1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од GarpovaV, 28 август 2011.

  1. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Видов многу теми, за различни градови во Македонија, ама за Штип, ни трага ни глас.
    И затоа, и ние да не сме покусо, еве тема и за нашиот град. :lol:

    Опис за градот во спојлер.
    Штип е град во источниот дел на Република Македонија, во долината на реката Брегалница. Штип е и седиште на Штипската Општина и срце на источниот дел на државата. Штип е еден од најстарите градови во Македонија.

    Историја
    Името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиен во 3 век пр.н.е.
    При крајот на 19 век, во дворот на црквата “Света Богородица“ во Ново Село предавал Гоце Делчев, идеологот на македонското национално ослободително движење.

    Местоположба
    Штип се наоѓа на површина од 810 km2, на надморска височина од 300 m. Поделен е на многу маала, меѓу нив се Леваците и Деснаците, ситуирани на левата и десната страна од горниот тек на реката Отиња. Отиња тече низ центарот на Штип и го дели на два дела, пред да се влие во реката Брегалница во југозападниот дел на градот, во Штипско Ново Село. Штипско Ново Село е во јужниот дел на градот, и продолжува во Кежовица маало, кое се простира до Кежовица минералните геотермални извори.
    Центарот се наоѓа помеѓу трговскиот центар и градската црква. Од останатиот дел на градот од постарите маала се и Стар Конак, Кадидере и Горно Маало. Од поновите маала изградени претежно по Втората светска војна се Осми ноември (според денот на ослободувањето), Сењак (1-4), Пребег, Дузлак, Баби, Леваци, Деснаци и други.

    Штип, многу луѓе умеат да го наречат, змијарник.
    Карактеристика за градов е Исарот. Исто така, и Штипските пастрамајлии и Пастрамалијадата, Макфестот, кој се оддржува секоја година и Штипско Културно Лето (ШКЛ), фестивал кој трае еден месец, од 1 Јули, до 1 Август.
    Во градот имаме 4 основни училишта, шест средни, кои што се посетувани од многу ученици од соседните градови, и универзитет ,,Гоце Делчев‘‘, кој што брои доста студенти.
    Исто, и бањата Кежовица, со лековитата вода, е многу посетувана од лица со заболувања.
    Во градов, има и многу градби зачувани од минатото, како што се:
    Музејот, Безистенот, добро зачуваниот манастир од 14 век и рушевините на античкиот град Баргала.


    Поголем дел од текстот е извадок од Википедија

    Како што знаете (или незнаете) јас сум од Штип. На форумов исто има и доста Штипјанки.
    Ја отворив темава да поделиме импресии од градов, дали сте го постиле, да дискутираме околу некои настани кои се оддржуваат и сл.

    Па, феминки, let's start. :lol:

    П.С Спојлерот вреди да се прочита.
    Oна ,,поважното‘‘ го направив со закосени букви (Италик) ;)

    [​IMG][​IMG][​IMG]
    [​IMG]
     
    На rak4estip, sonce777 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    го обожавам затоа што таму и студирам ...али градот како град ке кажам дека е катастрофа!! прво и основно нема шеталиште како што има по другите градови (па дури и неготино што е само една улица) сите кафичи ти се сред улица баш на тротоар :) само студентите го красат.. и најмногу ме нервира што се е угорничаво и удолничаво :lol: иначе си го сакам заради лугето :)
     
    На xoxo5 и Inna5 им се допаѓа ова.
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Ми се допаѓа атмосферата во Штип, луѓето се супер и храната е одлична :clap:
     
    На ristovska123 и rak4estip им се допаѓа ова.
  4. Tedi16

    Tedi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    54
    Иако сум Штипјанка градот беш не ми се добаѓа особено плоштадот, базенот... Но, за пастрамајлии и тавче гравче сме одлични и вреди да се посети Angels, Канал 77 има отворено и турски ресторан, но незнам што има немам влегувано, исто така и Исарот... :lol:
    Еве нешто повеке
    http://365.com.mk/statii/28-makedonija/6346-fotoreportazha-shtip
     
    На ristovska123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    WomanInRed мн. си грешка дека у Штип нема шеталиште. А Суитлак што е? Цел ден ќиснат луѓе таму.

    Еден ден ќе напишам долг пост за Штип, сега се брзам. ;)
     
    На ristovska123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Малку ќе бидам офф топик, ама стварно незнам веќе кај да се обратам ..

