Убава е стварно скарата во Прилеп, еве и јас потврдувам. На Пиво фестот не е толку убава, како онака во обичен ден. Уствари како што викаме ние дека на Пастрамалијадата не јадеме пастрамалии, така и прилепчани не јадат скара на Пиво фест.
Јас викендов бев во Штип. Ептен многу врнеше. Поточно саботата вечер. Бев баш во она Лого-Мого на кафе и едвај излегов. Енџелс беше слабо, немаше многу народ. Па после бев во Мистик ама и таму немаше многу гужва. Изгледа дека врнеше и затоа никој не искача.
Јас бев на 9 км и катастрофа беше. Диџејот катастрофа. Си отидовме многу брзо. Џабе пропаднати 200-300 денари.
Да, слушнав дека било катастрофа... 9км беше порано актуелен, кога бевме мали, стандард одевме таму за 1 Мај, шема беше, у прашината... А кој DJ беше?
Некој ЧКЉ диџеј. Врска си немаше од животот. Пушташе оној исечокот од К-15, кога му ја скрши кичмата. И тоа го вртеше 20 минути.
Ова морам да го кажам, седиме вчера во пицериа Рома. И порачуваме пастрмајлија и таа ги носи без кашкавал (а сегде кај и да одиш со кашкавал ги прават). И и викаме зошто се без кашкавал кај вас и ни вика па тоа е желба на гостите...А предтоа не ни кажа. Откако ги изедовме ни кажа. 150 денари ја плативме без кашкавал. Требаше во Мал Одмор да седнеме али јбг...памет за другпат.
Пастрамалија специјал е со кашкавал и печурки. Ако сте порачале само пастрамалија (свинска или пилешка), ви ги донеле без кашкавал. Од сите места кај ја најдовте баш Рома? Мал Одмор исто храната е катастрофа... Убава пастрмалија се знае - у Гроф... Можете и Лонгуров, Верона, Алберта.....
Па се мислевме дали Верона или Рома. Во Рома сум јадел и предтоа ама тогаш со се кашкавал ги донесоа. А исто им рековме. И сега таа мивката ми носи без кашкавал. Максимално разочаран. А тоа Лонгуров на излез од Штип беше или? И уште нешто, кога е Макфест, колку се картите и каде можат да се купат?
Не знам, никогаш не сум имала проблеми, баш и во мени си пишува - Пастрамалија специјал, месо, кашкавал и печурки... Иако само еднаш имам порачано таква, пастрамалија си се знае, леб, месо и маст, без кашкавали и слично. Како и да е во Рома не сум била од дете... Лонгуров да, на излез од Штип, кај Педагошкиот факултет. Моментално Лонгуров и Нецко имаат најдобра храна во градот. Инаку Макфест годинава ќе се одржи на 5, 6 и 7 јуни. Картите уште не се пуштени во продажба. Ќе ги пуштат после 1 јуни. За цената не знам. Порано беа околу 3000 денари за трите вечери. Сега не знам како ќе биде.
Нецко ти е над Кампус 2, кај Нана, мислам дека таму е и Астибо и уште некои конфекции. Инаку и јас гласам за Нецко, по многу "разочарувања" од штипската храна, Нецко е добар. Палче горе. :up:
Нецко е спроти Лонгуров, значи од другата страна. Картите за Макфест обично се продаваат на шалтерот во Домот на културата. За во Скопје не знам. Сеуште не се знае ништо точно. Кога ќе излезат во продажба и кога ќе има официјални информации ќе ти пишам.
За заинтересираните за Макфест http://radiostip.com.mk/stip/8877-ludi- ... za-makfest http://www.1.mk/ekskluzivnorasporedot-n ... fest-2014/