Ако успеам да си ја постигнам целта со качувањето барем 4 килограми до декември - нормално, со ждерење тостови од Бамби - ве частам сите штипјанки на форумов! Ама најсериозно. Колку Бамби сендвичари имате? Јас две забележав - едната кај тие кафичите, другата некаде потаму, мислам банка имаше од спроти. Нова сум, ќе ме извините - уште се учам. Пробав и од двете места и немам замерка бре, да се јаде нешто. Јас до душа, ретко сум пребирлива за тостови. Тој со врат ви е врв. Би смотала уште два ко на шала, ама ќе се стрпам. А Попај? Ај еден рапорт што имаат на мени и како стојат со цени - тоа огромните тостови ми фатија око, не велам не.
Има дури 3 Бамби за твоја среќа. А можеш слободно и во Хамби да си пробаш, најмногу е фален за сендвичи. Едниот Бамби е спроти Намата, другиот е на плоштадот, а третиот е веднаш спротив безистенот. Хамби е во ист ред со Попај само малку подолу. Во Попај има топол сендвич со шунка, кашкавал, врат, кулен, кечап/мајонез и плус има сусам на лепчето. Има едни огромни палачинки тие се 50 мислам а тоа што сакаш да ти стават внатре (крем, бисквити, банана...) се доплаќа. Многу битно, кога ставаат крем, ставаат еден тон.
http://www.bezpardon.mk/site-vo-shtip-n ... bject_map={%224119995631308%22%3A156887341116864}&action_type_map={%224119995631308%22%3A%22news.reads%22}&action_ref_map=[] Ајмо сви на пастрамајлии. Охохо едвај чекам. Те зашо сакам есен-зима. Оти ако не за друго, барем пастрамајлии се најадам. Дека у лето ќе јадеш пастрамајлии. Ќе ти се стуже. Во Попај тој топлиот сендвич е многу убав, а палачинката мене ми е како ск‘с. Стават многу крем, ама вака тестото не ми е убаво, дебело е. Ама, ај може да помине. 50 е со еурокрем, ама доплаќаш плус за додатоците. Со нутела се поскапи, не знам точно колку се, не сум јадела. Ама битно, од една ќе се најадеш таман.
Кога ќе настапува Бајага? Претпоставувам во недела. Има некаде програма кои изведувачи ќе бидат вклучени во програмата?
Нема, не. Можно е на вести да се кажале, ама да кажале сигурно и овде ќе ги пишува. Мош во текот на неделава ќе дознаеме. А, за тоа дека во Angels одиле VIP фаците, сите од страна така мислат. Братучет ми неќна ми вели таму во Angels одат само шмизлите. Ич не се согласувам.
Мхмх како би лапнала сега една штипска пастрмајлија со свинско,,ммммм.. Незаменливи се штипските пастрамјлии..
Штипјанки, има ли некаде убава печатница (како и да се вика), каде се изработуваат апликации на чашки !? Ми се вртат некои идеи во глава, сакам да пробам да ги реализирам. Да ми кажете информации, цени (ако знаете) и точна адреса, зашто тапа сум со ориентација. Многу ќе ви бидам благодарна.
Мислам дека во Фото Трајче прават чаши такви со апликација. На едносмерната на средината некаде доаѓа. Во близина има и клучара и ,,Близу‘‘. На излогот стојат чаши, фотографии... Исто го има и на друга локација, на крајот на едносмерната, спротив Класик, на таа страна. Одкога ќе го поминеш ,,Ин‘‘ и таа големата за играчки продавница, има Пеком Инженеринг за мебел, па една за делови па Фото Трајче. И да прашаш некој сигурно ќе ти каже.
Барем убаво ли ги изработуваат? Поклонов треба да биде перфектен, без фушлерајски работи. И цени ако знаете? Јас следната недела секако ќе се распрашам, ама не би било лошо однапред да си испланирам паринки. Фала ви многу.
Побарај ги на фејсбук, можеш да ги прашаш таму еве ти линк http://www.facebook.com/interfotostudio ... 272732%3A5
Абе што го вреѓате штип, мош порано не е бил толку добар, ама сега сите факултети се овде и почнаа да го средуват полека полека, Ќе видите за некое време што ќе биде штип Инаку сите пробувате да направете штипска пастрамајлија џабе правете копија коа неможете со нашата да се споредите за некое време ќе го видете ШТИП ГРАДОТ ПОД ИСАРОТ
Посреден е од порано, ама нечист е како повеќето градови во Македонија. Во кафичите ефтино, убави пастрмајлии и само кај вас се најголеми и најефтини.