И мене ми треба таа информација. Прашав во темата Општи прашања, но никој не ми одговори. Утре патувам за Струмица, преку Штип и сакаме да одиме по новиот автопат.
Има Баргала археолошки локалитет надвор од Штип.Пастрамајлијата се знае дека е без кашкавал и без прибор за јадење.Има во центарот Музеј ако е отворен поима немам има интересни икони и стари артефакти.Исаро е најпознатиот рид во Штип и најдобро и најубаво е на 22Март и раздвижено и има традиција да фрлеш камења. Има и некој други места кои ги знаат само тие од Штип.Кур бунар на пример ,еден вид бунар, скривница што ја направиле партизаните во војната,а излегува во Ново Село.Тешко да го најдете за жал.Новоселската црква исто крие скривница.Таму се и Л'џите -извор со термална ,лековита вода. Црквата св .Илија што се смета дека била срушена од Турците и била изградена после џамија.Сега се отвара само на 2 ри август.Има столб што кога си замослуваш желба треба да го гушнеш ако ги допреш рацете ќе ти се исполни. Има и други мали и интересни работи што не се баш за еден ден Имаа и зоолошка бесплатно мислам. Немој да мишлиш само дека ќе одиш во егзотилен градВторото име му е змијарник За кафани поима немам тие што ги набројаа горе ги знам и се ок .Јас пастрамајлија не јадам па не знам баш каде е добра.На муж секаде му се свиѓа
Уште ова и не прашувам повеќе ништо, дали колата може да се остави било каде или има паркинзи на кои се наплаќа и дали до Исарот што го спомнавте погоре се стигнува со кола? Фала
Во и околу центарот секаде се наплаќа паркинг . На Исарот се оди со кола до одредено место . Ако сакаш да се качиш до спомениците има малку за пешачење ,ама ништо страшно
Во Мал одмор скарата секогаш била ок и цените се ептен пристапни, најчесто идеме таму, а во Лонгуров не сум била, баш ќе испробаме следно идење натака.
Здраво дечки, би сакала да Ве прашам тие што сте од Штип, дали вие или можеби знаете некој кој издава стан? Буквално се јавив на сите броеви и од групата на фб и од сите сајтови па си реков да пишам и тука. Фалаа
Што не кажа порано. Отидов пицнат у Нецко да се журкам, со кошулче, кравата, шпиц ципела, а тоа сите седат и пастрмајлија јадат. Жив срам ме изеде. Добро што на време некако ми кажа за во Мистик и Енџелс. Ќе отидев по тренерки и влечки да јадев пастрмајлија таму.
Ќе одам пак, па добродојдена си да дополниш нешто. Го засакав Штип и Штипјанки Зошто е во заборав? Има ли друго место за журкање после 12?
2016-2017 имаше една журка со некој турбофолкер и крај. А, и пред пејачот да пее у Мистик мислам дека не работеше година-две.
Zdravo sakav da prasam dali nekoj znae. dali se iznajmuva stanovi vo zgradite kaj angles cafe za studenti?
Колку што можев да прочитам најдобра пастрмајлија има во Нецко? Доколку некој има друг предлог доредојден е бидејќи сакаме да го посетиме и Штип на кратко и би било добро да знаеме каде е најдобро за јадење и за кафе се разбира