Дефинитивно НЕ. Кај нас годинава 70% од полуматурантките носеа штикли, накитени целите, шминка еден тон, воопшто не се разликуваа од матурантките. Воопшто не ми изгледа убаво, кај брзаат да пораснат. Целиот живот ќе има прилики за да се носат штикли. Детвството никогаш нема да се врати. Зошто едноставно да не се ужива во тие години? Колку е слатко, преубаво изгледа девојче од 14 години на полуматура да го видиш во балетанчиња, па дури и со старки се прават одлични комбинации.
Не, Не и НЕ! Не само за штиклите и за други работи сум против ама не е темата за да дискутирам. И кога ќе видам 14 годишно детиште со толкави штикли и 5 кила шминка ми се повраќа!
И мене ми се повраќа ама ќе дочекате на своја глава(и голи ќе почнат да шетаат). Кога ќе почне да те напиња , сите носааааат само јас ли да не носам, сите се шминкааат само јас не.....Стискав колку можев беснеев и што само притисокот ми се качи.Не успеав за штиклите ама за шминката да
Се зависи до тоа родителот како ќе се постави кон детето. Точно е дека во денешно време ако не носиш скапа гардероба, ако немаш по многу пари и ред такви глупости во боја те одбегнуваат ама пак сите деца не се исти. И јас сум на некој начин дете па си најдов другарки спрема мене. До 8 одделение ме одбегнуваа децата оти неможев да си дозволам нешто повеќе од тоа што го имав ама пак не бев ни јас виновна таква ни беше ситуацијата дома. Е сега во средно ситуацијата се промени за моја среќа во класот имам 3/4 другарки кои најискрено ми одговараат. Не ми пречи тоа што се од село напротив мислам дека сме исти, бидејќи јас иако живеам во град мојот живот е како во село небитно не е темата за тоа да го дискутирам. Не е моја работа да ви кажувам како да си го воспитувате детето ама ако на едно дете му дозволите да ви се качи на глава сигурно ќе ви се качи. Ако детето уште како помало се научи на поскромно и да го цени тоа што го има независно од годините натаму и ќе нема голем проблем со тоа. Верувам дека секое дете може да си најде друштво според себе. Како што постојат разлигавени дечишта што на 14 години мислат дека имаат 20 и си прават филмови, исто така постојат и деца шо мислат дека тоа не треба така. Ама пред се за таквото однесување голема вина има интернетот, фејсбукот, филмовите и такви работи и затоа децата си дозволуваат се и сешто и мислат дека тоа што го прават е нормално. Интернетот е може корисен за некои работи ама колку е корисен толку е и штетен. Јас уште од ко бев забавиште мајка ми ме учеше што е правилно е што не. Како и сите деца и во забавиште сакав да се хранам во школото несакав да носам храна од дома ама мајка ми ми објасни дека треба да бидам задоволна и со тоа затоа што имаше деца кои и гладни седеа. Кога бев 5/6 одделение минувавме низ градот на еден излог видов патики мислам дека беа некоја марка од 2000 и кусур денари и побарав да ми ги купи мајка ми покажа кон ромката која седеше од другата страна на улицата со дете во рака и просеше и рече погледни таа е боса. Кога барав кошула од 350 денари само затоа што другарка ми ја имаше истата мајка ми ме одведе на другата тезга каде што имаше маички по 150/200 денари и ми рече одбери си 2 за тие пари. Кога барав да ми ја реновираат детската соба мајка ми ми рече керќата на мојата колешка има 17 години а сеуште кога е зима спие во иста соба со мајка и и татко и. И ред други примери да не набројувам. Така да ако на едно дете уште од мало му одите по га*от ( со извинение) шо би рекла баба ми нормално дека на 14 години не штикли незнам што ќе ви бара. За тоа пример е братучедка ми што има 15 години а носи кратки фустани, суќни, штикли, става нокти од 500 денари кои и паѓаат инаку за 1 недела, пуши цигари од 120 денари и илјада други глупости. А сето тоа се случува оти е едно дете и уште како мала и дозволија се што сака да прави, се имаше од ништо не беше кусо и сега за 2/3 години буквално ќе ги гази своите родители. А инаку јас за неа сум била проста така таа ми кажа. Небитно, дури и премногу се одалечив од темата ама тоа што сакав да го кажам најглавното е ако дозволите се и сешто ќе ви прават. Јас имам 16 години и не ми е криво затоа што не излегувам на кафе, не ми е криво затоа што до пред 15 минути миев садови, не ми е криво оти чистам дома затоа што мојата мајка има шеќерна болест а некогаш се случува да работи и недела или и по 11 часа и греота е да дојде дома и да се малтретира со нешто што може да го средам и јас. Сеедно по 2 години ќе завршам средно. За факлутет не сум размислувала но и да мислам да се запишам сигурно нема веднаш. И прво ќе се вработам е тогаш со моите пари ќе можам да си купам и штикли и да излегувам до колку јас сакам и да правам што сакам, затоа што тогаш ќе немам 14 години.
