Aко сакаш и знаеш да ги носиш, возраста не треба да е ограничување којзнае какво. А изгледот колку лаже, малку камуфлажа и одма добиваш +10 години. Веќе ни 14 години не изгледаат исто како некогаш.
Pfff mene na poveke od 34 ushte mi baraat identifikacija za alkohol i cigari, gledam im se ispod 18. Pa zamisli sega kolku godini me gledale zheni nakrivo deka sum epten mala za shtikli
^ 'Mи мали сме па шо, носеле штикли или не. Eдноставно или ти се вклопува во стилот на изглед и функционирање или не... возраста не игра улога.
Лесно е да зборуваме од наша перспектива и да мудруваме, но ставете се вие во нивна кожа и пробајте да размислувате со нивната логика. Секое време си носи свои предизвици и свои убавини, ако во нечие време не се носеле штикли и не се шминкале деца на 14 год, тоа не значи дека тоа не е нормално, туку дека тој или таа е премногу стар/а и времето го има прегазено. Секогаш си ги свртуваме работите во наша корист и правејки се паметни изиграваме мудреци, како ние сме биле супер, ама младинава денес забегала. Во времето кога мајка ми, била млада не било замисливо дечко ти да те допре од стрк надолу а денес скоро и да не постои невина девојка. Дали имаме двојни стандарди, кога сме ние, и кога се другите во прашање?
Мислам дека темата не се однесува на тоа што носи времето, девиците или времето на баба ми. И баба ми не се шминкала ама кога излегував ми кажуваше дека сум убаво нашминкана. Едноставно, според мене, девојче на 14 години ми изгледа смешно на штикли. Не зборувам за начинот на одење или висината туку на целокупната слика. За мене тоа е невкусно. Баш оваа година имав неколку полуматури за одење. Едни од девојчињата беа со балетанки и скромни фустанчиња, проследено со минимална шминка и убаво средена коса. Две изгледаа како женчиња. Огромни штикли, фустани кои едвај го покриваат задникот, цвен кармин. Не сакам да навредам никого ама уште шипка им фалеше. Дали првите биле прегазени од времето? Можеби кога ќерка ми ќе наполни 7 години во мода ќе бидат штикли за седумгодишни деца, ама јас прегазена или не од времето не би дозволила да ги облече. А кога ќе стане дама со веќе оформено женско тело, тогаш мама ќе и ги купи најмодерните.
Поентата ми беше само околу паметувањето и она клише, „Во наше време не беше вака“ инаку што се однесува до мене и до тоа јас како гледам на работите, јас дури и на некои од 20 па и 30 не би им дозволил така да излегуваат на улица како што излегуваат. Поентата ми беше дека, пред да солиме памет на децата да се присетиме дека можеби и ние правиме некои работи кои за генерациите пред нас им било незамисливо, како делирање, длабоки деколтеа, разголени раменици, сето тоа поранешните ѓенерации ги потсетува на неморал, а за вас на пример тоа било малтене од хигиенски причини и сосема нормално нели? Така да исто и ова, колку мене да не ми се допага факт е дека девојчињата денес побргу созреваат и се оформуваат за разлика од некогаш и секое време си носи своја мода без оглед дали на нас ни се допага или не. П.С што би рекла бабати дали местото на една жена во ова време е покрај мажот во кревет, или покрај компјутерот?
Браво за коментаров секоја ти чест, го долови сето она што сакав да го кажам и јас. Зборот е за штиклите а не за нечии болен ум, или бујна фантазија.
Bah јас сум ти модерно старомодна женска. Мажето спие, претходно сексуално задоволено па сега јас продолжувам на Фемина
АПСОЛУТНО НЕ!!!!!!! ДЕЦА со штикли на 14 годни изледаат смешно,преправено,како тетки некои.Особено кога ќе ги видам комбинирани со миничи ми се повраќа. Прво,не ми е јасно како родителите го оправдуваат ова и не гледаат штио облекле децата пред да излезат. Второ,како не им е јасно дека има време за се,не треба да брзаат да пораснат,уште од сега со 12 кила шминка и фризури како мачка да им повратила на глава. СЕ ВО СВОЕ ВРЕМЕ!!!
Ако некоја сака да носи штикли, нека си носи Воопшто не ми е фер тоа што носењето штикли некој на темава го поврзува со сексуализација и лесен морал. Еве, кај мене во клас први штикли облекоа ниските девојчиња, погодете од прва зошто? (Hint- не беше за да бркаат дечко). Искрено, мене лично ме вреѓа инсинуацијата дека носам штикли поради спротивниот пол. пс И пред 15 години девојчиња навелико носеа штикли на полуматура така да ова воопшто не е некоја `модерна` мода.
Кон крајот на основно со друштвото коментиравме дека девојчињата со штикли некако ни изгледаа како курвичиња. На 17-18-20 год. веќе е друго...
Имам 15 ипол и сум една од ретките во мојата генерација која воопшто нема облечено штикли. И убаво ми е, додека сме на забава и сите се жалат дека ги болат нозете, јас немам гајле со патичињата на мене .
Кој како си сака. Највише ме нервира шо некои девојчиња се целите “леле сите носат штикли на полуматура освен ја леле ја сум мало ангелче кажете ми браво сега колку сум примерна’’. Нема да ти кажеме браво. Јас штикли од тринаесет носам,на почеток по дома ги носев за да се научам да одам на нив пошто се слагам дека не стојат убаво кога не знаат да одат на нив,ама да ги викате курви или незнам шо само штикли шо носат тоа е забегано. Кој шо сака си носи,а ако некого тоа го занима,тогаш проблемот е очигледно у него. Не мора да значи ако носи штикли личи на курва а ако носи балентанки е светица. И плус прекинете со тие застарени сфаќања од времето на баба ми за све шо праи едно женско курва ја праите,па 21 век сме да му ебам мајката.
апсолутно НЕ. Прво си мала, ќе изгледаш како тетка, второ треба да знаеш да одиш на штикли зашто верувај ич не е убаво кога ќе ја свиткаш ногата на 10 цм штика ( ова од мое лично и многу болно искуство), и трето кај ти се брза?? Имаш кога да носиш штикли, но нема да се вратиш на ова што си- девојче.