Кожно одделението ти е во малата зграда, на втори спрат, на долниот дел се врши гастроскопија, значи не во зградата кај лабораторија, туку во другата. Над чешмата во дворот на клиниката што е. Директно си отиди тамо. А во влезот на болницата лево ти е наплатниот центар.
Кога ќе тргнеш од плоштадот накај Даблин, кај што се стеснува тротоарот десно има тунел. Низ тунелот првата врата десно, на катот.
Јас топло им препорачувам на Штипјани да дојдат во Струмица, да пробат што е вистинска пица па и пастрамајлија, бидејќи во последно време што и да јадам е ужасно.
Во Кратово имаш најубава пастрмајлија. Батали Штип и Струмица. А во Струмица имаш убави ќебапчиња. Јас сум јадел во кафанчето над паркот.
Да, да, сите само се надмудруваат со штипјани свети николската е поубава, радовишката е поубава, струмичката е поубава, кратовската е поубава, тетовската најубава била, велешката била закон.... Аха, само тешете се... Сега не знам, лани јас си купив обична без тракатанци од бутик “Нина“. Можеби уште има останато, сега баш имаше намаление на дел од облеката.
јас пред 3 месеци си купив таква, со нитни на рамениците. убави се, но убиваат. кога одам на училиште ранецот притиска врз рамениците, тоа жив пекол. а каде има нез. мојата ја купив во свети николе. ценс:950 ден. овде уште си ја држи цената.
Ти благодарам Anouk! Баш утре ќе доаѓам накај Штип,па ќе наминам до Нина..се надевам има нешто останато,и убаво и намалено!Со оглед на тоа дека покрај квалитетната роба,си држаат и цени
Marick14 па и тука во Ск имаш секакви пастрмајлии,има и штипски,баш ние со колегите пред некоја недела јадевме,има во Скопје каде се штипјани газди и прават пасатрмајлии,не ми за пастрмајлијата,тука да се прошетам,а за кебапчиња ти што викаш,зарем има подобри кебапчиња од дестан?
Добри се Дестан. Меѓу најдобрите во СКопје. Но ако зборуваме опширно за цела Македонија Прилеп води со скарата. А после нив за ќебапчиња се Струмица. А за пастрмајлија каде е тоа во Скопје што правата убави? Јас само на едно место сум пробал. Не ми текнува како беше пицеријата...
Во Автокоманда се наоѓа ама незнам како се викаше,ке ги прашам колегите ке ти кажам инаку самиот дечко ни кажа дека се од Штип и штипски си збореше ние бевме само да си нарачаме,си ги земавме и на работа си ги изедовме,а за скара ти што викаш Прилепчани имаат добра скара,дали мислиш на таа скара што ја прават за пивофест ли?Инаку све е до вкус нели?Мене што ке ми се допадне,незначи дека и тебе ке ти се допадне.