Дечки знаете дали во центарот има теретана и што цена е? Исто ме интересира дали има теретана во Штип само за женски?
Е теретана во центарот не сум приметила баш. Има во кај Суитлакот, одма кај Здравен дом, само што не продолжуваш по главната туку скршнуваш накај шеталиштето што води накај Суитлак. На левата страна е. Барем на мене ми изгледа на теретана
Јас сум Штипјанка. Град како град убав е и Макфестот се одржува тука, пастрамалијада, на исар се оди нз кој ден, имаме панаѓури и други работи и мислам интересен би бил може за некој од страна, мене не ми е. Инаку теретана има кај Angeles, од туш малку понагоре и кај пазарот накај сутлак што се оди.
Седев пред една недела во Лонгуров. Порачав пастрмајлија. До сега најдобрата што сум ја пробал. Но за услугата све најлошо можам да кажам. Прво чекавме 20 минути за да не услужи некој. Второ, ги носи пиците и не ни носи пробор за јадење. Другарот си побара и на него му донесоа а мене не. Сите келнери раштркани на сите страни, викаш еден доаѓа друг, викаш друг, не доаѓа никој пола саат. На масата до нас станаа луѓето и зема да ја расчистува, зема солот, зејтинот ги стави кај нас на маса. 20 соларки кај нас на маса. ОД другите маси ги префрлува кај нас. И после му вика абе дечко ова на што личи, и ај ај извини. На крај кога требаше да платиме, пола саат ни требаше за да викнеме некој, зошто никој не се појавуваше. Тој што ќе излезеше надвор на терасичката со 300 на саат оди и не сака да чуе. И едвај натеравме некој да ни донесе сметка, 15-20 минути и сметката ја чекавме. Заклучок: Пицата најдобра, услугата најлоша во градот и околина.
А се наоѓаат долги фустани докај 7000 ден или слабо? Инаку навистина имаат преубави фустани само немам претстава како им се движат цените
Пица јадеше или пастрамајлија? Јас мислам дека пица си јадел оти пастрамајлија нема во сред лето во Лонгуров, сеедно може и да грешам. Инаку имаат доста гужва некогаш, а малку келнери и сите се растрчкани натаму наваму.
Има на едносмерната неколку бутици што продаваат свечени фустани (од околу 2000 денари па нагоре). А има и во Бела (за венчаниците) и ги шијат обично по 100 евра, а мислам дека имаат и готови
Пастрјмајлијата е највуксна во Штип, јас јадев во Даблин пред некој ден. И се јаде со прсти, зошто со нож нема шанси да ја исечеш тестото е многу меко. Услугата беше за никаде пола саат чекав да донесат една чаша вода. Ама сепак беа само двајца келнери во цел Даблин.. и тие самите кажаа дека имаат многу работа се извинија . Ми се допаѓа како град а и штипјаните се фин народ .
Се согласувам со феминката погоре, фустаните во Нана почнуваат од 12.000 па нагоре. Инаку ако не ти е важен потписот од модниот креатор на фустанот, би ти препорачала да го посетиш бутикот Нина, се наоѓа на едносмерната. Има преубави модели на фустани. Цените почнуваат од 3.000 денари. Другарка ми за апсолвентската купи долг фустан од Нина за 3.500 денари. Совршен беше. А во Бела ( за венчаници што е) исто добро шијат, со твој модел на фустан. Инаку заостанатите таму што ги имаат претежно се постари модели, на кои одамна им поминала модата.