлучиш.Јас имам носено штикли 5 цм.високи и по 1час си ги сменав во пупиња.Ќе те болат нозете.Ама и за полуматура нема да и е удобно таа што ќе носи штикли.Освен ако планира цела полуматура да ја поминеш на стол.
    Мене глупаво ми е што велат на 14 мали сте за штикла.Пример јас сум ниска и има модели на фустанчиња кои ми стојат на телото,ама ме прават ниска.И затоа треба штикла.Таков модел на фустан си купив ноември месец и со нив и првите штикли.
    И нема да си го скратиш детството,ако еднаш облечеш штикла,секако само да не е повеќе од 10 цм.
    Не гледам причина зошто да не се стави ниска штикла,еднаш годишно.Тоа нема да ти го скрати детството.
    Ама пак 15см. на 14, тоа не личи веќе..Иако имам другарка која,баш сега за полуматурата носеше 15 см штикли и фустанче и изгледаше за матуранка,а не за полуматуранка. :worried:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Искрено кога ќе размислам, и самиот поим „полуматура“ ми е бесмислен. Што се слави, кој успех? Па тоа, бирање ресторан или диско. |( Се знае, матура си е матура, кога доволно си возрасен да прославиш со друштвото во елегантна облека која вклучува и штикли и да наздравиш со чашка алкохол. Полуматура.... доволно е секој клас да се собере некаде да си прослави со класниот мислам. Па уште штикли, шиење хаљини со шљокици, шминка, фризура, трепки, нокти.... :tmi:

    Како и да е, непланирано забегав од темата. Сум се изјаснила во темата за полуматура, дека јас на мојата носев сандали на полна пета кои беа високи околу 5 см. И сега да сум полуматурантка, пак би го направила истото. Така да, не гледам причина зашто на 14 години за било каква друга прилика би облекла штикла? Зашто и јас да се малтретирам и да изгледам несоодветно на годините? Плус кило пудра и веднаш може да ме помешаат со 20-годишна, па после имало многу педофили, зјапале во малолетнички.... Да личеа малолетничките на малолетнички, немаше да биде така.

    Прв пат облеков штикли на 16 години и не носев редовно, потоа почнав за секое викенд излегување од мерак, ете. Кога ми помина меракот, па се до денес, носам штикли само за прилики како: нова година, свадба, веридба, крштевка, диско..... или пак излегување во ресторан на музика.

    Да се прашувам сега, не се каам што почнав да носам на 16 години бидејќи веќе личев на девојка и не изгледаше недолично, за разлика од кога имав 14 години. Барем си го поминав тој период и сфатив дека не обожавам високи штикли, сега ми стојат во кутија под кревет. :lol:
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, anabela525 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Која штикла?
    Кои 14 години?
    Абре две леви нозе ќе ви се направат,никако штикла толку рано! :doh:
    Ќе си барате детство после,здравје ќе барате!
    НОНОНОНОНО
    :x
     
    На DimovskaSandra, cresa-jagoda, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Е немав ајфон, ама имав ајпогоди (ова од една феминка :* кисче за неа)

    На тоа време учевме и затоа сме паметни, не мислевме на штикли, петинг и онанишење. :lol:

    Ти носи си го ајфонот и на мочање, прави си селфи од кекензи и мочензи, ама строго со штикла во wc.

    Не мораш да учиш, зашто ако се обидеш да ја земеш книгата ќе ти падне ајфонот од раце, а и штиклата мора да се прошета.

    :*
     
    На kikkki, MermaidKiky, Feminka22 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    За полуматура колку да ви помине мерак, во ред, не гледам тука ништо страшно. И ние кога славевме полуматура пред милион години тогаш за првпат облековме штикли но не многу високи нормално. Некои се заљубија па не се симнаа од нив од тој ден, но повеќето си се вративме на патики. Како што некој погоре напиша, на толку голем избор денес на обувки и облека, можете прави бонбони да се направите и да изгледате баш свежо, младо, стилски. Интернет ви е достапен безброј комбинации има за ваша возрат. Нека е и мала штикла, само да не е целокупниот изглед кич, теткински или к..вински. А оние што се чудат зошто се слави полуматура ме интересира, вие на вашата не бевте? 4 години си минал со едни луѓе во една училница, сега се разделувате од нив, од професори, од училиштето. Зошто да не се прослави со една забава?
     
    На sweet-star и Cvetetto им се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.910
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?


    Се согласувам со напишаново ама работата е што не се слави како што им прилега на годините туку како свадба да се прави,со кич, тапани,трубачи Боже Боже. И за матура е глупаво , а не па за полуматура
     
    На cresa-jagoda, Lovely93 и Lella им се допаѓа ова.
  18. emptyFeeling

    emptyFeeling Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    5
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    не :)
     
  19. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    AHHAHA LOL! Баш ме изнасмеа :lol: Како прво, досега кај не сум облекла штикла ни од 1cm :angel: Па не дури и на училиште, како второ за учење сите ми се 5 освем физика и мат. за то тебе да не ти е гајле. Како трето не ги шетам штикилите туку стартките <3 Како четврто јас не реков дека сакам да носам штикли, и демек незнам што..Побарав ваше мислење, прочитај го постот повторно. Не побарав да ми кажуваш цитати...и како петто јас сеа кје одам да си ги шетам стартките или "шткилите" ... ама и ти оди прошетај и го мозокот надвор и разгледај околку тебе.
    мхм.. не ни сакам да носам штикли :lol: си купив римјанки <3 :* :*
     
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    ^Kо прво не се обраќа така на некој дупло постар од тебе! |(
    Ко второ, на шала беше пишано ако не виде, али не дека е далеку од вистината, тоа е тоа, секаде со телефони, штикли и разно разни чуда. :^)
    Ко трето не е ова фејзбук, па срциња, мрциња, али добро ај нова си, ќе научиш. :|
    Ко четврто не се пишуваат постови едно под друго, има опција редактирај. :angel:


    Јас сега мојот став да си го кажам за штикли на 14 години, јас ќе носам штикли, но само за полуматура, зошто сум повеќе спортски тип, штиклите ќе ги оставам за понатаму, втора, трета година средно.
    Така да за мерак да си направам, една вечер е, еднаш ни е полуматура, зошто па да не. :)
    Ако ви е мерак носете, има далеку полоши работи од носење штикли една вечер, барем тоа е мое мислење. :)
     
    На kikkki, Feminka22, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.