1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штикли на 14 години? Да или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од CrazyCrazy09, 8 јуни 2014.

  1. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Забегувам од темата ама морам да прашам - ти ова сериозно?? |( Педофили се психички пореметени личности на кои не им е важно дали девојчето (или момчето) е 14 или 4 години, и не се криви децата што тие си имаат проблеми во мозокот.. Да не мислиш и дека силувањето е вина на жртвата??
    Сфаќам што сакаше да кажеш ама многу погрешни зборови си одбрала, коментаров мене ме погоди што во животот немам педофил сретнато, а камоли па некој што имал лично искуство со педофил.. :|

    Мое мислење за ова со штиклите е дека секој може да носи што сака, јас не планирам да носам штикли до некаде 16/17 годишна возраст затоа што како прво незнам ни да одам како што треба на штикли, а како второ смешно ќе си изгледам самата себеси, ама секој си има свој избор и свое мислење.. Без разлика колку глупав да е тој избор (на пример алкохол на 14 години :fubar: ), никој не може да влијае на него, освен нели родителите, па затоа мислам дека темава е непотребна затоа што нема ништо да смени, напротив само ќе започне повеќе кавги..
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Едно прашање во врска со темава, дали кога се силите околу носењето штикли помислувате на болката во нозете,потечени стапала , жуљови и слично? Ние на матура после првите 2-3 ора, сите си облековме балетанки, камоли за полуматура. Ако можете да си најдете згодни штикли носете си, ама од мои 16 години до сега не сум нашла згодни штикли, на кои би издржала повеќе од 1 час, без разлика дали биле Бијана или било кои други кои многу ми ги пофалеле. Алал да им на сите кои можат долго да издржат на штикли и да играат со нив или да стојат по цели вечери по кафичите и дискотеките, ама за прослава, како матура, полуматура, апсолвентска па дури и свадба кога сакаш да прославиш до максимум, да се изнаиграш, да се инапееш, најмалку што ѝ треба на некоја жена е болка во стапалата.
     
    На cresa-jagoda, Abeja и Lovely93 им се допаѓа ова.
  3. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.629
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Не мора буквално да го сфатиш коментарот доволно е да ја разбереш суштината. Со тие шминки,стриптизерски штикли и излаз до ниедно време во диско или кафич мегу повозрасни нормално е дека ке се најде некој "педофил" кој ке нема да може да напраи разлика меѓу девојка од 25 години и дете од 15 години. Не затоа што е прихички пореметен туку затоа што самото дете не личи на дете. А недај боже нешто да се деси мегу нив двајца тој дечко утре може кривично да одговара за заведување малолетници кои за воља на вистината личат на се освен на малолетни лица. Негирајте колку сакате ама во диско каде 80 посто се полупијани и излезени да смуваат нешто евентуално и да се офајдат со нешто повеке сигурно нема прво на памет да му текне да ти бара лична карта па после да ти пушти пијачка и се друго. Како што на жена од 50 години не и лични да носи мајца со Мики Маус или деколте со допичњак така и на вас децата не ви личат штикли од 10 сантима и помирете се со тоа.Едноставно не ви личат и смешно ке изгледате утре коа некој за вас со потсмев ке кометира како ви се улетал во диско да ве упознае ама коа му станало јасно колкави сте си се повлекол. Облеката не го прави човекот ама го заокружува неговиот изглед.Ако ви е достигнување да ви се припуштаваат постари момци ок носете,ама таа штикла нема да ве напраи фраерка зошто на крајот пак тој што сакате да го заведете или да му оставите впечаток на повозрасна девојка ке сфати колку е саат со вас и ке си тргне по некоја што штиклата нема да и биде единствената карта за влез во светот на повозрасните.
     
    На cresa-jagoda, Abeja, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Се согласувам,ама има бре некој носат баш од оние High heels ахха мислам,лани како што знам не ни станале од маса само за прчење ги облекувале :rofl: Не знам како се чувствувваат на нив на 14 години цело време ја на нив би мислела,да не паднам,па нозе ќе болат,па како ќе играат на тооолкавииии?
    Еве сестра ми си купи полни штикли за полуматура ама не многу високи и на нив и е полесно да оди
    Сега еднаш е полуматура,ама па не значи да се полудува.И најважно да се убави,пристојни пред се :!: и удобни,се разбира :)
    Еве тие од маса што не станале вакви носеле
    http://i01.i.aliimg.com/wsphoto/v5/8850 ... iletto.jpg хахаха,како ли си поминале?Најлошо!
    Сепак за мене има време ама тие што носат НА,олкави за повраќање се :puke:
    Се извинувам за редактирањава се мисла ми доаѓа :D
    Ама тој што носи нормални штикли сепак,не би го критикувала толку,негов избор барам не изгледа премногу зачудувачки,јас сум НЕ за огромните,што не личат на ништо
     
