Уффф..ти вришти па тебе идејата..на полуматурска, се уште несозрено девојче да изиграва возрасна...Не...а за мала штикличка е во ред, но оние цигли штикли или на платформи, како ли се викаат..е не ми се допаѓа..
Јас прв пат облеков на 13 за во школо, мајка ми обожаваше да ме дотерува и ајде ќе носам мала штикла. За полуматурската носев мала штикла. Во средно школо штикла не облеков, на факултет ретко. И сега многу ретко. Според мене девојче на висока штикла на тие години е невкусно.
@baba Rada Знаеш што? Модерна сум и еманципирана - ти благодарам на комплиментот. Не дозволувам да се водам по никакви застарени догми или стереотипи а најмалку од се ограничувања кои не се поддржани од никаков валиден аргумент. Конректно за темава барем мое мислење е дека е сосема во ред човек да си го живее животот како што сака без да глуми светец и да лицемери а кога никој не го гледа да прави триста глупости. На крајот на краиштата (заслужено ќе ти го плеснам ова, прва почна да ме цитираш на секоја можна тема) подобро на 14 да носи штикли отколку да се гордее што е стара кокета.
Јас сум носела и на 13 години кога и ги земав на сестра ми. А инаку сега да ми е тој памет не би носела.
Јас ги купив првите штикли за полуматурската забава, само тогаш ги носев и од тогаш ги немам облечено. (имам 15 години, тогаш имав 14)
Ма какви штикли на тие години. Не ми е убава сликата кога ќе видам девојчиња на таа возраст со штикли.
Не. Уште се формира телото и стасот, може да има негативно влијание. Не сум ортопед, но на таа возраст имав проблеми со рбетот заради нагло растење, замисли уште терет на штикли да сум имала...
Штикли прв пат носев на 14 години, на 15 години речиси секогаш на роденден или на журка сакав штикли да носам. Имам 19 години и веќе 2 3 години не можам да поднесам штикли. За матура, за свадба. На тие години штиклата ни дава самодоверба, си мислиме големи сме ако носиме штикли. И искрено, не ми е убаво кога ќе видам девојка на 13 до 15 години како носи штикли а не знае ни да се движи ко што треба. Се чудам кај ми бил паметот, ама мило ми е што од дома никогаш не ми рекле мала си не смееш.
Да, за едно две носења мислам дека не е проблем, освен што е проблем што не знаеме да одиме со штикли на таа возраст
На пример, јас во некои фустани или комбинации, освен штикли не можам друго да ставам. Тоа е друг муабет, се работи за стил,мода.. Денес ќе облечат спортско фустанче и ќе стават штикли, само колку да се каже дека се дотерале и пицнале.
Првпат облеков штикли на 14 години и тоа ги купив (со молење дома, со плачење ) специјално пошо сите другарки бевме договорени да бидеме во штикли на роденден, ги облеков еднаш тогаш и после уште еднаш за полуматура и толку. На штикли почнав да излегувам во кафичи на 16 години.. Сега имам 20 години и поретко носам.. Во ред ми е на 14 години да се носи за некои посебни прилики ама не ептен висока штикла
Според мене нее, изгледа многу невкусно и секогаш кога ќе видам девојченца мали на таа возраст за на кафе се дотерале и на штикли се качиле се чудам како родителите ги пуштиле така од дома, бидејќи стварно лошо изгледа (чест на исклучоците што се поразвиени па не се познава колку години имаат) Јас прв пат штикли облеков за полуматура иако не сакав да носам ама бидејќи цел клас ќе носеле штикли и ја живо просто детиште ајде и јас се опнав на штикла, и ден денеска се каам што ги купив тогаш, само 2 пати ги имам облечено. Иначе не сум љубител на штикли, облекувам ептен ако одам на некоја свадба (среќа што ретко одам) Цел живот ќе бидете дади, девојки, жени, госпоѓи, дами и ќе имате можност да носите штикли колку сакате, деца сте еднаш и бидете тоа што сте не брзајте да пораснете.