Повеќето од рестораните преку цела година прават пастрамајлии, лете/зима, сеедно.Така да, и сега прават. Лонгуров, Класик, Меана за мерак,Параполи...
За Пастрмајлијада сега само навечер ќе има пастрмајлии низ град на едно место или и преку ден е исто?Вреди ли да се посети настанот, има ли многу луѓе?
За пастрмалијадата ке има пастрмалјии навечер на местото каде што ке биде настанот, а вака преку ден можеш да си купиш во било која пицерија или ресторан прават. На настанот има премногу луѓе, има добри пеачи и ди-џеи. до 1 часот ке пеат некои познати пеачи како Цеца, Жељко Самарџич, Калиопи, а после 1 часот па се до сабајле има DJ Nenad Omen и слично. Мислам дека вреди да се посети бидејки преку целиот ден има активности и не е здодевно, има убава атмосвера , вкусни пастрмајлии за пристојна цена.
Бев и имаше многу народ. Автобуси и автобуси од други градови, па и од Србија и Бугарија збореа дека имало. Е сега ние бевме отидени уште преку ден, а имаше луѓе кои не стигнале навечер затоа што на патот кон Штип имало сообраќајка и застој, колона, чекале, па се вратиле назад.
Максимално разочаран од овогодинешната пастрмалијада. Ланската помина со скандал, но имаше многу подобра организација. Да не кажувам што како, тие што биле знаат како беше. Затоа што имам да пишувам многу лоши работи. Едно добро што беше на пастрмалијадава е Цеца.
Јас јадев пастрмајлија во сендвичара Чизби штандот. Не ја ни изедов. Катастрофа. Премногу сум разочаран од организацијата. Љубител сум на вакви настани. И секогаш кога има во Македонија и Србија, присуствувам. Но овој ми остави лош впечаток. Ако е истиот организатор и следната година, ќе се замислам дали ќе идам. Овој пат отидов само заради Цеца.
@Marick14 Па нормално дека пастрмајлиите нема да бидат сјајни кој стигнал отворил штанд Чизби господе боже сендвичара да отвори штанд за пастрмајлии малку е чудно нели немаат поим од тоа А и пастрмајлиите на сите штандови скоро се такви се прават пред време ладни се помали правени набрзина некое се препечени некои дури и живи иста приказна секоја година ама ајде тоаа е
Лани јадев од штанд што сега го немаше и пастрмајлиите стварно беа убави. Сега од брзање седнавме таму и дури ни до пола не стигнав да ја дојадам. Убаво викаат штипјани, додека има пастрмалијада никој да не јаде пици и пастрмајлии. Тоа е златно правило на штипјани. Да не беше Цеца, едвај 1.000 души ќе имаше на пастрмалијадата.
@@Marick14 За љубителите на вакви настани недопустливи се пропусти и лицемерно профитирање од страна на организаторот. Имаш можност да го промениш мислењето и да го подобриш впечатокот за поубава манифестација со тоа што може да присуствуваш на една традиционална и општо прославена пастрмајлијада, а тоа е Велешката пита пастрмајлија. Поканата е добронамерна за сите кои го сакаат вкусниот залак залиен со чашка црвена голтка и музички декор на 8, 9 и 10 октомври да се лоцираат во градот на Гемиџиите. Срдечно те поканувам на добра забава во соседството. Poenta се согласувам со вас,сум била и во Штип и во Велес,нема споредба Велешките пастрмајлии се највкусни што некогаш имам пробано во мојот живот,
Во Велес на питијада не сум бил до сега. Лани за малце ќе отидев. Но нема да јадам пастрмајлии затоа што не јадам јајца.
Сум била на пастрмајлија ама онака не за манифестацијата и тогаш беше поубава и поголема за 120 денари во Параполи. Сега не беа такви. а градот сум била и порано некако многу е угоре удолу.
@Marick14 Со оглед на тоа што не јадеш јајца, можеш само да присуствуваш на манифестацијата. Инаку, надвор од вакви настани, низ рестораните прават пастрмајлија без јајца по порачка и со што се задоволени барањата на сите љубителите на вкусната храна.
Поздрав до сите штипјани на форумот , поздрав и до сите кои што беа на Пастрмалијадата и поздрав до оние како мене што од дождот ни Цеца видоа ни Цеца слушнаа , хахаха.Инаку од штанд незнам како може да јадете , инаку каде што јадев јас кашкавалот беше катастрофа.Верувам дека најпсуена жена на неделата ке биде Цеца .Дождот упропасти се.Алал да им е на оние што стоеја на дождот.
Јас стоев на дождот ама со чадор. У право си дека дождот упроспасти малку, но и онака пред да почне да врне немаше атмосфера. После тоа дур отидам до кола, се направив скиснат глушец.
Колку сакате негирајте, ама лани на Жељко Јоксимович многу појако беше. Зборам за атмосфера, а и се друго.
Е што не ме препозна бе и да ме викнеш под твојот чадор колку си нехуман , мн гужва беше додека стигнавме сообракајки по пат дремеш у место по 5 минути и баш стигнавме пред огнометот.Мн гужва беше ама кога на првата песна заврна почнаа да бегаат сите и да се кријат по рестораните.Е не ни текна чадори да земеме.Инаку да не беше Цеца ептен малку народ ке имаше.
Јас стоев на дождот и тоа без чадор. До крај. А и колата ни беше далеку, додека стигнавме станавме како избајнати кокошки. Ах Цецо, што ни направи.