Па еве и сам кажа дека пласираш субјективно гледиште. Што доста зборува за валидноста на твојот став. Анимал принтот не може да соодветствува со ничиј карактер или интелигенција. Али и те може да остави негативен впечаток поради таквите предрасуди, кои дефакто не настанале сами од себе, претходно морала некоја тигрица зад себе да дигне прашина. Е сеа на тебе е да одлучиш дали вреди ради дваесет како неа да праиш генерализации. Иначе, да се надоврзам, овој муабет ме потсеќа на еден неодамнешен настан у парк. Стандард металци оптегнати на едно сепаре, а турбофолкери на друго. И доаѓа металецов им вика ''шо е овој шунд од музика бе'' а овие му враќаат ''а ти шо си се облекол ко смртта'' Контраст боли глава.
Па не знам баш. Јас слушам десет различни жанрови истовремено, и според твојов муабет значи дека јас сум ебиветер чим немам "строго" определен стил? Како и да е, пак ќе речам, ствар укуса е и секој нека си се облекува како сака. Ако некому му годи и гол нека шета, мене тоа не ме интригира. Таков човек сум, едноставно не проценувам луѓе според облека. И одбивам да подведувам луѓе под шема. Сакам различност, издвојување, слобода. Не сакам утре ќерка ми да се чувствува инфериорно во однос на своите врснички, а уште помалку јас да бидам убиецот на нејзиниот стил. Али тоа отом потом... Чисто информативно, имам братучедка која има тринаесет, се облекува ''блудно и развратно'' шорц, штикли. Одличен ученик е и прекрасна личност. И стварно не знам каде ги гледате ваквите девојчиња, дали до мене е, или што е работава не знам, ама јас реално не видов ниту една ваква во моето окружување, иако живеам на прилично фреквентна локација. Од друга страна пак имам тетка со целулит која ужива да носи кратки здолништа, и замислете воопшто не се гадам, ниту пак ја осудувам. И таа е човек, и има право да оди контра модните треднови ако тоа ја прави среќна. Башка, повеќето од тие што одбрале да слабеат, дебелеат од естетски причини, тоа го прават главно ради притисокот од околината. Зошто да бидеме реални кога би биле оставени на пуст остров сами, не би имале потреба некого да импресионираме, па следствено на тоа би се прифатиле онакви какви што сме со сите наши маани и недостатоци. Затоа би рекла ајде да го направиме светот подобро место за живеење, со тоа што би се прегрнале наместо да се критикуваме. Let's.
@Valerin-ке, многу добро го знам тој твој либерален став кон работите и светот и навистина не сакам да ти контрирам поради тоа, секоја чест на таквиот карактер. Покрај тебе јас очигледно делувам како Хитлер со сите мои (за мене), не толку строги, ама споредено со твоите - премногу строги правила во животот. Убаво е тоа секој нека прави што сака, што го усреќува, ама треба да се имаат некои граници, мерки, самосвесност и сепак, некое повисоко умствено ниво од нашево балканско, за да не биде после примена на двојни стандарди или за едни мајка, за други - маќеа. Јас погоре дадов само генерализации за да ти доловам некои работи и како тоа облеката ти го отсликува животниот стил. Но без гајле, сум видела металки на кои шмизли не им се рамни, така да... Ниту си ти, а ниту сум јас ебиветер, кои слушаме повеќе жанрови, а се облекуваме „недефинирано“ (да, и јас се облекувам недефинирано). Точно така, ствар на вкус е, кој како сака нека се облекува и за вкусовите не би требало да се дискутира, ама кога станува збор за нешто што многу отскокнува или е екстремно, па уште се побарало мислење - ќе коментираме, тоа е. Имам и јас братучетка која нормално се облекуваше во прва година средно. Потоа сето тоа се смени. Да, беше одлична, но