1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штикли на 14 години? Да или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од CrazyCrazy09, 8 јуни 2014.

  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Им се качивте на глава на девојчињата . :D Па се замомуваат сега , иде желба да носат работи за големи дади . И во нивната глава полуматура е big deal. Па ако сакаат да се дотераат за тој настан ,не значи дека ќе станат курви. :D

    Инаку за полуматура носев сандали на полна пета 5-6 см беа,ама и во" мое време" имаше што носат штикли , премногу осуди за дечиња што преминуваат во девојки . Ќе пробаат многу стилови и штикли додека се пронајдат.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    И јас имам 14 год. и оваа година бев полуматурантка . Па што ? Требаше да носам штикли ? Не . И не сметам дека девојчиња од 14 год. ( вклучувајќи ме и мене ) треба да носат штикли за на полуматурска вечер . Јас носев наједдноставни балетанчиња кои совршено се совпаѓаа со мојата комбинација . Додека мои блиски другарки се одлучија за штикли . :fubar: Но секој си има право на избор и може да одлучи што ќе носи . :)

    П.С. Ако веќе носите штикли за полуматурска вечер , носете ги цела ноќ . Кога веќе сте се одлучиле да носите штикли стоете си на кажаното и издржете цела вечер со нив . А не што отидете во ресторанот/кафичот и што и да е веднаш да ги соблекувате и да облекувате балетанки . :!: :wasntme:
     
    На cresa-jagoda и bonitacika им се допаѓа ова.
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    ееех моја полуматура, давно тоа беше :D
    ама и јас носев штикли, прв пат во животот обув кондури на штикла (не беа многу високи, ама сепак е штикла) и ете не паднав никаде :D
    Татко ми кој беше прилично строг ме одведе во шопинг, тој ми го подари фустанот од жоржет, најубав на свет, а јас избрав кондури.

    Мислам дека добар процент ако не 100% сите девојчиња беа на штикли, која со деколтето до папок и така.
    Знам дека беше зачудувачки и за мене сама, до тогаш се бевме облечени фармерки и патики, а тој ден само се чудевме една на друга како изгледаме бидејќи се немаме видено никогаш во такво издание, те кратко, те високо, те шортсеви, те деколтиња :D
    Ама ете убаво ни беше.
     
  4. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Јас имам 13 годд сумм носела штикли само по дома а и сметам дека сум мала за да излавам со нив.Но кога ќе бидам полуматурантка ќе облечамм штикли секако ако повеќе девојчиња од класот носат :)

    Snow-Star Во право си нека се одлучат за едно а не ќе носам штикли ама оти незнам во нив да играм оро ќе се соблечам боса или балетаники.Па родителите ќе банкнотират од мене штикли,балетанки,роба,коса,па потоа шминки,па ташна па нокти и што е ова бе 10 000 ќе треба да потрошат.А машките само една кошулка,едни фармерки и едни патики и завршија работа.Јас кога ќе бидам полуматурантка нема толку да се китам како елка нема да ми личи на годините.Не велам дека нема да се шминкам -_- Само нема да претерувам :P
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Ете доказ дека не се сменило времето како што некои знаат да речат, туку секогаш имало различни девојчиња. :)


    Патем, не разбирам кога некој ќе каже (како феминката погоре): „Ако носиш штикли носи ги цела вечер, а не само за сликање“. Кој е тој што може да ми каже што и колку време да носам? Ако за некоја прилика сметам дека треба да носам штикли (пример свадба на близок што е многу нормално), а не можам цел ден да издржам, многу време е и не сум од тие што немаат гајле на штикла, треба да не носам? Ќе носам додека да влезам, додека се сликаме, се тоа, ама зашто да трпам цела вечер и да ме болат нозе и да не можам да играм како што треба? Бог да чува, какво размислување. |( Пораснете, искусете па кажувајте како доликува а како не. :tmi:
     
