Хаххахаха јас до 13 години си играв со барбики штикла облеков на матура прв пат. На 14 год.штиклите за мене беа поим НАСА
Според мене не. Се во свое време. Не ми изгледа убаво кога ќе видам премлади девојчиња со огромни штикли на себе. Па дури и ако не знаат да одат на нив изгледа ужасно од страна.
Тие над 13 се веќе тинејџерки,а не деца (да не го сватите ова како некоја навреда,или слично) можат самите да размислат дали сакаат да носат штикли или не.Времето се менува и сега децата од 5-6 годинки знаат многу повеќе работи од тие деца кој што се биле на таа возраст во 80'(извинете што го мешам ова,знам дека не е ова темата).Мое лично мислење е дека можат да носат со некоја помала пета,од 5-6 cm Ако толку сакаат.
Ич не ми е убаво за око кога гледам деца на штикла. Се клатат, не знаат да одат. Како да нема кога да одат на штикла. Ама оди докажи им. Баш на таа возраст не се докажува ништо. Тие мислат дека се во право и тоа е.
Сметам дека не е во ред да се носат штикли на 14/15 годишна возраст. Кога ќе видам некое девојче како носи штикли и тоа високи, веднаш ми остава впечаток дека многу брза да порасне, а да не споменувам дека воопшто не одговара и не личи на годините. Мене лично тоа ми изгледа многу невкусно. На пример летово бев на крштевка кај моја многу блиска фамилија и нормално бидејќи сум втора година на факултет и возраста ми дозволува, носев високи штикли ама кога таму ја видов и мојата 15 годишна братучетка која само што славеше полуматура како се клатеше со штикли доста повисоки и од моите, навистина се зачудив ... И потоа со тие истите штикли замина на игралиштето да се ниша, клацка и лизга цел ден Go figure !
Мислам не, мали се за штикли на 14 години, иако некои кога ќе се нашминкаат (како за полуматура на пр) изгледаат постаро од мене дури. Имам впечаток како да сакаат да пораснат побрзо.
Доколку се работи за пониска штикла во ред е, но доколку се некои високи треба да почекаш уште 2-3 години.
Според мене јас мислам дека не треба.Има време кога да носат.Ама денешниве тинејџери се толку понапредни што и пред 14 години носат штикли.Ама не е до нив.Се е до родителите што им дозволуваат да прават што сакаат.
Не. Не гледам поента во тоа недораснати девојчиња да носат штикли и да изгледаат како теткици, кога може да изгледаат нормално, фино и природно како останатите нормални деца кои се малцинство. Штиклата не е гаранција дека ќе изгледаш згодна, особено не на тие години.
џабе е мислам темава оти сите што СТЕ ПИШАЛЕ НЕ!! сетесе дека носевте и сакавте штикли на 14.. Скоро сите на полуматура кој на плута кој на штикла бевте уште пред 15 години ајде бацки!!! ( И ЈАС НОСЕВ НА ПЛУТА САНДАЛКИ КО СЕГА СЕ СЕЌАВАМ И МИСЛЕВ КОЈ СУМ ШО СУМ ХАХА ) -ТАКА БЕШЕ НЕМА НЕГИРАЊЕ.. Само сегашнава младина со нас доприна точка немаат овие ептен апла ја претераа.. со челат сум незнам шо ме чека ама мислам дека премногу им се дозволува
Мислам дека не треба да има строго ограничување со години кој кога и како треба да почне да се облекува. Ми нема поента. Презастарени стереотипи.
многу ма ти модерна..... За се треба да има ограничувања...уште мензис не добила а штикли ќе носи...НИКАКО
На 14 години веќе којзнае колку ретко има девојки што уште немаат добиено. Ако се водиме според тоа, баш сè повеќе ќе треба да се намалуваат сите „граници“, и потребни и непотребни... У секој случај, аргументов ти вришти Јас подоцна се запознав со штиклите и и ден денес не носам баш често, оти сум висока - па затоа и не им се навикнувам и почесто ми се неудобни. И мене лично ми се поубави за око комбинации со балетанки кај тинејџерки во основно и на полуматурата, ама не гледам нешто страшно ако на полуматурската прослава и за посебни прилики (родендени, свадби...) од таа возраст па натаму некој почне да носи поудобни, пониски и дискретни модели на штикли.