  5. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Е тука јас сум за едно големо НЕ :!: Најпрвин не личе за девојче на таа возраст.Плус и шминка кога ќе опнат :xКако да се 24 а не 14. Дали се прашуваат дали е убаво и за нозите?Колку пати имам видено како паѓаат,лом се прават на сред плоштад оти не знаат да одат.Ама важно е штилки да се носат нели :^) Па додека одат мораш околу нив како обезбедување во случај да паднат да ги задржиш.Ми кажуваа дека во едно друштво на едно девојче со несакало да носе и другарките и рекле ако не носиш поарно не испаѓај и не се дружи со нас.Јас ваква останав :o ..Незнам дали сваќаат шо прават ама таа е...секој за себе ;)
     
    На cresa-jagoda и WaffleGirl им се допаѓа ова.
  6. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    јас пре би отворила тема -Дечко на 14 год. да или не?
    зошто мене искрено воопшто не ми смета фактот Вие да носите штикли . Сметам дека секоја од нас како дете посакала да ги облече штиклите од мама и да се преправа пред огледалото дека е возрасна. Па така го сваќам феноменот на девојките кога сакаат да се повозрасни. Мислам дека не е до штиклите дали ке ги носите или не туку повеке е до ставот на девојките на 14 год.
    Ставот на возресна девојка која има 14 а е свесна за секс- ( се поретко кој го немаат и на ваши години што е за чудење) е свесна за заведување, па дури и знае кој пози се ин во сексот, разговара и донесува предрасуди на теми кој не се за нејзината возрас. Се расправа и вика по возрасни без ни грам респект...
    Значи не е до штиклите до паметот е. Ако животниот век е 80 год , 62 години од вашиот живот ке бидете возрасни а само 18год. деца. На вас останува дали ке ги искористите тие безгрижни 18 год или цел живот ќе жалитите по нив.
    А дали ке носите штикли или не , е најмалку битно. Битно е пред се да бидете деца и да се однесувате како такви.
     
    На lipstickmadness, cresa-jagoda, sanja.burgundy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    [​IMG]
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Kој што си сака, тоа нека си носи. Секој си има различен став и мислење. Во нашиот град, 99 % од девојчињата носат штикли на полуматура, кога бев и јас полуматурантка пред 4 години и јас носев па што. Eдноставно убаво ми лежеа на ногата и си беа у склад со се. Aко добро ги искомбинираш, ако добро владееш со нив, ако не бидат превисоки, зошто да не ? Знам дека сте мали, но ако не сега за 1 година секако ќе облечете штикли. И балетанките се добри не викам не, има различни типови на девојки, на кој како му одговара.
     
    На sweet-star и WaffleGirl им се допаѓа ова.
  9. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Истото го реков :) Ако не изгледаат премногу нападни,да не личат на ништо,зошто да не :emo: :hai:
     
    На leighton23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Abeja , све океј, ама не можам да си најдам поврзаност помеѓу учењето и носењето штикли... Мислам ако добро те разбрав. Одлична ученичка сум, одам о натпревари и носам штикли. Од ептен мало место сум, и викенди облекувам, да, се дружам и со постари. Ама дечкиве се далеку од педофили, како што погоре некој имаше претерано. Супер се дечкиве, имаат здрав разум и не, не се педофили. И што е битно дали ќе носи штикли, па нека носи ако и е меракот. Мене погрдо ми е некоја со миничи, деколтиња и сл. одколку примерно облечено девојче качено на штикли... не знам зошто се право ваква фама..
    И не само за Абеја, и другите постови што ги прочитав, вака нејзе ја споменав бидејќи последна ја читав, па рашив да споделам мислење...
     
    На candy.cane и Youknow им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Носете ама ако носете носети ги до крај :!: , а не 5мин па после пу пу не важи и оп на балетанчиња.
    Ако глумиш теткица биди си теткица до крај, во спротивно работава испаѓа смешно-очајна и докажуваш дека си недостојна (мала) за штикли.

