DUKI DASO-Štip ИМА ПОТРЕБА ОД ЕДНА ДЕВОЈКА ЗА РАБОТА НА ОПРЕДЕЛЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ, ВО ТРАЕЊЕ ОД 9 МЕСЕЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КАНДИДАТКИ МОЖАТ ДА ПРАТАТ C.V. ВО ОБЛИК НА ПОРАКА НА СТРАНАТА ...ИЛИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДИРЕКТНО ВО ПРОДАЖНИОТ САЛОН ВО ШТИП...
Незнаев дека пастрмајлија не спаѓало под пица. Зошто таму на менито а и во други пицерии се водат под пици.
Бев во Штип летово, поради фамилијарна работа. Со мајками седнавме во кафиќ на кафе и цело време си седевме таму. И така по жешкото бевме. Јас си изнакупив многу работи, некаде можеш да најдеш ефтино некаде и не. Интересно е што истите работи се тука ама се по екстремна цена. Иначе за пастрмалиите им се најубави и меки. Секоја чест.
Јас се припремам за Пастрмајлијадата следниов месец. Нема нешто пеачи освен Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ. Некои од ова Икс Фактор ќе пеат, ама на нив само мали деца ќе има. На Жељко би идел.
Се кине, се крши Непишано правило е тоа. Инаку, можеш да побараш да ти ја исечат, ама и во тој случај ќе си ја јадеш без прибор и ќе мора да ја кршиш, оти ќе ти ја исечат на покрупни парчиња
До сега кај и да сум одел секаде ми ја сечеле пастрмајлијата. Само во Лонгуров не. Колку сакате зборете, но според мене најлоша услуга во Мк.
Во Штип одам секој месец за контрола на забите бидејќи носам протези. По рестораните немам многу одено, туку имам влезено само во Angels Cafe и Square Pub. И во двете кафулиња бев добро услужена. А бидејќи одам секој месец не ја испуштам можноста за шопинг бидејќи има повеќе продавници отколку во нашиот град. Град како град, секој си има свои маани и предности. Сепак ми се допаѓа Штип како град кој вреди да се посети.
Некој кој е од Штип ако сака да ми каже рецепт за пастрмајлија? Ме интересира како го прават тоа тесто толку меко ...
Eloves да те прашам ако знаеш, теретаната кај пазарот случајно да не се вика Fitnes centar или Power gym пошто на fb само овие две ги најдов?
Фитнес клуб Еликсир е таа спроти Здравен дом, а Power gym е кај пазарот над Туш, под Кам маркет. За други не знам, ако знае некој нека кажува
Само што дознав теретаната Fitnes centar се наоѓа на ул. Ванчо Прке во зградата Кубис, само гледам на сликите на фб слабо девојчиња само машки. Ова теретана ќе ми биде најблиска ама ете тоа ме мачи
Фитнес клуб Еликсир таа спроти Здравен дом како што ти кажа Бумби е само за женски како што мислам јас, а и не е многу далеку од трговски.
Може има и некоја трета За овие две што ги пишав сум сигурна, Еликсир е само за женски најверојатно затоа што е баш фитнес клуб, имаат само степери, ленти за трчање и статични велосипеди и уште понекоја справа. Power gym е баш теретана, ама таму одат претежно машки да се билдаат
Пастрамалија се јаде со прсти. Непишано правило. Затоа не ти донеле прибор. Инаку секаде се прават пастрамалии во лето, во сите ресторани, и 50 степени да е надвор, ако си порачаш ќе ти направат. Друго, сум кажала милион пати, избегнувајте го Даблин. Беше убаво кога го отворија, сега е заникаде. И услугата и храната, а за хигиената да не правам муабет. Најубава пастрамалија шо сум јадела до сега е било во Гроф. Без конкуренција. Исто така Верона и Алберта ги препорачувам. Во Нецко, Лонгуров и слични ресторани избегнувајте да јадете пастрамалии и пици. Таму јадете скара и специјалитети. Пастрамалии, а особено пици, по пицерии. Инаку долги фустани во Нана, Беас, бутик Иле и Нина чат пат. На друго место од Штип не. Венчаници Бела се катастрофа. Светкави, ефтини сатени и никакви како во униформа чипки. (мое мислење) Во Нана можеш да начекаш и попуст, зависи кој период отидеш. Теретана има у центар, до бутик Дума и златара Јувелир, во подземниот дел, Пинк Партнер мислам дека се вика. Ако ве интересира и за цена можам да прашам.
Теретана има у центар, до бутик Дума и златара Јувелир, во подземниот дел, Пинк Партнер мислам дека се вика. Ако ве интересира и за цена можам да прашам.[/quote] Стварно Аноук ако можеш да дознаеш за цена ќе биде супер.