како ги добиваше оценките (не алудирам на неморални чинови поврзани со професорите) нема да коментирам. Алал да и' е на твојата. Исто така брат ми преку фб ми е ризница на ваквиве девојчиња кои се чудите каде ги наоѓаме. Кога ќе ги погледнам - не можам да се начудам. Личат на се', освен на 15-16 годишни девојчиња. Изгледаат повозрасно и од мене, не само физички, туку и по начинот на живот. А второ, и јас живеам на многу фреквентно место, впрочем во центар на Скопје ако не видиш се' и сешто - нема каде... Погоди што, и јас имам иста ваква тетка. Прекрасна личност е и свесна е за тоа како изгледа, но и како се носи, ама сака да изгледа младо (со кратко фустанче и многу високи штикли кои веќе не може да ги носи како порано, годините ја газат), поради мажот, децата и да не речам, душманите (и јас ја оправдувам). Но ете, и мајка ми која е 3 години постара од неа се носи младешки и добива комплименти колку младо изгледа, а не е стегната во кратко и тесно, што значи дека за се' има начин. Ајде Вал, но јас сметам дека секоја критика која ја упатувам кон некого (особено во живо, тогаш сум многу суптилна и прибрана) е добронамерна, а истото важи и во обратната ситуација. Сепак, понекогаш самиот ти не си доволно објективен и потребен ти е некој од страна кој ќе ти рече уште еднаш пред да купиш нешто или да облечеш - да се погледнеш во огледало. Неблагодарно е да кажам дека облеката не го чини човекот во тема во која се дискутира за облека , ама ајде, нека ова биде споредна тема за критикување. Малку забегавме од темава, ама ајде...
Tврдам дека светот би бил подобро место за живеење, кога луѓето не би наметнувале правила онаму каде нема потреба.
Малце поише, ама кај и да е, ќе се навратиме на 14-годишните од насловот на темава. Точно, во мојот пример дадов субјективен став. Ќе се надоврзам на твојот пример за металците и турбофолкерите подоле за да објаснам што сакам да кажам. Јас не би рекол дека не може. Точно е дека генерализирам, но кога се дискутира општо, а не за конкретен пример, неизбежно е да се прибегне кон генерализации. Од секоја генерализација, т.е. правило, постои исклучок, особено кога се работи за луѓето, што сепак не значи дека генерализацијата е помалку точна или валидна. Ќе дадам и ја еден пример. Да земеме за пример еден металец, кој носи долга коса, црни фармерки и маичка „Sepultura“. Да напоменам и дека немам ништо против металците, примеров го користам само за илустрација на она што сакам да го кажам. Значи, самиот факт што дечково се одлучил да биде подвижен билборд за групава, односно да го рекламира јавно својот вкус за музика говори нешто за неговиот карактер. Објективно, може да се заклучи дека тоа му е омилената група. Субјективно, во зависност од сопствените музички вкусови, може да се заклучи дека дечково има закон вкус за музика, или па појма нема што е добар метал. Еве, друг пример. Дечко што носи маица „I fuck on the first date“. И ова дефинитивно кажува нешто за неговиот карактер, нели? Ја лично и субјективно, ќе заклучам не дека баш е тежок кретен, ама дека у најмала рака има многу лоша смисла за хумор. Некој друг дечко кој има иста таква маица дома у плакар, ќе си помисли „Еј, види го ѕверов“. И така натаму. Значи, се работи за вкусови (за кои нели не се расправа), но истите вкусови произлегуваат од карактерот на личноста. Не велам дека целосниот карактер на некоја личност може да се открие само според облеката, но таа сепак „издава“ барем дел од карактерот на личноста која ја носи. Веќе кога излегов од темава, ќе излезам уште малце, со цитатов од Џорџ Карлин за Џон Ленон. Поздрав!