  6. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Тука не се согласувам со тебе, ако не можеш да носиш високи штикли ќе си купеш пониски и ќе си играш цела вечер. Најгрдо нешто е кога видам девојка дотерана,убава,средена и ќе ги фрли штиклите и боса ќе земе да игра :puke: . Не доликува на една дама :!:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    ^ Никој не спомна за боса, таман работа, тоа ми делува на пијана работа и многу грдо ми изгледа и мене. :tmi: Муабетот беше за замена на штикли со балетанки или нешто поудобно. А дали се високи штиклите или не и не игра голема улога, јас не носам никогаш многу високи штикли, ама пак не можам да издржам долго на нив, проблематични стапала имам (плус проблеми со ноктите на палците ама и пред тоа сум не можела), не сме сите исти. И сега треба ние што не издржуваме да одиме кај близок на свадба во свечена тоалета и балетанчиња? Тоа ми беше муабетот, никаде не спомнав ни дека важи ова само за високи штикли ниту дека би се соблекла боса.
     
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Lovely93 тоа што го напиша изгледа се однесува на мојот пост . Па добро тогаш , да појаснам што сакав да кажам . Пред се нагласив дека секој си има право на избор и секој може да одлучи што да носи . Потоа , кога реков дека ако се одлучат да носат штикли да си стоат на кажаното , мислев на сите полуматурантки . А не на останатите девојќи кои имаат над 15 год. . Да не ме сватиш погрешно . Зашто ако четиринаест годишно девојче смета дека не може да издржи на штикли цела вечер нека не ги ни облекува подобро . Ова се однесува на 14 годишни девојчиња . Додека за повозрасните ( девојки 17-18 год. па и повозрасни ) сметам дека ако не можат да издржат во високи штикли слободно доколку носат нешто што е пониско ( балетанки , сандали или нешто сл. ) нека си го облечат . Јас немам ништо против нив . Сметам дека се доволно возрасни за да можат да одлучат кога не можат да стојат повеќе на штикли и да облечат нешто пониско .
    А јас тоа што го кажав , да си стојат на зборот и да ги носат штиклите цела ноќ , се однесуваше на полуматуранките а не на оние кои се повозрасни . Зашто сметам дека штом таа одлучила на 14 години да носи штикли сигурно знае и колку може да издржи со нив. Ако не можела да издржи тогаш и да не ги облекува . Но тоа е мое мислење , што не го наметнувам на друг ниту пак сметам дека мора некој тоа да го почитувам . :)
    Немој да ме сватиш погрешно . Јас со ова не ти одвраќам , всушност тоа не ми е ни намерата . И немој да мислиш дека со ова го пишувам за да се правам важна и не знам да прифаќам критики за тоа што сум го пишала . Не велам дека јас сум во право . Ниту пак сметам дека некој треба да се држи до тоа што го кажав . Само си го кажав мислењето за оваа тема . Зашто нели темата нели е „ Штикли на 14 години ? Да или не ? " , и јас само си дадов мислење за тоа . А тоа не се однесува за повозрасните . :)
    Да се надополнам , и не сакам да солам памет на некој . Пред се не сум ни толку голема да го сторам тоа . Ако сака некој да го прифати моето мислење , ОК , ако не нека премине преку тоа и нека носи што сака . :)
     
  9. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Прв пат носев штикли за оваа Нова година, а истите ги носев и на полуматурата. Патем 14 години сум, што значи дека за прв пат добив свои штикли на 14.Јас обожавам да носам штикли и не сум баш против, ама секако се има некоја граница. Само 3 пати ги имам облечено штиклите како што кажав за Нова година, на полуматурата и за мојот роденден. Не сум од оние кои одат по журки во кафичите па секој Петок или Сабота да носат штикли. Според мене, секој си го живее својот живот како сака и како му дозволуваат родителите. И да облече некој штикли на 10 години никој неможе да му забрани освен неговите родители, па така да се е залудно бидејќи денес секој живее како сака. И не би рекла дека е срамно да се носат штикли на 14 бидејќи уште посрамно е што има деца кои пијат, пушат и се дрогираат на овие години. :)
     
  10. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    На полуматурата иако повеќето беа во штикли , јас бев во балетанки.
    И не би носела на 14 год. штикли..некако не ми личи ..
    прв пат за свадба облеков на мои тогашни 17 год. :)
     