    Значи вака барам стан во Штип -еднособен за две девојчиња студентки , значи за од септември да биде некаде во центарот на градот.
    Ако има некоја од феминките од Штип некаква информација да ми пише лп.
    Ви благодарам однапред. :*
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ич не сум грешка.. сутлак е како наш вардар без кеј тука поминуваат коли само накај економски ставиле клупи а и тоа не е баш нешто посебно!!

    зборам за вистинско шеталиште како широк сокак а неготино што е една уличка го има..
    а ако го прочита целиот мој пост шеталиште е исто место каде што се кафичите а не како во штип сред улица!!
     
  8. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    Само да ја надоплонам GarpovaV со нешто што го нема во Википедија,..
    а е општо познато за Штип,.. мал куриозитет кој можда за некој не е битен...
    но не е лошто да се знае...
    Имено женската популација во градот е далеку побројна од машката,..
    што само по себе би било катастрофално... да не е фактот што Штип е град...
    со најголема концентрација на убави девојки по квадратен километар во државава...
    ако не и пошироко...
    Иначе... град као град,.. не е лошо да се посети... има што да се види... :)
     
    На Tedi16 и Lina89 им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    аууу да бе вие имате и плажи на кејот на Вардар :rofl:

    а WomanInRed интересна ми е твојата дефиниција за шеталиште. Морало кафичи да има од страните и цп цп кога ќе се измориш место на клупа на сепаре да седнеш.
    Шалам се :P

    Ај јас да ви предложам добри места за излегување, доколку планирате да го посетите Штип.

    1. Ирскиот клуб Даблин (услугата е најдобра. Храната е најубава, а цените највисоки)

    2. Angels. Кремски кафич.

    [​IMG]

    [​IMG]

    3. И мојот омилен. Ако сте љубители на рок музиката и ако сакате добри свирки, повелете.

    http://www.facebook.com/jazzartclub.stip
     
    На GarpovaV и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Каков и да е Штип е град во кој што живеам не е кој знае што но сепак има и многу полошо средени градови...

    Народот како народ типични Македонци :D но мора да признаеме со Универзитетот живна.

    Летно време Суитлакот е е главна дестинација особено на помладите и јас мислам дека е средено има нови клупи,парковите се средени има доволно место за седење и рекреација.
    Имам слушнато дека се планира да се прават паркинзи на Отиња и со тоа би се средила ситуацијата со паркираните автомобили по тротоарите и по едносмерните улици.

    [​IMG]
    Потпишан е договор помеѓу Градот Штип и Светската банка за кредит со кој ќе се реализира проект за уредување на централното градско подрачје. Кредитот во висина од 2 милиони евра во најголем дел ќе биде искористен за изградба на пет паркинг плтаформи над реката Отиња која го дели Штип на два дела. Освен тоа, ќе бидат обновени и мостовите, ќе се оформи нов плоштад, а коритото на Отиња ќе се уреди, при што ќе биде спуштено нивото на реката, ќе се изградат пешачки патеки и ќе биде поставена урбана опрема. Кредитот има 3-годишен грејс период и рок на отплата од 10 години. Ќе се враќа од наплатата на паркинг просторот и нема да го оптовари буџетот на Општината. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, очекува градежните актвиности да започнат најрано во август, а најдоцна во септември. Доколку навреме завршат преземените обврски, градот ќе добие и дополнителен грант во висина од 20%.


    И овој дел кај музејот и црквата е среден не е како што беше порано


    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]



    Според мене градот треба да ја оживее повеќе чаршијата со нови работи во текот на Штипската пастрамалијада a и со текот на времето од како се отвори Angels чаршијата се прошири и на тој дел од градот и има поголема раздвиженост.
    Ма да можам да кажам дека ноќниот живот во Штип се ограничува на неколку места и некако народот ми е поделен.

    [​IMG]
    [​IMG]


    Еве и некои познати Штипски фаци :rofl: :rofl: нема некој што не ги знае :P

    Познатиот "дај пет денара бе"
    [​IMG]

    Мики штипската легенда :rofl: :rofl: :rofl:
    [​IMG]
    [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl:

    И така според мене ноќниот живот повеќе живнува на есен и на зима....Тогаш се барем отворени Мистик,Кабарето,Балкан.....
     
    На ciganka, shushu, figgiMK и 3 други им се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си кажам поопширно мислење.