Се сеќавам и јас дека за мојата полу матура и запнав на мајками за штикла и не било што него 15ка топук. Со дебела штикла бели. Леле уште ги памтам. Мајка ми знам дека не се расправаше тогаш со мене ми ги зема, кога дојдовме дома ми рече. Ако сакаш да се облекуваш како возрасна тогаш однесувај се одсега како возрасна.Ме седна ми објасни зошто штиклите не личат за девојче од моја возраст,зошто се штетни и по здравјето и дека има цел живот да ги мосам ама ќе ги мразам зошто не се удобни. Ме испрати вечерта да се журкам ама во кеса ми стави балетанки. Ден денеска и благодарам за тоа. Ги соблеков во првиот пола саат и додека сите мои другарки се мачеа да стојат јас си се ижуркав ко луда!!!
Стварно сум против штикли и провокативна облека и шминка за млади девоки бар не до 16-17, ама некогаш треба да ги остаиш да се заебат ,од грешки најубаво се учи
Мила моја многу си паметна и скромна.Барем во твоите постови никаде не видов ни мал дел од неискреност, ама за жал не се сите исти како тебе.Штиклите на ќерка ми беа 400 денари не е некоја сума, ама како што подолу има напишано БОН БОН си дојде со балетанките дома. Кога ги купи штиклите и реков, пази да не скршиш нога оти јас и другата ќе ти ја скршам (метафорички кажано). Не се расфрламе со пари, затоа што крваво сум ги заработувала за да не се осети подолу од другите деца (самохрана мајка сум). Фала богу сега имам нормална работа нема многу пари ама задоволни сме.Сепак е скромна за разлика од некои деца. Се обиде да се натпреварува со девојче каде што нејзините имаат пари затоа што таа ја понижуваше ако носи патики од 500 денари, а не најк итн.Биди жива и здрава продолжи така ќе биде нешто од тебе. Се ке постигнеш во животот, само биди силна.
Да ама секогаш не можеме сите да бидеме исти и да имаме еднакво. Сум видела семејства кои што имале многу пари и си дозволувале се и сешто но на крај на половина од тие семејства нивните деца завршувале во центри за лечење од дрога. Еден човек ко ќе види многу пари и веќе се чуди што да направи. И не мора ниту едно девојче да се мери со друго. И таа што те исмева за било што не е вистинска другарка. Ако била вистинска другарка независно од финансиската состојба никогаш не ќе дозволела другарка и да се чуствува како нешто помалку од неа. И не само вие туку никој работник во оваа држава не се расфрла со пари. Зошто да се дадат 2000 денари кои ќе се носам не повеќе од 1 година затоа што ногата расте + ниту оригиналните патки веќе не се квалитетни и се кинат. Не гледам разлика меѓу патки од 500 и од 2000 денари. Инаку за моите патки секогаш е задолжен татко ми заедно ги купуваме патките и секогаш тој го гледа квалитетот дали се шиени или лепени. И за 700/800 денари секогаш ми ги погодува патките и ги носам барем 1 година. И жал ми е денес кога ќе дојде вечер со гребаници по рацете затоа што цел ден работи да му барам 2000 денари за скапи патки само затоа што некој лигуш ми се смеел оти ми биле ефтини патиките .. ете жал ми е
Оооо мила моја минував јас низ оваа агонија цел средношколски живот и тоа ќе ми остави траги за цел живот. Избриши ги солзите, не си единствена. Ете бев јас иста ко тебе кога некое говедо на познати буџемани во градот, со неколку џипови, мерцедеси, ауди, со неколку куќи и станови во скопје во центар, во охрид, во грција, на познати острови ќе ми речеше ти немаш пари да си купиш патики. Или пак кога татко ми, ми уплати за возачка во авто-школа ќе пукнеше од мака како сум можела тоа да го направам, демек немам право јас на тоа, ама дојде време си положив, му фалеше уште да се убиеше кога дозна за тоа дека и јас имам возачка, па нема што да каже