    Ако јас видам некоја мини цура со штикли, ќе си помислам дека не и личи на годините, ама ако знае да оди ќе си речам: ок, барем и стојат, ама ако видам некоја што после кратко ги соблекла или истата лошо ги носи и се крши додека оди, ќе и се изнасмеам, зашто верувајте во други очи изгледа многу смешно.

    Убаво пишала Џинџер:
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Секако дека не мислев на пријатели, туку на сите возрасни типци па и мажишта да кажам, што посматраат од страна. Читајте малце меѓу редови, а не педофил е педофил и готово. Убаво објасни SuperGirl24, ништо не би додала. :)
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Абе вие сите си земате при срце и одма скокате во одбрана, само затоа што мислите дека некој на вас лично ви се обратил. До сега не сретнав лично обраќање туку општо произнесување околу темата и мнозинството ви кажува дека не е убаво штикла на таа возраст. А самата штикла си носи и ред други работи, недолични секако. А тоа што девојчево Crazy.Crazy09, што ја започна темава и се пронајде во мојот прв пост (кој не и беше лично наменет нејзе, туку општо на сите девојчиња на таа возраст и сосема сум сигурна дека сите работи што ги набројав се баш така како што ги опишав) е нејзин проблем со самата себе и не и требаше лично обраќање и навредување, ама ајде мала е, се надевам дека ќе си го среди однесувањето. Секако дека е убаво да носи патики, да учи итн., никој не рече дека тоа не е убаво, ама очигледно девојчето не разбра ништо од тоа што напишав а беше толку општо напишано.

    Rosie.Alice од тоа што го прочитав што си го коментирала за моето мислење, приметив дека си голем буквалист и се фаќаш за секој збор без да ги поврзеш за да добијат смисла. Истото ќе ти го кажам како на Crazy.Crazy09, кога пишував не пишував лично за некого, тоа беше општо за сите генерации девојчиња што сакаат пребрзо да пораснат. Браво и за тебе што одиш по натпревари, но ти си сеуште дете и носењето штикли ти е само обид да изгледаш повозрасно и посериозно во очите на другите. Уште на ваша возраст, кога телото допрва се развива, јас ви давам добронамерен совет да не си ги уништувате стапалата и држењето на телото поради јака штикла и дама из Лондона. ;)
    Доволно е сосема малку нормално подигната пета за нормален став на телото, кој дури и е препорачлив, но никако немојте со толку високи штикли.

    Ова не го зборувам на памет, туку од реални ситуации, фотографии од тинејџерки на ваши години кои ми се на fb, што дури ми е непријатно да ги гледам со тие ебани селфи, штикла 12, деколтеа и миничи од кои лесно се наѕираат гаќичките. И не, не се само тие такви, мора да признаете дека денешните тинејџерки си земаат преголема слобода, што изгледа многу невкусно.
    А најтрагично е, што нивните мајки им ставаат лајкови на нивните разголени селфи. Јас да би била мајка на таква тинејџерка, би се засрамила од такво однесување на моја ќерка и би почнала со строго забранет пристап до интернет, до конфискување на таа недолична гардероба, кршење на сите високи штикли (или чување на истите до кога не пораснат).
    Можеби вашата генерација ќе ме осудува за ова што го пишувам, но еден ден ќе сфатите дека сум имала право.
    Во животот има време за се и паметно треба да се искористи.
    Почитувајте се себеси за да ве почитуваат и другите.
    Почитувајте го своето тело, бидејќи тоа е свет храм за вас (ова последново како сакате сфатете го, немам намера да го објаснувам).
     
    На cresa-jagoda и T.e.d.d.y им се допаѓа ова.
  14. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Штикли на 14 години? Да или Не?