    Градов, каков таков, арен е некако. Како што кажа Кенди, ги има и полоши, па затоа, прилично сум задоволна од изгледот. Луѓето оговарат, прва лига се. Ама пак каде не се такви?!
    Има многу ресторани, Сутлакот (Суитлак), најголем благодет ни е за во летните денови. А ова со универзитетот најдобра инвестиција. Многуте стунденти прават никогаш да не замира градот. :wasntme:

    Инаку Магнолија, јас ќе го додадам и Канал 77 од каде што се гледа цел Штип. Најубаво да се оди е вечерно време. :)

    Инаку Кенди ме изнасмеа со Кико 5 денарката :rofl:
    имаше видео на ЈуТуб, снимале го како пее. :rofl:
    А мики не е од Штип :!: Од друга земја е дојден он.
    најинтересно од него ми е коа ги сликал жените со некој апарат шо му го даделе. И така некои одиле си на работа, и доваѓа автобусо, жени се качуват, а он ги слика. :rofl: И после однесел и ,,извадиле‘‘ му ги сликите. И коа виделе... :D
    Новиот проект што се планира за паркингот, многу ми се допаѓа. Почнаа ама којзнае кога ќе се заврши.
    Исто така се планираше и кај што е едносмерната ( ул. ,,Ванчо Прќе‘‘ ), да се направи шеталиште, како што е во Битола, широк сокак, а автомобилите да одат подземно. Ама незнам дали е усвоен проектов. :wasntme: Исто и плоштадот ке се прави. Мислам редно беше.
    Инаку, а гафовите на Н.Година што ги даваат на тв Стар и тв Ирис. :rofl:
    http://www.youtube.com/results?search_query=gafovi+tv+star+2011&aq=3&oq=gafovi+

    :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Да ама Мики легендата знае преку 5 јазика да збори браво ..!!! :lol:
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Студирам во Штип веќе 2 години, и почесто сум таму отколку дома :D И претходно, бидејќи повеќето роднини ми се од таму, имам одено на гости како помала. Градот не ми се допаѓа, или е угорница или удолница, ретко прави улици. Планот е за никаде, во еден двор по 5-6 куќи , не знаеш каде одиш. Народот-па како и секаде, нели? :) Универзитетот, поточно мојот факултет, е катастрофа, ретко добар професор од кој ќе научиш нешто, наместо да му исправаш грешките, организација нула, простории исто лошо. 2 години не шетаа таму-ваму, за на крај да не сместат уџум далеку. Градот живнува благодарение на многубројните студенти. Место за шетање нема, само Сутлакот. Единствено што ми се допаѓа во Штип е ноќниот живот од септември па натаму :) Се надевам побрзо ќе го завршат проектот со плоштадот и паркинзите, барем да не се туркаме од кола во кола по улиците.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Енџлс вреди,јас таму студирам и секоја вечер сум таму
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Опаааа е како тоа оваа тема ја немам видено? :) Штип градче градчеипол :lol:
    Град како град е ок ама ништо посебно. Го сакам ноќнот живот во Штип супер е со супер локалчиња.
    Народот ептан модерен :) поготово момците да идиш и очи да си исплакнеш, како од каталог излезени кој од кој подотеран, кој од кој поседен :) Обожавам да пијам кафе во Скверо, да излегувам во Енџалс и да јадам пица во Даблин :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Според мене има мнн мнн појаки фаци по Штип кој можат навистина и да земат „Оскар за Легендарност“... некој по горе пишал за гафовите...о само колку има повеке „неоткриени
    таленти“!
    Не го сакам делот со угорниците и удолниците ... и за културата на возењето...
    не сум од Штип но често одам - дефинитивно ме иритира фактот дека за Викенд мнн мнн рано
    затвараат продавниците..незнам како планираат да има работа кога е некој на работа ?!
    и морам да искоментирам плус дека
    феминем
    индивидуи кои запознав за мојот кратко престој таму воопшто не ми се допаднаа по карактер и по мислење кои го споделија со мене за Прељубите и за преземање на зафатени момци ...
    но сепак тоа е мое мислење и мој впечаток
     
  17. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Oд вечерва, почнува, Штипската пастрамалијада. Почнува во 19 часот, и ќе трае се‘ до недела, после полноќ (понеделник ќе дојде).
    Ќе биде на улицата ,,Ванчо Прке‘‘ или позната како Едносмерната. Како лани, ќе има како маси, секој ресторан ќе има посебна, и таму ќе ги продава пастрамајлиите. Пред некое време слушнав дека ќе биле по 100 денари Пастрамајлиите (лани беа 50), ама поголеми од лани т.е како стандардната мала што е во ресторан, па ќе видиме.
    Ќе има гости, пејачи.
    Ден I Петок 23 Септември 2011

