Дечки кај има во Штип најубава пастрмајлија со убава атмосфера? под тоа мислам да нема жива музика да ми урла на глава, фала.
Здраво, дали ќе може да ми предложите кај можам да направам надградба на нокти во Штип, ако знаете и цени уште подобро
Дали некој можеби живее во населба Македонка,и вие од Штип што би казале за населбата,знам се стари згради но дали тој дел ке се реновира или евентуално нешто е почнато, поздрав би ми значел секој коментар ,благодарам
Дали ќе се реновираат зградите, тоа ли прашуваш, не сфатив? Таму има и згради и куќи. Поголема е зградата до школото што ја викаат "Самачка", становите се мали. Мал ходник, купатило, соба и една поголема кујна со трпезарија. Другите згради се со по 4 стана, на 2 ката. Тие имаат 2 соби, кујна, купатило и ходник, исто мали се. Како населба е сосема ок. Мала населба е, мирна, има школо, е немаат продавница, близу е Стокомак со кола, пешки може околу 1км.