Мене, пак, поубаво ми беше додека го слушав Маид, баш ја раздрма публиката, Жељко ми беше онака... што знам, очекував многу повеќе од него
Да маид направи најубава атмосфера,секако и урош и лукијан беа срцки алекса малку пееше не го ни видов а кога заврши жељко со пеење имаше огномети преубаво беше .
Хахаха не го гледав многу маид ама башш е срцка значи он најјубаво пееше и најдлго со споредба со дурите икс фактор.пееше и македонски народно
Толку долго, што дури се помачија додека го избркаа од сцената. Баш стоев од таа страна, тој од организацијата маваше раце, викаше, а овој само го погледа и си продолжи
Има ли Најк женски патики низ продавниците? Треба да купувам деновиве, но некој да ми потврди каде има ако може.
На едносмерната има продавничка баш за вакви работи, кај Евтинија (баш и не ги знам како одеа по ред ). Ќе ја најдеш, на излогот има корсети, чипки и сл
Штип, наскоро планирам да одам да прошетам цел ден и секако да јадам пастрмајлија. Другарка ме почасти ми донесе пред еден месец и баш беше вкусна.
Сендвичара Хамби, можеш да се јавеш, да порачаш и тие со такси ќе ти пратат, но ти си го плаќаш таксито. Бројот е 032 395 365. Речиси и сите пицерии го прават истото. Е сега имаше еден мал "дуќан" за брза храна т.е пици кои имаат бесплатна достава, но не знам број. Продавницата се наоѓа спроти основното училиште Ванчо Прќе, преку реката.
Знам дека сите праќаат по такси, прашањето ми беше за сопствен сервис. Како и да е , фала на одговорот.
Имаш бутик на Астибо Аулет на влезот на Штип (кружниот тек кај Лукоил) и уште еден кај новиот мост под Исарот, ама од она што јас можев да видам капутите се повеќе за повозрасни жени (не за 20-30 годишни девојки), а цените како што забележав се над 6000 денари.