    19:00 часот:
    Куртиш Џипси Бенд
    Илија Ќосевски
    Зоран Илиев
    No End
    Влатко Илиевски
    Слаткаристика



    Ден II Сабота 24 Септември 2011

    12:00 часот:
    Традиционална трка на келнери

    19:00 часот
    КУД Ристо Донев
    Роберто Поп-Димитров
    Дуле и Коки
    No End
    Венко Серафимовски
    Како Браќа
    Пука Козметика (Токсикологија)
    Канго



    Ден III Недела 25 Септември 2011

    19:00 часот:
    Горанчо Ангелов - Гајда и Ансамбл Етникум
    Браво Бенд
    Ристе Тевдоски
    Кристијан Тодоровски (ИДОЛ)
    Ивица Велоски (ИДОЛ)
    Александар Белов
    Роберт Билбилов
    Викторија Лоба
    Тони Зен

    Велеа дека ќе дојдат кошаркарите, ама не се знае.

    И сега ние, штипјанките, официјално ве покануваме да присуствувате. Ќе биде интересно. :)

    Ве очекуваме! :P

    [​IMG]
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Бев во градот на семинар од 21 до 28 мај и уживав во него... Шетањето, тврдината, Џез клуб, Мистик, Даблин паб, Ејнџелс... Има кај да се шета, што да се види... Нема да заборавам и кога во еден од оние фаст фуд сендвичарите среде строг центар изгледа толку ги шармирав и шмекнав двете млади дами, што наместо со две, ми дадоа сендвич со четири виршли; да надополнам, го изедов, али потоа бев тапан! :rofl: Мешавина од стари и нови градби, начини на живот... И сето тоа резултира во еден навистина интересен град.

    Недела сигурно ќе одам за пастрмајлијада, но не ми е толку за пастрмајлиите, колку што ми е повторно да го прошетам ова убаво гратче. :)
     
    На GarpovaV му/ѝ се допаѓа ова.
  19. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Jecc! Во 2 саат тргнувам за Штип :D :D ГарповаВ ставај кафе :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Штип :worried: Може да бидам искрена?!?! Не ми се допаѓа воопшто! :worried: :$ :tmi:
    Угорнини и удолнини, градот расштркан на сите страни...добро бе луѓе,која кондиција ја имате за да стигнете каде сакате пеш (или не дај Боже со велосипед) :^)
    Мал број на бутици (само на едносмерната улица која беше целата со вирчиња вода во моментот кога јас се најдов таму), бутиците со значително поефтини цени од мојот град, но во голем демоде стил! Треба големо реновирање на цела таа улица, од асфалт до менување излози на сите дуќани :x
    Кафичи...хммм...ни го препорачаа еден од подобрите кафичи во Штип во тоа време (пред неколку години) Фешн се викаше мислам! Се чудев...ова ли е најубавиот локал за кафе шема?!? :o Просечен... но доста посетен,едвај маса најдовме! :!:
    Ноќен клуб ,,Кабаре,, ...дупка луѓе, катасрофа... Можеби звучам лигавешки, ама јас таму не би излегувала па макар да треба и дома да си седам! :puke:
    Трговски центар... нааајискрено ама вопшто не личи на трговски ценатар, па се осеќав исто ко во Стоковна куќа во Ср да се наоѓам, само трговскиот во Штип е значително помал!


    Но...можете да се пофалите со најубавото место во вашиот град...Сутлакот (пак не сум сигурна за името)! Пренајубаво место, бев во пролетен период кога се беше разеленето а би сакала да го посетам во зимски период покриено со снегче!
    Кафе-ресторан Бизнис и Казабланка (или Казанова беше)...Ако ви идат гости од други градови таму да ги носите на пица! ПА имаат најубави пици, преслатки! ПАстрмајлија штипска не јадам, премрсна е за мој вкус, но затоа пиците во Бизнис и тоа другугот на К што беше беа најслатки а келнерите гостопримливи и професионали! :up:
    И дефинитвно најубавиот кафич во Штип на самиот центар, Сквер! Убаво место, убав народ, малце напната атмосфера или јас така се осеќав дека за првпат влегов! Ама ми се допадна местото!
    И за Даблин имам слушнато позитивни коментари, но сеуште не сум била таму!