Скроз офф-топик А демек „разголените девојчиња“ се нова појава Во секоја генерација ги имало, замислете и во нашата ама тогаш не ги гледавме како „блуд и разврат“ туку како модерно облечени цури Кога се појави Бритни со Hit me baby one more time, цела женска тинејџ популација облече ултра кратки топови и се даде на вежбање стомачни Кога Кристина Арилера стана Xtina, се изнагледавме голи задници ама што ќе правиш, во мода дојдоа панталоните со (многу) краток струк. А пред Бритни и Кристина беа Спајс Гирлс, постарите членки паметат како тогаш се облекуваа тинејџерките (кратки сукњи, кратки топови и патики на платформа) Е арно ама, годините си врват, маичките ги спуштивме, панталоните ги кренавме па сега се запрепастуваме кога ќе видиме девојче во кратки шорцови и кратко маиче а забораваме дека пред десет години и ние така сме се облекуваме. Океј, може не ние, ама нашите другарки да (Да не се разбереме погрешно, и мене понекогаш ми е чудно кога ќе сретнам некоја Мајли Сајрус look-alike ама после кога ќе ми текне како јас сум се облекувала на нејзина возраст ... )
Имаат 14год, а кога ќе ги видам направени како тетки, постаро од мене изгледаат. Не само што носат штикили, што се шминкаат со се и сешто, пудра едно кило, облекуаат проокативни работи, дури и прават работи кои не личат на 14год. Немаат сега детство, не ни знаат што е симпатија, туку одма дечковци.
Облеката ја сметам за начин на изразување. Во кои "бои" си се изразил има огромна поврзаност со сопствениот карактер. Јас, лично, би се држела подалеку од врснички кои се качени на штикли. Не викам дека тоа е грешно, туку дека со тоа си го откриваат карактерот (мое досегашно искуство: искомплексирани и извештачени, 100 метра повисоко од небото со мислите и неамбициозни). Имав едно време ваква "другарка" и со многу други такви бев обиколена. Навистина, не се луѓе со кои можам да се дружам или пак да имам заеднички јазик.
Море, да ви закачам јас една слика од моја полуматура, њиве има да се преврчају. Во 3/4 бермуди си бев и едни што беа ко обид за балетанки, со ластик некој на средина за да не ми летне од нога. Е, тоа беше доживљај! Може пак ќе е некоја мала дигресија, али да не се лажеме дека стилот не го доловува карактерот, барем оној дел што покажува во што се осеќаме убаво и што сметаме за привлечно...а тоа повлекува уште низа карактеристики со себе. Ако на 14 години ти е фино да личиш на онаа ти моје златооо или Дара Бубамара со цицките што ѝ се поголеми од главата, и те како зборува за тебе...али зборува претежно и за родителите што дозволиле да си изложен на таков кич до степен да го идеализираш, а потоа и што дале пари за ќерката да има штикли со број на сантиметри поголем од бројот на нејзините години. Да, океј, напредни генерации, растат, ау...ама пак се гледа бре детска фаца кога е нашљакана и ноџено што се тресе при од на толкав дирек. Спојлеров...освен на pedobears, секси му е на некој друг? Спојлер Јас само две мутави фаци гледам и кило ќотек.
Океј де, и јас истото го пишав. Нормално е да постојат исклучоци, што значи на иста страна сме, со таа разлика што ти даваш примери кои идат у екстрем. Како типките со анимал принтот. Ти рече дека под дифолт типка која носи такви хеланки не е океј. Не знам од кои разлози, но во ред. Точно, тип со таков напис на маица ретко кому би му се допаднал, но не поради кројката, туку ради пораката која е испишана на неа, која нема везе со она што сега зборуваме. Околу цитатот, да, не сме спремни. А знаеш зошто? Затоа што се додека се као ''неизбежни'' генерализациите, ќе има контрирање. Не се неизбежни, само повторно сакајќи да го зацврстиш својот субјективен ги користиш.
Абе кој што сака нека си прави, ама штикли на недораснато девојче не да не стојат убаво. Едно е женска од 20 години на штикли друго е девојче од 14-15...
