Искрено мене ми е неубаво кога гледам девојчиња на полуматура на патики, па дури и балетанки. Си личи сандали или некои штикли макар и 2см. Но сум многу против носење на штилки со платформи и се што се по 15 см. А за секојдневно излегување штикли никако. Во вторник вечер на кафе излегла некоја на 17 години на штикли на платформа, се смеам, исто ромите од блиското село..
Едно големо НЕ. Носење на штикли и премногу шминкање а воедно и провокативно облекување на 14 години е едноставно премногу! Единствено на таа возраст би одобрила штикли за полуматура или за свадба или пак за Нова Година, но можат да се носат и балетанки.
Дефинитивно НЕ. Само два пати сум облекла штикли досега и тоа само онака на две минути. А, навистина би сакала да носам, но сепак мислам дека е рано.
Искрено рано ви е за штикли но кој како ќе го свати тоа.. Но таква е младината денес што сакаат многу брзо да пораснат а не се свесни што губат
дефинитивно НЕ. Оваа година братучед ми беше полуматурант и искрено кога ја видов неговата партнерка (па нели сега модерни се сите се со партнери и партнерки) воопшто не ми личеше дека е полуматрурантка, девојче кое има само 14 години. Па каде брзате бе девојки? Има врме за носење штикли, за кратки фустанчиња и ред други работи. Кога ќе видам слика од полуматуранти, се чудам самата какви ќе бидат за матуранти? За апсолвенти се надевам ќе созреат и ќе сватат дека подобро е во балетанки и тогаш отколу на 15-ка штикла. Девојки уживајте во овој период, не се замарајте за такви непотребни работи, тие ви се најубавите години во животот, не го трошите на трачеви и мислења што да облечам за излегување или кои штилки да ги купам.
Е зашто не ? Ако знаеш да одиш да , ако не знаеш не се резили за џабе или купи си некои пониски до 10 цм поудобни.Јас на 13 или 14 облеков прв пат штикли , мислам дека беше 13.И ич не ми беше гајле што ќе помислат другите , не знам зошто сте толку против , не прашала девојката дали е добро да затрудни на 14.Штиклите се толку релативна работа што можеш да ги облечеш и ако не се чувствуваш удобно да се вратиш дома или да си понесеш во чанта балетанки.Јас имам огромна љубов кон штиклите од мала возраст и првите штикли ми беа 12цм или 11 цм не ми текнува сега точно и еве ме здрава, права 21 годишна девојка. Апсолутно никакво влијание немаа врз формирањето на мојата личност.
Da! Za tie shto sakaat da si gi nosat. Dali znaat da odat ili ne nema vrska, pa ke se naucat nosejki gi ne gledajki gi, a zeni i na poveke godini ne znaat da odat na shtikli.