освен: е сега немаш кола, само тоа го можеш да ги гледаш на слики. Зеде тој прв возачка во клас, после негго одма јас, ама сирот тој не можеше да се помири дека има и некој друг што има возачка и што знае да вози кола, а не е само тој единствен, оти проба да се прави важен некое време, па некако му го скршив тој филм. Па ме удираше клоци во нозете, да не сум способна да возам кола. А бре сведоци беа цел клас. Се жалев кај директор, класен педагог, никој не презема мерки, ми ставаше и парфем или дезодоранс во јадењево што че си го купев. Се чудам кај да го пријавам случајот, и дали воопшто ќе има некој што да преземе и да го казни. На крај си реков нема да се расправјам со такви. Многу ме повредија неговите зборови и постапки, ама си ќутам, знам што е работава. Ова е болест. Зар ќе се расправјаш со такви болесници. Аааа не никако Дојде време да се полага матура годинава, а бре се падна со мене во група, готово кога го виде тестот почна да ручи ко магаре и да ја измачува тестаторката од колку поени почнува двојката. Хахахахах сите му се смеевме, а цели 4 години ми велеше дека 5 ката македонски не ми е заслужена, на крај добив јас 5 ка.
Големо чудо ако облечеле на полуматура штикли, божем секој ден носат Јас лично, на полуматурската носев балетанки пошто има голема и широка нога, не се наоѓаше број на штикли за мене. Па за нова година кога бев прва година си купив штикли, ги носев таа вечер, нозете не си ти чувствував од болка и ми мина меракот Сега си стоат во кутијата и појма немам дека се а не ме ни интересира бидејќи не ми требат. Ја сум си лежерен тип. Сакам да носам облека во која се осеќам комотно. Ништо страшно ако облечат едншка или два пати годишно штикли, па не е крај света. Плус, познавам девојчиња некаде 15-16 години што си излегуваат пицнати, се дружат, се забавуваат а баш се супер девојчињата, фини, послушнии да не заборавам да спомнам одлични во школо. Не ми е јасно зошто го мешате домашното воспитување и училишниот успех со носењето штикли? Апсурдно е. Физичкиот излгед, стилот на облекување не е тоа што го прави човека. Ако им е мерак да се дотеруват, нека се дотеруват. И се зависи до индивидуата. На некој му е кеф да носи штикли на некој па не. Имам другарка што ја знам од бебе па девојчето до пред некое време не сакаше да слушне за фустан а камоли за штикли. Нонстоп беше во фармерка, панталони,патики и до пред извесно време почна да носи фустани, балетанки, а на штикли ја немам видено сеуште. И за крај, да не бидам офф, и да и не. Се прифаќа се доколку се работи за специјална прилика.
Низ нашиов град, тоа е сосема нормално. Е сега, мое мислење е *don't judge me* OK e, нека носат и 14 годишнички штикли, се разбира, 2пати у месец и да не ми одат ко расклатени баби под услов колку-толку да знаат да одат.
Големо НЕ! Зошто бре девојчиња си го оптеретувате цело тело "кршејки" се на штикли, кога има прекрасни балетанки и разноразни обувки кои се рамни и во комбинација со облека прикладна на ваша возраст изгледаат многу многу поубаво. Сакате набрзина да пораснете? Не се брзајте, има време кога да облечете и штикла, а притоа да не изгледате смешно.
мислам дека не треба да облечеш штикли од сега зошто имаш уште време како што има време да станеш жена така ке има време да носиш штикли зошто цел живот ке бидеш жена и цел живот ке носиш штикли позз инаку јас за прв пат облеков штикли на 15 но ги соблеков за еден сат колку да се сликам за полуматурата а после си облеков балетанки и по втор пат сега за на свадба и веке никогаш
Имам 14 години и не сакам од сега да носам штикли, божем женче сум кога ке ги пробувам штиклите на мама ххахаххаха.