  11. MarieHoran

    MarieHoran Нов член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    НЕ.. за полуматура можеш да носиш нешто вака
    [​IMG]
     
  13. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Абе незнам што е со тие што носат штикли на полуматура :D Луѓе ја во балетанки неможев да издржам на тоа рипање,играње,ме болеа нозете ме стегаа тоа балетанките,а да бев на штикли незнам што ќе направев.а некои девојчиња што носеа штикли си седеа на страна додека ние игравме,и на крај едната од нив боса играше,баш ради тоа.И јас како повеќето,полуматурата ја замислував нешто кај што треба да бидеш којзнае колку дотеран,ама уствари што покомотно толку подобро,а не па штикли.У таа гужва па баш вашите штикли ке бидат забележани,освен тоа што нема полуматура да ви се види и после нема да можете да се движите ништо не добивате со штиклите :D Не е полуматурата којзнае што како што повеќето мислиме,и ја така мислев,нема свечено да ве пречекуваат и нема да ви ги забележи никој штиклите којзнае колк.А ја па за повеќе да ми одговара ги земав понеудобните балетанки,и неможев да мрдам у нив.Така да доста беше филозофирање Фејри,ама запамтете никој нема да ве забележи толку колку што мислите,освен болка во нозете ништо друго не добивате :) Така да штикли на 14 години НЕ.
     
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Никако :x
    Имам 14 год и сметам дека носењето штикли кај помали девојчиња не те прави поубав и попривлечен туку напротив прави сите околу тебе да те сметаат како тетка а не другарка.
    Нас наставниците за полуматура не ни дозволија да носиме штикли или некои со сосем мала штикла тоа го решија родителите на родителска заедно со наставниците, и сосема во право.
     
  15. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Јас викам не.
    Цел живот ќе има прилики за носење штикли, не вреди уште од мали да се изобличуваат стапалата. Кога ќе видам девојчиња што носат имам впечаток дека сакаат да бидат повозрасни и си го скратуваат детството.
     
  16. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
  17. nat17

    nat17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    не не не.
     
  18. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Пак ќе прокоментирам на темава со една случка што се случи минатата сабота на излегување во дискотека. Бевме излезени цело друштво и машките (машки како машки) сакат гледат нешто да закачат.
    И видоа една, арно ама никој не ја познава. Дотерана во суќниче, штикли 15-16ка, деколте, гради што да ти кажам, коса долга испеглана, нашминкана. Се изпозапалија машки :lol: И еден реши да и пријде, немаше 1 минути се враќа и вика, ова е на брат ми сокласничка (брат му е осмо одделение :lol: ). Сите останавме вакви :x .

    Друго повеќето од друштвото се машки и пратам ситуација со какви девојчиња комуницираат, не само што се мали туку и начинот на кој разговараат со нив, како мислеш 27 години има.
    Отидов малку офф-топик сакав да кажам дека младинава, односно младиве девојчиња треба да се подразмислат малку, барем овие што ќе го прочитаат постов. За дотерување има време и за машки и мислите со главата малку :fubar:
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ма какви штикли, вие арни сте? :rofl:
    Ја уште се учам на патики да идам, вие на штикли. :D Уште неам пробано штикли инаку. :rofl:

    Девојки, искрено. Зошто толку се мачите со тие штикли? Ептен се ретки тие што ќе ги видам, што навистина знаат да одат на штикли. Овие другиве... ко што се клатат, допри ги со прст и на земја ќе се најдат. Или ги гледаш боси.

    Го зборам ова, пошто ми е смучено да изигравам држач на девојчиња што не знаат да носат штикли. Ме нашле мене со патики па сеа... :D Добро сеа, не сум секад со патики, али глеам удобно да ми е. А не после 5 минути да глеам за што попрво да се фатам, за да не паднам.

    No hard feelings... А бе убо е женско да носи штикла. Све тоа...
    Али ЗОШТО побогу пред време да се праиме теткици?
     
    На cresa-jagoda, Snow-Star, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Да,доколку е мала штиклата. повеќе од 5-6см НЕ. :D