Ги читам предходните коментари и со некои се согласувам, со некои не. Јас сериозно не знам што си мислат младите поготово на тинејџерите што се однесуваат како да се 10 год постари. Не дека јас сум престарена ама девојки каде ви е младоста?!! Иако сега генерациите се многу понапредни ама на 14 год секако дека е смешно да се носат штикли! Според мене ако веќе сакате да носите нешто повисоко тоа може да бидат некои слатки чевлички на плута.
Јас сум против носење штикли на 14 години...Ни јас сум носела ни дете мое ќе носи. Гледам некои носеле штикли за да бидат повисоки за да им стоеле поубаво фустаните и сл.изговори. А балетанките за кој се за ЖИРАФИ ? И нормално дека нема да ви одговараат балетанки бидејки избирате фустани за 20+ годишни. Ако одберете соодветно фустанче за вашата возраст ќе ви одговараат балетанки. Освен тоа не мора од толку мали да ги малтретирате нозете... Прогуглајте и дознајте колкава штета им прават штиклите на нозете,а не само да безделничите на ФБ.
Jas ne nosam stikli i ne planiram da nosam osven za polumaturskata (vo sreda). Si kupiv niski stikli (ako mozat da se narecat stikli) na polna peta, mnogu se udobni i lesno se odi na.niv. Ne gi kupiv zoshto site ke nosat stikli, tuku bidejki mnogu se simpaticni,ne se za povozrasni tetkici tuku bas kako za nasha vozrast. Vo moeto gradce ne najdov nekoi baletanki koi ke mi odgovaraat so fustanot a ne mi se odi vo dr grad taka da ovie gi zemav Se slozuvam so poveketo od vas, stvarno ne lici na nasha vozrast so 15ka stikli. Izvinete za latinicata, od mobilen sum.
Прво, малку офтопик ама ме изненадија некои коментари како немало потреба од прослави за завршувањето на основно образование. Мислите дека не сме постигнале никаков успех, да, не сме постигнале ама зар само тоа треба да биде причина за славење?Сме поминале 8 години со исти луѓе, половина од денот па и повеќе ни поминувал со нив и сега само онака рамнодушно да се разделиме.Не ми иде некако. Тоа е прослава, со развеселени лица и музика, зошто и такво нешто ви смета? Во врска со темата, да, оправдувам штикли за полуматура но пред нејзе не, односно на 12 или 13 години. Ако девојчето е облечено во скромен ненападен фустан без три кила шминка мислам дека е во ред и штикли да облече.Секако и под услов да знае да оди со нив а не да изгледа ко пијана. Но фустани како за матура со шљокици и циркони, шминка како за свадба и некоја фризура како за на бал во комбинација со штикли изгледа премногу, пренападно и смешно.Така за полуматура никако.
Абе се се, ама и понашањево и културата да ги облечевте од 14 години како што трчате штиклите да ги облечете ич не ќе беше лошо. И да се изјаснам на темата: мислам дека го имате цело време на светот покасно да изгледате теткински со 16 штикли, ама еднаш можеш дете да бидеш. И кога ќе пораснете ќе сфатите ама тогаш...
Мое мислење е дека темава е целата расправии..на кој му се носе штикли на 14 год нека носе само да пазе да не се утепа некаде..ако некоја решила да носе штикли нека носе,џабе е да збореме
дефинитивно не .. воопшто не изгледа вкусно.Наместо да си уживаат во своите години и да се облекуваат складно со нив, нажалост повекјето неможат да дочекаат да пораснат и уште на рани години почнуваат со штикли,шминкање и слично.А не се свесни колку невкусно и смешно изгледа ,барем според мене И ги гледам полуматуранткиве сега,мислиш матурантки се хаха
Баш читав претходни коментари и со некои од нив се согласувам, со други пак не. Девојчиња мали сте на 14 години за штикли. :/ Уживајте додека можете, нека ви биде удобно, а не да се жалите дека ве болат нозете после пола саат... Лани имав прилика да присуствувам на полуматура каде полуматурантките изгледаа како апсолвентки со штикли од по 15цм, а не можеа да издржат ни првите петнаесетина минути и ги соблекоа... Има време за се, ќе почнете и вие со штикли... Што ќе правите кога ќе почнете да работите, па на работа ќе морате да носите штикли? Тогаш ќе се молите за патики, балетанки и рамни сандалки (од искуство ова, иако јас почнав да носам штикли од негде 1
Смешно и срамота е да се носат штикли на таа возраст! Им гледам сеир на моја генерација, секој викенд во 15+ тенка штикла, не можат да одат, како кокошки по патот се влечкаат, фатени рака-подрака и лелекат колку ги болат нозате.. Чекај малце ако ги болат нозете, тогаш што ќе им се штикли? Нели те болат нозете? Па остави ги мајка му стара! Еднаш си дете, еднаш си тинејџер. Што мора да си ги мачиш на 14 нозете? хах.. Глупости! Незнам што сакаат да постигнат со тоа? Да го привлечат тоа ебено внимание на машките? Да се покажат кои се? Повеќе се дружам со машки, мислете дека зборат убаво за некој што идат како рашчекнани по патот? Хах, им се смеат сите до солзи!
Кај нас во школо не ограничуваат за полуматура, можеш да носиш што сакаш. Јас имам уште една година до полуматура и искрено многу би сакала да облечам штикли. Тоа е затоа што навистина ми се допаѓаат и нема врска со тоа демек да бидам во шема оти сите носеле.
Еве јас кога имав 14 години за полуматурата носев штикли, добро не беа високи ама сепак беа штикли,но тоа не ме направи да пораснам предвреме,напротив сеуште бев дете и правев работи што денешната генерација на 14 години не ги прават.Да,и јас сметам дека младите премногу брзаат да пораснат,сепак дете си само еднаш,само еднаш во животот можиш да имаш 14 години.Животот и така брзо минува па не гледам причина оти да брзаат да пораснат предвреме.Јас стриктно штикла прв пат за во град ставив на некои 17,18 години.Ми беше мерак и од тогаш носев за викенди штикли. Сепак,според мене треба да се проживее младоста оти таа е една, за штикли ... Штиклите никаде не ви бегаат девојчиња
Јас мислам дека џабе им објаснуваме, како за се, така и за ова очигледно секој мора да си го искуси тој период на своја кожа. Зборовите се тука излишни, секој со своето. Ако им се сака и ако им дозволуваат родителите, не би не послушале нас сигурно само затоа што сме го поминале тоа. Нешто слично се случува во темата „Доење во јавност“ па затоа мислам дека за се е така.
Ако не ве болат нозете и ако вас ви е убаво носете си слободно, само прво научете се да одите, не е убаво да видиш 3 пингвини фатени под рака како се виткаат и едвај се додржуваат. И уште нешто никако немојте да носите чаршија, исклучиво на свадби, свечени моменти или по дискотеки ако одите. Не е нормално да видиш 14 годишно девојче седнато на кафе или како шета по чаршија на штикли, па колку и да знае убаво да оди
Не сосема сум против ова, ми се гади кога видам девојче помало негде околу 14 год како незнае да оди..кај нас ги гледав полуматурнатите како шетаа малку и едно девојче носеше многуу големи и падна...
Кај нас па оваа година дали 3-4 девојчиња носеа штикли што ептен ме израдува.А,мое мислење е дека штикли за полуматура е too much,јас не го сметам тоа за кој знае каков настан.