Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од GarpovaV, 28 август 2011.

  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.981
    Вчера цел град немаше струја цели 10 минути.Да не знае некој зошто :?: ?
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.747
    Допаѓања:
    145.194
    Мислам дека не беше цел град, бидејќи кај нас од зграда се гледаше дека во горните делови има струја.
    Најверојатно е била преоптеретена од манифестацијата.
    Истото се случи и кај на Опен Фест. :)
     
  3. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Не беше баш цел град.А појма немам зошто немаше струја :?: .Ни на крајј памет немаше да ми текне дека струја ќе снема :x
     
  4. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Питијадата во Штип ја испуштив и неможам да дојдам ни утре,а таа во Велес-е таа богами нема да ја испуштам :rofl:
     
  5. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Не знам дали цел град немаше струја, ама на каде што живеам јас , поголем дел немаа.
     
  6. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Девојки од Штип дали и каде можат да се најдат убави чевли (освен Баргала)?
     
  7. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    На едносмерната улица, во ,,ИН,, има голем избор, онаа големата продавница.
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Во “Ин“ има чевли на “Biana“. Исто така спроти “Кубус“ има продавница со убави чевли, “Тhe brothers" се вика.
     
  9. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Само квалитетот на чевлите од „Ин“ и од „Тhe Brothers“ не е ист со квалитетот на Баргала. Знаеме дека чевлите од Баргала се кожни, овие другите не се. Зависи какви бараш и дали квалитетот ти е приоритет.
     
  10. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Се согласувам за Баргала.
    Само што во “Ин“ има чевли на "Biana", а и тие се кожни и квалитетни.
     
  11. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    24.074
    Пол:
    Женски
    Бевме вчера и да кажам како поминавме.
    Искрено, не сум задоволна. Не дека очекував кој знае што, ама...
    Стигнавме и најдовме некако паркинг, уште на влезот кај Мал Одмор ресторанчето.
    И ајде, нАли на Пастрмајлијада сме дојдени па да одиме кај штандовите.
    Прво гужва, го фативме Ферус кој свиреше баш во моментот, па немаше место каде да поминеме ништо не се гледа ни кај е ни што е. :^) Таму кај рингишпилите кал :tmi: у сред Штип. :D
    Ајде, стигнавме некако и кај штандовите. Гужва, гужва и турбофолк музика. :lol:
    И ајде село мое весело (ова за атмосферата), купивме пастрмајлии од едно штандче. Ние тројца бевме, и едногласно се сложивме дека тие се најлошите пастрмајлии шо сме ги вкусиле во животот. :(
    Не ни сметаше шо беа ладни, туку месо начичкано на средина и огромни кори по страната. :^)
    И мрсни беа многу.
    После видовме на други места имаше и со кашкавал, ама кој да ги види во гужвата.

    Заклучок: Штип да, ама обичен ден во ресторанче. На Пастрмајлијада no more. :D
     
    На Nimai и duffi им се допаѓа ова.
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.747
    Допаѓања:
    145.194
    Сензо,да не ми е мака што не останав :D
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Многу логично е при толкава гужва пастрмајлиите да не се убави. Требало да седнете во ресторан кој што нема штанд, затоа што тие си работат како во обичен ден и ќе сте пробале убави пастрмајлии.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Во ресторан е поубаво. На штандовите, пастрмајлиите се ладни.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Ни во ресторан не се убави пастрамалиите, за време на Пастрамалијада. :)

    Сите трчаат да направат и да однесат по штандовите, затоа што таму е гужвата, не им е гајле дали некој сакал по мрсна или по сува. На Пастрамалијадата се гледа на квантитет, не на квалитет.

    Иако лани не бев, сите рекоа дека лани организацијата била поубава, и имало повеќе народ.

    Вчера на Лукас дремев ко кокошка на штанд на кој немаше за јадење, само за пиење... Ова од моја гледна точка затоа што јас не можам органски да го поднесам Лукас, отидов затоа што имам гости од странство, па сакаа да присуствуваат на нели еуфоричните настани периодов.

    Се запрепастив од среќните лица и распеаните таму присутни луѓе. Луѓето буквално на глас ги пееја песните од Аца. Сите радосни, креваат раце, се смеат... Јас само “Наочаре црне“ ја знам инаку. :!: :D

    Денес беше подобро. Гужва, нормално дека ќе има, прочитав погоре некој ја спомена.
    Имаше, не се знае колку автобуси од Мк, и плус сите штипјани излезени, имаше гужва премногу, меѓутоа тоа е очекувано и мене воопшто не ми засмета, ниту ми беше чудно. На вакви маифестации тоа е нормално.

    Жељко пееше, па после некој си dj од Бугарија пушташе музика. Не беше лошо.
    Јас не ни очекував нешто не знам, wow, на задник да паднеш. Затоа што ваквите манифестации тоа го нудат. Музика (за сечиј вкус, зашто иако не слушам турбо фолк, многумина слушаат), храна, пиење, забава и за возрасните и за децата.

    Некој спомна погоре рингишпил во кал во сред Штип. Рингишпилот мислам дека најмногу заработи за Пастрамалијадава :D Сите деца беа отидени таму.

    Инаку, тоа не е сред Штип. Тоа е само дел од една населба од Штип. Се вика 8-ми Ноември. И кал имаше затоа што врнеше претходните два дена. Тоа е инаку парк.

    Да потенцирам, денес пастрамалија не јадев. Ќе се стрпам, од понеделник здравје, на убави, шЧипски.
    :)
     
  16. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Најјубаво беше на пастрамалијадата,особено вчера :inlove: Од икс фактор не пееше Тамара а мислам дека и Алекса.Толку беше гужва што неможеше да се дише.А не даваат ни да поминеме.Мислам дека имаше многу луѓе од Куманово (ако не се лажам) ама се на се беше многу убаво.Требаше да стојам во прв ред неможев да го видам убаво Жељко.Ама важно со Урош се слика.Значи полицајците не му даваа да дојде да се слика со нас оти тие помалите деца ќе го задават.Урош е ептен срцка,и покрај тоа што не му даваа тојј дојде.А за Маид и Лукијан незнам дали се сликале со деца не бев цело време позади бината.Преубаво беше,премногу луѓе и милсам дека оваа година имаше најјмногу гужва :$
     
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Супер беше во саботата на пастрмалијадата. Малку беше тапа, се дур не излезе Жељко. Овие од Х-Фактор кај ги викнале.... :tmi:
    Јас бев на 10 метри од бината, убаво место најдов. До мене се испотепаа едни женски. :rofl:
    Пастрмалијата тазе топла ми ја донесоа и преубава беше.
    Организација - Катастрофа, Озвучење - Уште покатастрофа.
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа училиштето Коле Нехтенин? :wasntme:

    Итно ми треба информацијава.
     
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Софи, на влезот од Штип, по Булеварот, спроти “Нецко“, малку погоре од ресторан “Лонгуров“.

    Има скали, со зелена (мислам дека беше зелена :?: ) ограда, си пишува таму, ќе прочиташ.
     
  20. ristovska123

    ristovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    64
    Викаш имало кал,имаше бидејќи претходните денови врнеше, и после викаш има гужва.Епа што очекуваш пастрамалијада е секако дека ќе има ;) и оваа година имаше најмногу народ поради аца и жељко