Имате попуст во Баргала, овие 3 дена викенд без ДДВ во саботата имаше голема гужва, а и вчера работеа. Пријатни цени за убави квалитетни модели. Од 1200-1500 се ниските. На пола цена од оние од Биана што ги продаваат а се исто кожа. https://www.facebook.com/Bargalashoes
Здраво,сакам да прашам каде во Штип моментално бараат работнички(за во сендвичара,слаткара или слично) од дневница?Инаку имам 18 години
Здраво, имам едно прашање до Штипјанки, дали сеуште се продаваат они познати Штипски кубаски и ако да каде ? Одамна знам се продаваа во стариот трговски центар а сега не знам. Позз
Дали има некој што моментално студира Туризам? Потребни ми се некои информации ќе ви бидам благодарна ако ми излезете во пресрет
Уште ова го немав доживеано некој да ми наплати за влез во Штип но ете и тоа се случи. Изговор тука го наплаќаме паркингот за во градот, боже мој не ми беше ни на крај памет да паркирам низ град колата ми е во двор кај другар.
Здраво, дали некој издава стан, гарсоњера или спрат од куќа за една студентка? По можност да е центар, но не е толку битна локацијата.
Дали е океј овој пабот со билијард маса? Сакам да поиграм малку билијард додека сум во Штип. Има ли некој ЗА?
На утрешен ден се празнува 40 маченици. Во Штип има традиција за овој празник да се оди на Исарот. „Четрсе – уникатен и вековен обичај во Штип, кој се практикува на верскиот празник „Свети 40 маченици“ на 22 март. Впишан во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013 година. Учесниците се собираат на улиците и плоштадите во Штип, а потоа се искачуваат на стрмниот Исар. Попатно застануваат во црквата за да им одадат почести на Светите четириесет маченици. При искачувањето, според традицијата, учесниците треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе.“ Во текот на целиот ден се организираат различни настани кои се одржуваат на различни локации. Извор и повеќе на: Четрсе — Википедија (wikipedia.org)
Во недела ќе одам на кратко во Штип, синот има фудбалски натпревар. Каде да прошетам сама 2 саати во недела и предлог за ручек потоа, немора пастрмајлија.
Каде ќе биде натпреварот? Од продавници во недела работи само молот. За шетање зависи колку време имаш може да се прошеташ до Сутлако и зоолошката , да се качеш на Исаро или да се прошеташ покрај Отиња. Од кафани работат само Штипска куќа и Кај Дацо, и за двете места треба да резервираш.