Јас лани не бев Роузи. Луѓе што беа кажуваа дека било најубава Пастрамалијада до сега. Широко, имало место и за шетање и за седење. На штандовите собирало повеќе луѓе. Ептен било убаво. Мене на едносмерната воопшто не ми се допаѓаше. Многу ми беше тесно. Си седеш, си јадеш, и над тебе луѓе. А таа година кога беше на плоштадот... Најкатастрофа Пастрамалијада до сега, жива утка беше...
Сакам да купам поклон книгата се вика Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари или било каква книга од областа популарна психологија? [/quote] Голем избор на книги има во книжарница “Мист“, потоа има и во “Просветно дело“, “Венеција“, “Давка“, “Пинокио“..... Спојлер Имаш ли претстава каде се наоѓаат? [/quote] ne
Голем избор на книги има во книжарница “Мист“, потоа има и во “Просветно дело“, “Венеција“, “Давка“, “Пинокио“..... Спојлер Имаш ли претстава каде се наоѓаат? [/quote] ne [/quote] Во “Мист“ имаш најголем избор на книги. Се наоѓа на едносмерната улица “Ванчо Прќе“. Ти текнува за кај зборам? Во редот на златарница “Вами, бутик “Мелоди“, исто до книжарницата се наоѓаат флипери од едната и пекара од другата страна. Ти текнува?
Абе луѓе еуфорија на нивоу Одете журкајте се, пивнете пивце, винце, а пастрмајлија во понеделник јадете. Ем топла, ем мека, ем во ресторан со попријатна атмосфера
Го сакам Штип . Две години по ред одиме со друштво во Штип на пастрмајлијада и да Ви кажам супер доживување е.... Народ,веселба,добра храна ...се на се супер е....и покрај тоа што пастрмајлијадите ладни ги носат,ама со винце се ммм....дури и за дома си земаме по 2-3 за утредента.... И оваа година планираме да одиме,само кој ден се уште не сме се договориле. Туку дали имате информација за цените на пастрмајлиите и дали од ресторанот „Мал одмор“ ќе имаат штанд?
Убаво е многу и годинава. Народ, топло време, пастрамалиички, винце, музика... Милина е. Пастрамалиите се по 120 денари. За “Мал Одмор“ не сум сигурна, дали имаат штанд. Инаку ви ги препорачувам штандовите што не се ептен во гужвата. Оние што се на крајот. Автомобилите таму имаат повеќе пристап до штандовите, и пастрамалиите се секогаш потопли од оние штандови што се во гужвата. Плус не ти “дише“ некој над глава додека си јадеш. Повелете сите, јас отидов да ја слушам Еленка.
Не беше лошо... Само дождот расипа на крајот од вечерта... ама добро беше... Денес се очекува повеќе гужва, нели Лукас ќе пее. Во врска со пастрамалиите, купувајте од оние штандови што имаат печки со нив. Пастрамалиите се пресни и стоат во печките и секогаш се топли и превкусни.
Фала на инфото, Аноук. Можеби ова е глупо прашање, ама јас да си прашам. Има избор на пастрмајлии нели, мислам има на пр. пилешки не само со свинско, така? Пр. има пилешка со печурки и кашкавал?
Сенза седни во Лонгуров и нема да погрешиш Ем топло, ем пресно, ем ќе седнеш ко човек. Инаку времево како е, се смири ли дождот?
Леле, значи и да нарачам од штанд каде ги носат од рестораните нема пак да ми направат пилешка? Аман се запнав. Неќам свинска, затоа. Крај краева ќе си пијам црвено винце само.
Сенза, од ресторант можеш да порачаш каква сакаш. Јас јадам само пилешка, па вчера си порачав пилешка, ми направија