Кратко и јасно: штикли на 14 години - НЕ! Па и во тинејџерскиве години малку подоцна. Кај се брза толку да се порасне - не знам. Па дискотеки, па пијанчења, па бркање постари дечковци... Па после „Дали сум бремена?“... Журки и све пропратно што оди со тоа - се знае, кога ќе си станете полнолетни, од факултет натаму, кога ќе си се осамостоите колку-толку, кога ќе си станете свесни за себе, своето тело и своето здравје (особено репродуктивно), па ќе мислите на последиците од вашите постапки. До тогаш - балетанчиња, патичиња, скромно однесување, учење за на училиште, читање книги за да знаете да бекнете кога ќе пораснете и така... Еееехх, кој би рекол дека едни штикли повлекуваат олку многу работи, да не речам, одговорности...
Каква врска има возраста со темава? Па побогу, обувки се. Не определуваат ничиј карактер, или бар не би требало. Инаку да, од ортопедска гледна точка дефинитивно не чинат, но за среќа има секакви калапи, повисоки, пониски, кои би можеле да се прилагодат на сечија нога. Патем, не знам зошто ви делуваат невкусно, јас колку што знам никаде нема мерило на возраст кое определува кога треба да се носи нешто. Станува збор за вкус, и слобода на избор, која секој треба да ја има.
Па @Valerin, самата си даде одговор со делот кој го избриша од твојот пост во дел од секунда, а беше во смисла „сакав само да изгледам елегантно, ништо повеќе“, а тоа е дел од карактер, т.е. опишува еден карактер. И тоа е се' во ред, да си сакаш да си бидеш елегантна женска, ама се' во свое време. Повеќево кога ќе се опрчат на таа возраст на штикли, ем не знаат да ги носат, како Бамби се, ем, што се вика, сами си го бараат за некои работи, затоа што сето тоа е проследено со невкусна облека и однесување. Така што да - бидејќи е право на избор, веќе не знаеш, кога ќе излезеш во дискотека, кој колкав е и што е... А за ортопедскиот момент да не зборуваме... Исто како со сексот де - нема конкретна возраст кога би се започнало со односи, ама сите велиме дека 16 и 17 години е прерано, телото уште се развива, така?
Прво, морам да кажам дека многу ме бендисува деталниот и специфичен наслов на темава - „...на 14 години“. Види, и леопардасти хеланки се само облека, па многу говорат за нечиј карактер (барем за мене). Ако ги изземеме луѓето кои немаат пари да си купат облека каква што сакаат, туку носат што имаат, ќе најдат или ќе им даде некој, повеќето од луѓето облеката ја користат за да го изразат својот стил, па сходно на тоа, и карактерот. Точно така. Мислам дека мора да постои нешто, не мора толку строго како испит за возачка, ама барем некаков курс или упатство за употреба, за да може некој да се „качи“ на штикли. Затоа што глетката низ градов е страшна у фреквентните вечери - која се клати, која оди како на прсти, која се соблекла боса - уште само што не почнале четвороношки да одат. Ако више се решите да носите штикли, на која и да е возраст, прво барем научете како.
@Lady Phoenix Го избришав од субјективни причини, бидејќи се сетив дека не треба да споделувам податоци од тој тип. Не е во ред што го стави акцентот на тоа. Штом сум го избришала, сигурно имало причина. Друго, обувка никако не може да влијае врз ничие градење како личност. Општествените класификации и калапирањата кои сега ги наведе влијаат. Уште помалку обувката може да се компарира со било каква форма на блуд и разврат. Еве ти еден пример... Сега отиди во некое племе во Африка, и речи и на некоја четиринаесет годишна тинејџерка да обуе штикли (кои не знае зошто служат). Дали мислиш дека апстрахирана од ваквите сфаќања и морални осуди би се чувствувала поинаку од другите во своето племе? Секако дека не. Факт е дека општеството прави груби типизации, за кои реално нема потреба. Познаничките и пријателките од моја генерација кои носеа штикли, денес се одлични личности. Освен тоа не гледам ништо лошо во тоа една тринаесет - четиринаесет годишна девојка да се чувствува секси. На тој начин го гради идентитетот и ако тоа за неа е во ред, и не повлече несакани импликации е во ред.
Се` додека облеката ви говори за ничиј карактер, преминувањето преку стереотипите и предрасудите ќе биде тешка, речиси невозможна мисија.
Да биде иронијата поголема, во темава 14 годишниве се доволно големи за да носат штикли според повеќето, а во друга тема беа мали 15-16 годишни за да седат дома 7 дена сами
Тоа ми е поентата. Не постои кодекс на облека кој може да се приспособи според старосна граница. Но, постои морална одговорност која треба да ја има секој родител кон своето малолетно дете. Два сосем различни поими се во прашање.
@<3 pleza4e <3, мешаш баби и жаби, ок? Избор на обувки е едно, родителска негрижа е нешто сосема друго. И не ми е јасно зошто почувствува потреба дискусијата од таа тема да ја префрлиш тука.
Реално ништо нема да му се случи на недозреано дете ако облече штикли, ама ако остане недела дена само дома може да има катастрофални последици. Не за џабе деца не можат да живеат сами до 18 години.
Не мешам јас ништо Не е родителска негрижа да оставиш 13-14 годишно девојче со шорцеви во кои и се гледа цел задник, со гол стомак и топ како градник и штикла 15цм ?? Во превод - исто како гола да си ја пуштил да шета?? Колку вакви гледам низ улициве...па се клатат како жална врба на ветер во штиклите што незнаат да одат - пијани незнаат главата кај им е...
Јас како негрижа би го гледала единствено од аспект дека ќе настине облечена така, или малце гадничко е да седнува наоколу со пола задник надвор. Ама дека е негрижа детето да ти носи штикли, малце е претерано. А за вкусови не расправам. И мене ми изгледа смешно.