Јас на 14 години не бев заинтересирана за штикли, а ни балетанки, фурав спортски стил. Облеката и те како кажува многу за личноста. Не би рекла дека личност која не сака да биде забележана би облекла весели бои. А исто личност која е хиперактивна по природа, не би облекла црно- од глава до пети. Истото се однесува и за штиклите. Што ли разбираат децата на 14 години, па да се качат на онолкави топуци. Мое лично мислење е дека високите потпетици имаат порака- "Види ме, јас сум самоуверена, изгледам секси, сакам да привлечам машки погледи на мене" А таква порака ли сакаат да пренесат малите девојки? Не велам млади, едвај се влезени во пубертет, па не би било соодветно. Ме интересира и како размислуваат родителите. Сакаат ли нивните деца да бидат секс- симболи? Целосно се сложувам со следново, кажано е се што треба да се каже. Clothes make the man. Naked people have little or no influence on society.- Mark Twain
Така де, се слагам, не викам дека сме на „спротивни“ страни. Инаку, не би рекол дека дадов многу екстремни примери - анимал-принт хеланките се секојдневие, а исто и металците кои се одблекуваат во согласност со стилот на музика што го слушаат. Не реков дека по дифолт не е ОК, само реков дека сметам (јас лично) дека со таква девојка не би имал многу заеднички работи. Од друга страна, секако дека не ми пречат девојките кои ги носат, ниту пак планирам да поднесам предлог до Собрание за законска забрана за носење на шари од загрозени животински видови на газот - секој е слободен да си носи што сака, нормално. Не сме спремни и нема да бидеме спремни не поради генерализирањето, туку поради луѓето кои не сакаат да прифатат мислење спротивно од нивното, туку наместо тоа, уште и сакаат да го наметнат своите гледишта за светот по секоја цена.
Neee,nikako...Ednostavno ne lici posto ne si lici ironicno e smesno na nekoj nacin ne lici na dete stikla
Носев за полуматура прв пат на плута (додуше не изгледав на 14 год. ко неиспилена, цела топола бев) и ги немав после тоа облечено којзнае колку време, па имаше еден период во кој што штиклите ми беа најдобри другарки и кога бев по дискотеки скоро секој викенд, за нг лани имав купено шпиц штикли ни платформа ни ништо, убиј боже нога ќе искршев. Арно ама во последно време се просветлив што да се мачам на штикли и да мкнам балетанки по ташни, а и ме мрзи страшно последниве 6 мес. 3-4 пати дали имам облечено штикли. Така да носете кога ви се носи, и онака ќе ви здосадат за 2-3 години.
Високите штикли и даваат важна психолошка предност на жената со тоа што го носат и подигаат нејзиното ниво на поглед на ниво исто како тоа на супериорните мажи. Ретко и да може да видиме успешна жена на позиција да се шетка наоколу на работа по рамни балетанки. Тие се секси, го подигнуваат задникот и ги продолжуваат нозете а во исто време ја зголемуваат нејзината самодоверба и интелектуална моќ. Носењето високи штикли е работа на персонален избор. Ако 14 годишно се смета за жена, тогаш зошто да не !
Не! Јас на 14 год. незнаев што се штикли.Ама ете денес некои уште на 12 год облакаат штикли и одат во дискотеки. Ехх до кај дојде светов наш.....
А зашто да не? Ако се чуствуваш удобно и едноставно ти се допаѓаат, не се битни годините. Познавам девојчиња кои на 15 год знаат да одат многу подобро од некои на 25. Различни стилови на облекување се во прашање.Лично јас имам 6 пара штикли, а имам 15 години.Прв пат носев на полуматура, а сега многу често носам
До полуматура (вклучувајќи ја и полуматурата) мислам дека треба подетинесто однесување и облекување. После со почетокот во средно, се си е нормално океј. И штикли и кратки суќни и поредовно користење на шминка се. Јас првите штикли си ги купив на 15 години прва година, таман почнавме по малце да излегуваме и со другарка ми исти си купивме хаха. И тоа не беа високи туку така 6-7цм за кеф. И заедно се учевме и интересно ни беше и ново и возбудливо. Сега малите се наеднаш пробуваат и со облека и со шминка и со дечковци и после на 17 се направено е и досадно им е и почнуваат со глупости.