    Така е.Ако си решила да ги носиш,носи ги до крај,а не 5 10 минути и после оп во балетанки или уште полошо боси кога ќе ги видиш.
    Мене не ми смета,штикла си е штикла,во комбинација со нешто пристојно,не смета.Инаку немора баш штикли,ете може на плута.Немам замерки за тоа,но кога ќе видам некое деветолетка уште,во минич со деколте итн.Ах бе деца,животот е пред вас,многу подоцна ќе сфатите дека сте грешеле ако сте мислеле дека сте привлечни со миничи и сл.Облечете си нешто удобно,не си ги мачете нозете уште од сега.
    Најискрено,јас повеќе сакам да одам на нешто ниско,поудобно е каде каде и плус не си ги измачувам стапалата. :)
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Јас поинаку размислувам на оваа тема.Главно сум за НЕ,ама имам и други размислувања.
    Девојчињата како мене(и малку поголеми) што носат штикли(збориме за високи штикли)ги делам на: оние кои носат штикла за да се направат фраерки,важни,за да ја докажат нивната „самостојност“ и оние кои носат штикла затоа што им се допаѓаат штиклите и навистина знаат добро да ги вклопат во комбинација,знаат да одат во нив...Вторите до некаде ги оправдувам,ама до некаде.А,првите ми се баш одвратни,буквално одвратни...тие се обично и оние кои менуваат дечковци како чорапи и таквите ствари.Има и еден посебен вид,оние кои носат штикли за,на пр. полуматура но,не што сакаат туку носат за да не бидат „изрод“.Таквите луѓе за мене немаат свое јас,ги сметам за неспособни,оние што немаат свој став и најмногу ме нервираат.Значи,по ѓаволите,единствена биди во балетанки ама барем ке знаеш дека си постапила по постапка која те прави тоа што си.
    И,да спомнам дека јас до сега сум облекла само чизми на „штикла“ 3-4 cm. :) И,ги имам во плакарот само затоа што ми се премногу допаднаа и ми требаа да надополнам една комбинација,но,почнав редовно да си ги носам.
    -------------------------------------------------------------------------------------
    Значи,Дримке,морам да те искоментирам.Што славиме на полуматура?8 одделение?Успеавме во животот?Донесовме дома свои пари?Ке заработиме за скоро време свои пари?Не.
    Едвај матура е потребно да се слави,не пак полуматура.Ниту на матура човек не успеал нешто.Евентуално апсолвентите треба да слават.Колку да кажам,во оделението спомнавме да си „славиме“ полуматура во домашни услови,во склоп со некое добро филмче пуштено на ТВ.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Штикли на 14 години? Да или Не?

    Кратко и јасно: Не, на ништо не личи освена на кукли што изгледаат дека секој момент ќе се искршат :rofl:
     
  17. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Да, еднаш ни е полуматура но, ние немаме постигнато толку голем успех, сме завршиле само О С Н О В Н О, се сложувам со Srckata28.
    Една забава, и толку. Без многу претерувања. Јас штикли догодина нема да носам, ќе си носам балетанки, немам желба за штикли за полуматура, а и доволно сум висока, така да штикли НЕ. Знам да одам на нив, ама ќе ги останам за во средно.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Полуматура славите затоа што сте завршиле основно училиште, или во превод- сте научиле да читате и пишувате, толку. Ништо посебно, ништо значајно.
    Така што немате потреба од такви екстремности, како штикли.

    Некое едноставно фустанче со пристојна должина, балентанки/сандалки, едноставна фризура и тоа е тоа. Убав провод :)

    Инаку конкретно за годините, не ми е пријатно кога видам девојче кое тек се развива, се качило на штикла и се учи како се оди во нив низ град :tmi:
    Во многу прилики сум ги видела истите, мислиш на јајца газат, и во секој момент ќе се прекршат :D

    Не се форсирајте толку, бидете природни и тоа што сте.
    Има време за штикли ;)
     
  19. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Не,не,не и не!Можеби звучам малку застарено,но на 14 години не ми личи девојчињата да носат штикли.Чекај бре ало,вие сте девојчиња сеуште,не девојки.Нема смисла уште сега со штикли..па кога ќе ги видам во град куку мајко работава,глумат лудило,се праат девојки ипол.Е кога навистина ќе ви дојде возраста за штикли,ќе видите колку убави знаеле да бидат и патичињата,сандалчињата и балетанките.Е така,поздрав :hai:
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ние можеме бајки да си пишуваме тука колку сакаме, но лани кога бев на полуматура кај една внука, бев „шокирана“ од изгледот на полуматурантката. Имаше многу убаво фустанче кое претхнодно било „миди“, ама по ИНСИСТИРАЊЕ на мајката , фустанчето стана „МИНИ“ а на нозете опна 15ка штикла :o
    И сега, истото тоа девојче, секој петок и сабота е со 15ка штикла, и еден тон шминка за на часови во средно.
    Штикли, да, но некоја пристојна висина и се разбира повод.А оние „штулине“ што сите ги носат, мене ми се најодвратната кондура на свет.тие кондури мене ми изгледаат ко некоја со нормална салонка да загазила во тежок и длабок малтер па со малтерот се шета низ град. :lol:
     
    На cresa-jagoda и Abeja им се допаѓа ова.