@<3 pleza4e <3, Не знам ти каде живееш (и во какви кругови се движиш) но јас досега таква глетка досега во Скопје немам видено - ем 13 годишна, ем полугола, ем на 15 штикла па плус и пијана. Изгледа девојчињава околу мене се скроз тапа и затуцани... Ама ете и да е вистина тоа што го пишуваш, од каде знаеш дека родителот знае таа како се облекла? Ти никогаш не си се пресоблекла кај другарка*? Јас да, едно 100 пати Тоа што ти го пишуваш нема врска со родителска негрижа, туку со младост-лудост а низ тоа сме поминале сите до една *или во неосветлен двор од блиското училиште, како што правеше една другарка
Често гледам вакви верувај, а две од нив ми се внуки Родителите знаат, ама џабе очигледно. Родителот е тој што треба да му даде на знаење на детето до која мера треба да оди за да изгледа пристојно за годините. Сите сме се дотерувале и све тоа, ама све си има граница. Денешната младина нема граници.
Во право си и ти се извинувам за тоа, иако не беше којзнае што за да мора да го бришеш, а и не очекував дека ќе го избришеш. Да, обувка не може да влијае врз градењето на еден карактер, но според карактерот си ги бираме, како обувките, така и облеката, едноставно, заедно со ред други елементи тоа ти се нарекува животен стил кој ти го градиш и го има и негува секоја личност. На пример, рокери и металци (кога сме веќе кај обувките) носат Док Мартенс, фуфици што не знаат колку пари имаат ќе се носат у Армани и не знам што, кажи било кој бренд на скапи обувки, спортски типови ќе се носат повеќе во патики и ниски обувки, кежуал луѓе ќе носат повеќе ниски патичиња, ниски чизмички, романтичарки и што ја знам, ќе носат балетанчки и лелеави фустанчиња итн. И сакал - нејќел, надворешниот изглед, музиката што ја слушаш и начинот на кој го минуваш денот ти ја дефинираат личноста. А мене високите штикли па уште на платформи, кратките шорцеви од кои истекуваат задниците на девојчињата и деколтираните топови ми зборуваат за тоа дека тргнале на добар пат по блуд и разврат, за жал. Работата не е само нешто да носиш, туку и како ќе го носиш, што често си доаѓа со годините. Не знам дали би се сложила со ова. Можеби сите тие граници на „кодекси“ веќе се' помалку се почитуваат, па гледаме полнички тетки како шетаат по кратки фустани со растресени целулити насекаде како тинејџерки да се, или пак сме сведоци на тоа како малите деца се облекуваат како мали теткички, па уште и штиклички ќе им носат како играчки на поклон...
Отидовме малце надвор од темава. Иначе, секако дека ми говори, бидејќи луѓето се облекуваат и го градат и негуваат својот стил на облекување во согласност со карактерот. Нормално, на различни луѓе, стилот на облекување на другите им „кажува“ различни работи. Стереотипи и предрасуди немам, но имам сопствено мислење и субјективен став за тоа што ми се допаѓа, а што не. На пример, анимал-принт хеланки не сакам. И сигурен сум дека со девојка која сака и носи такви ствари не би имал многу заеднички работи. Некој друг па, може баш ради „тигарот“ што го носи на газот ке ја бендиса. Значи, не се предрасуди у прашање, туку вкусови и лична перцепција. Поздрав!
Не, не, не!! Имам 15 години и ниту се шминкам, ниту излегувам во град навечер (фала богу си имам друштво, не сум дивјак ) а најмалку да облечам штикли. Сега во Јуни славев полуматура, купив и штикли и балетанки (балетанките ги купив бидејќи знаев дека нема да издржам во штикли) и ги обеков само балетанките. Уствари да, јас ги облеков штиклите ама во кола за накај ресторан ги соблеков и како секое нормално девојче на мои години си го облеков балетанките. И да ви кажам право воопшто не се каам што носев балетанки, ги гледав сите мои другарки како се мачат и како едвај креваат нога на орото. Едноставно се срамев од наставниците да ги облечам штиклите и I'm proud of myself. Инаку сум многу срамежливо девојче. Јас не би можела така да облечам штикли и да се шлаам низ град (зборам за на мои 15 години) бидејќи чувствувам срам кон секој повозрасен.
Според мене нема врска толку годините(секако не мислам за 12/13 годишни девојчиња,тие се веќе мали)но има некои што изгледаат возрасно, се доволно развиени за нивна возраст и изгледаат возрасно имаат оформено тели,нив веќе ги личи на штикла(една од нив сум јас што уште од мои 13 години бев мн висока и нога имав и се, и за полуматура коа имав 14 години бев доволно развиена,личев на девојка со оформено тело,и на никого не бев чудна коа ќе ме видеа на штикли) но не ми се допаѓа коа ќе видам некое девојче кое изгледа и на 15 години како некое прваче и уше на штикли,нозете чечкалици и никако не изгледа,неоформено тело ( како мачорот во чизми!)..Според мене нема врска годините зависи до изгледот кој колку изгледа возрасно
Штикли, танги, провокативни гардероби на 14 години? ЛОЛ... Јас тогаш одев во обични патики излезена и најнормално средена, ова денешниве се.... лудило... Добро бе деца, зошто едноставно не уживате во тие години? Некои тогаш не ја добиле ни првата менструација штикли ќе носеле.. До каде со вашиот памет? зошто едноставно не уживате во она што ви го дава периодот во тие години? Јас до 18 години штикла немам облечено и направете ме луда. И ден денес не носам освен на некои свечености и тоа со молење... Јас сум многу против тоа.