Модно студио Стефани убаво работи жената има многу задоволно клиенти. Отвори на фб ке разгледаш што се има сошиено.
За цена не знам како е,ама за материјал мислам дека можиш и сам да си набавиш а и таа дека може да ти најде. Ама најубаво прашај си ако сакаш ке ти дадам и телефонски број.
Ајде за тие од Штип едно прашање..Дали некој е информоран дали оваа година ќе има Summer beach festival во Аngels caffe во Штип и дали вие од таму знаете кој период би било или воопшто оваа година нема да се организира прашувам за да не го планирам летниот одмор истиот период бидејќи таква журка несакам да испуштам...
Во август е Summer beach, оваа година не ми се верува дека ќе има оти кафичот е разрушен целиот, реновира се.
Ајде прашање до ШТИПЈАНИ... Заинтересирана сум за факултетот т.е. универзитетот Гоце Делчев/Поточно за филолошката катедра.Дали некој од вас студирал,студира ќе студира на овој факултет?Искуства,мислење совети се е добредојдено.
Има ли некој да ми предложи некое работно место во Штип.. Или некој кој работи во конфекција или слично..да ми пише..
Што се случува со Енџелс? Ќе го отвараат ли? Се збореше дека кон крајот на летово ќе го отвореле, а сега гледам дека и целото место е срушено....
Сакам да го прошетам градот, прв пат ќе доаѓам и не го знам воопшто. Да ми предложите место за ручек/кафе и нешто убаво дали има да се посети и види.
На влез во Штип има неколку ресторани со убава пастрмајлија. Прво од десно ќе ти дојде Лонгуров. Во Штип го сметаат како најелитниот. Убава пастрмајлија, сум јадел неколку пати, но е мрсна, ако не ти пречи тоа. Повеќето ресторани не ставаат кашкавал, па напомени им го тоа, доколку ја јадеш со кашкавал. Во Лонгуров земаат 50 денари доплата само за кашкавалот. Спроти Лонгуров се Мал одмор (на ќошот поточно, на првата раскрсница), каде последниот пат имав лошо искуство, немаше кој да ме услужи, иако келнерите се шетаа низ ресторанот како муви, а не не приметија дека седиме празни. Пастрмајлијата иначе е добра и таму, но услугата катастрофална, за ресторан со голема традиција. Но они си знаат. Третата препорака е Нецко 2, кој е точно спроти Лонгуров, од другата страна на улицата. Таму е убава и не е многу мрсна, а со кашкавалот исто, ако не им кажеш нема да ти стават. За кафе, одам во кафичот што е на кружниот тек во Штип, има секогаш гужви, па можеби и некогаш за викендите и потешко ќе најдеш место. Кафичите спроти кејот на реката не ми се допаѓаат, а исто и спроти трговскиот центар. Тие што се околу кружниот тек се сите добри. Цените се дупло поефтини од Скопје, ама баш за се, за јадење и пиење. Ако сакаш да јадеш во сендвичара, ти ја препорачувам Бамби, на плоштадот на Штип, гледа према кејот. Прават убави сендвичи со сецкан стек на парченца. Убаво би било да се качиш на Исарот, тоа е и симболот на Штип, но пробај денски, да не биде навечер. Од првиот надвожњак (или пешачки мост над патот на почеток на Штип, кој како си милува да си го вика) има патека за до врвот на Исарот. Јас одам пешки и некаде е 10 минути. Можеш и со кола. Земи си јакничка или палто бидејќи горе секогаш дува ветар, а и во Штип исто така, по тоа е и познат. Ако те интересираат и други работи за Штип или за друг град во МК, слободно прашај. Се обидов да ти објаснам толку колку што ми текнува сега по касниве часови. Сепак касно е, а и едната страна од мозокот ми спие.
За пастрмајлии не ги менувам Верона.. во Рома имаше убави пици ама не сум била одамна, се надевам уште работи Лонгуров е преценето место каде што само скарата им беше добра.. Нецко и Мал одмор се ок местенца.. За кафе кај и да седнеш исто е.. мене барем исто ми е.
Иначе дознав инфо, дека Роби отвора оваа пролет со Енџелс. За мене е голема радост бидејќи висев таму секој викенд од мај до септември. Најубавите забави во Македонија (да, во Македонија) се случуваа во Енџелс. Зборам за кафичите/дискотеките, а не за отворени забави како Skopje Calling, Д-Фестивал и сличните. Знаеше да донесе добри диџеи, да направи добри забави. Секоја чест за тоа на Роби. Но од љубомора (од страна на другиве кафичи/дискотеки и тогашната власт ДПНЕ) почнаа да му пуштаат инспекции скоро секоја втора недела и човекот мораше веќе да затвори. 80% од тие инспекци што му ги правеа не наоѓаа ништо. Се надевам дека забавите ќе бидат уште подобри од тогаш. И не, не го прави само музиката добар кафичот, туку имаа улога многу други работи. Кој бил, знае.
Штипската пастрмалија се прави без кашкавал. Така да ако сакаш додатоци како печурки и кашкавал мора да потенцираш. Лонгуров веќе не е тоа што беше, мислам дека е далеку од елитно место сега. Нецко и Мал одмор се најпрочуени и има многу од страна што доаѓаат кај нив. Во Канал 77 ми е многу убаво особено летниот период надвор на отворено. Храната им е убава, особено пастрмалијата.
Во ред, фала ви на сите и уште да ве прашам... Дали во околина на градот има нешто да се отиде посети? Црква/манастир/некоја природна убавина/ нешто археолошко од стари време о слично.. Ви доаѓала преку ден и со кола, што значи не мора да е баш во градот и во околината ако има нешто би го посетила.
Во близина на Пробиштип е еден од најпознатите манастири во Македонија, Лесновски Манастир. Убав е за посета. Црква има и во градот, но не сум влегол во неа. Ќе ја разминеш со кола сигурно кпга ќе одиш кон центарот и кејот кога ќе влегуваш во градот. Бела е и голема. Има мала зоолошка, за која не се наплаќа влез.